ТРИ ПРИЧИНИ ЗА ЉУБОВНА НЕСРЕЌА
ЉУБОМОРА, СТРАВ И РУТИНА
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Трите најголеми примери за пропаст на една емотивна врска се љубомората, стравот од загуба на партнерот и рутината, а некои знаци се позагрозени од останатите.
Сакате ли да се помирите со тоа, дека “секоја вистинска љубов е тажна” или ќе се потрудите да ги исправите недостатоците во сопственото однесување, зависи од вас. Првиот чекор, секако, е препознавање на сопствените грешки, во што се надеваме, ќе ви помогне овој текст.
Повеќето врски ги уништуваат негативните емоции на љубомора и страв, а тежнеењето кон рутината минува во досада. Колку е загрозен вашиот зодијачки знак?
ЉУБОМОРА И ПОСЕСИВНОСТ
Најзагрозени знаци
Саканата личност со љубомора ја одбиваат од себе пред сите: Овенот, Бикот, Лавот, Скорпијата и Јарецот.
ОВЕН
Тој е непресметлив
Иако се труди да не ја покажува, Овновата љубомора е како излив на вулканите. Но бидејќи живее пребрзо, обично пребавно ги согледува сигналите на опасноста. Така на пример, со години можете да успеете пред нос да го лажете со неговиот најдобар пријател, а тој окупиран со другите работи, ништо да не забележи. Повремено, за секој случај на партнерот му се заканува со казна, ако се впушти во прељуба, со што заработува бројни минуси. Ако некогаш ја открие лагата, станува непресметлив. За среќа, ако го избегне грешникот првиот излив на бес, може да биде мирен, затоа што тој брзо заборава.
БИК
Бара безусловна приврзаност
Веднаш ви советуваме припадниците на овој знак, да не се обидувате да ги прелажете, зошто инаку ќе бидете сведок на неверојатна преобразба на еден мирољубец во вистински разгорен бик. Бидејќи, освен нежности и грижи, нему пред сè му е потребна безусловна приврзаност. Но штом постои и најмал сомнеж, дека партнерот прави прељуба, се буди неговата разорна љубомора. Со својот исклучителен став од корен го оневозможува помирувањето, а потоа се чуди зошто останува сам.
ЛАВ
Од љубомората прави театар
Горд и самољубив, длабоко е уверен, дека е незаменлив, а со тоа, само по себе е разбирливо, дека само тој може да биде љубовта на вашиот живот. Но без оглед на тоа, ни лавовското его не е отпорно на љубоморните испади, коишто ги изведува, така театрално, така што би му позавидувале и најголемите артистички имиња. Значи, ако не сакате претстава, не го предизвикувајте на јавни места, затоа што е спремен на секакви спектакли.
СКОРПИЈА
Сè одмаздува стократно
Скорпионската љубомора нема граници. Љубоморен е секогаш, на сè и на секого, со тоа што сите ваши пријатели за него се потенцијална конкуренција, која како таква треба да се исфрли од вашето друштво по секоја цена. Бидејќи ако во нешто се посомнева, бидете сигурни, дека нема помирливо да стои од страна, а за секој ваш погрешен чекор стократно ќе ви се одмазди. Неговиот придружен став знае да биде многу одбивен.
ЈАРЕЦ
Го излудува партнерот со параноја
Многу ладното и задржано држење на Јарецот со ништо не го издава неговиот љубоморен карактер, па затоа најтопло ви советуваме да не се потпирате на тој прв лажлив впечаток. Односно, на неговот остро око тешко, дека нешто ќе му помине, а со својата параноична сомнежливост може партнерот потполно да го излуди. Ако пак дознае, дека навистина сте го прелажале, можете да бидете сигурни, дека секој ваш обид да се оправдате ќе биде безуспешен. Зашто тој никогаш не простува.
Останатите знаци:
Бидејќи неверството е составен дел од нивниот живот, Близнаците немаат премногу време ниту желба за љубоморни сцени, па не морате да се плашите од сериозни последици, дури и ако дознае за некој ваш флерт. Но, никако немојте да си дозволите да ве види како разговарате со некого цела вечер и притоа добро се забавувате. Тоа ќе го заболи. Често е заљубен во целото човештво, но и во одредена личност. Ниту Водолијата нема да ве оптоварува со љубомората. Сепак неговата слободоумна животна филозофија е посилна од ниските страсти. Иако ни Терезијата не пати претерано од љубоморни напади, ако ù дадете повод, секако дека ќе реагира. Веднаш ќе отиде кај поткажувачот да установи, што би можело да ве натера да гледате некој друг, кога таа е покрај вас. Толерантниот Стрелец нема да ви забранува да излегувате сами, но неговата љубомора е непредвидлива, па затоа немојте да се чудите, ако во некое кафуле одненадеж го нокаутира келнерот кој што, спрема неговиот суд, ви упатил значаен поглед. Дури и кога нема причина за љубомора, Рибата ќе го измисли. Таа ноќе воглавно сонува, како ја прелажувате и се буди целата испотена. Но, ако навистина ја прелажете, големи се изгледите, дека ќе ви прости, бидејќи важно е дека сте тука, покрај неа. Ракот повеќе е посесивен, отколку љубоморен. Тој нема да може да издржи, а да не се сомнева во секој ваш чекор, дури и кога е со вас. Ако пак посериозно се посомнева, не морате да се плашите од физичка пресметка, но бидете сигурни, дека наредниот месец ќе се капете во потоци од негови солзи. Љубомората на Девицата е ладна и подмолна. На око незаинтересирана и тоа како, таа добро знае, кога и кој ви намигнал. Но дури и кога против вас ќе собере доволно докази, ладнокрвно ќе ве остави.
МОНОТОНИЈА И РУТИНА
Најзагрозени знаци:
Саканата личност со рутина најмногу ја замараат Бикот, Ракот, Девицата и Јарецот.
БИК
Никогаш не забранува
Склоност кон стабилни и долги врски, што пружаат сигурност и засолниште често кај Бикот се претвораат во тромост и монотонија. Тешко ќе се одлучи за внесување нешто ново во врската. Строго ја почитува поговорката “Не забранувај”, дури и кога е очигледно, дека љубовта веќе прераснала во обична навика. Единствено ќе се потруди во својот љубовен живот да внесе доволно акција и динамика, со љубоморни испади. Но тоа врската уште подлабоко ќе ја поткопа.
РАК
Возбудувања меѓу четири ѕида
Ова е суштество, кое живее за љубов, романтика и дом. Непостојан, чуден и склон кон чести промени на расположение, Ракот е личност со постојани чувства, а со својата искрена емотивност, често ги оддалечува од себе оние, коишто се желни за возбудување и за авантура.
Имено, кога ќе се заљуби, со избраникот на своето срце, најдраго ќе го проведува времето помеѓу четири ѕида или во бесконечно долги ноќни прошетки, што морате да признаете дека и не е претерано поттикнувачко.
ДЕВИЦА
Романтиката брзо гасне
Во многу животни околности, Девиците побргу ќе ја поднесат монотонија, отколку да се впуштат во нешто ново и ризично. Речиси секогаш промислена и организирана, тешко дека ќе ве изненади со некој неочекуван гест, бидејќи кај неа сè е испланирано однапред. Освен тоа срцето на Девицата е под цврста контрола на разумот, па почетната романтика набрзо, ќе ја замени со рутинско искажување на чувства.
ЈАРЕЦ
Љубов во калап
Традиционални и конзервативни, најсреќни се кога можат да живеат со мирна рутина и без преголеми промени. Тие за Јарецот имаат смисла единствено, ако се со некаква цел, па така често се склони и љубовната врска да ја “калапат” во постојана форма. Со претерувањето во настојувањето сè во нивниот живот да биде во одредено време и на одредено место, често намерно го бркаат партнерот. Бидејќи, кога Јарците се во прашање, секоја случајност е исклучена.
Останатите знаци:
Секогаш нешто ново
Кога се во прашање Овенот, Близнаците, Стрелецот и Водолијата, тешко дека ќе можете да се пожалите на монотонија. Ќе ви недостасува мирниот живот заедно. Воден од постојаната желба за авантура, Овенот често запаѓа во опасни ситуации, а со тоа и вам во негово друштво, никогаш нема да ви биде досадно. Но, понекогаш и тоа ќе го посакате. Разиграни и претпазливи, Близнаците главно целиот живот не стигнуваат да доживеат монотонија. Промените за нив се насушна потреба, но ако ги нема, нема да ги зафати малодушност. Поседуваат неверојатна смисла да се забавуваат самите со себе. Стрелците, исто така не трпат рутина и статичност. Отворени и љубопитни, секогаш се спремни за поаѓање. Но, никој веќе не ужива во животните пресврти на типичната Водолија. Брзо се заситуваат од рутината, на работа или во љубовта, и секогаш со веселба и без многу размислувања тргнуваат во ново и непознато. Каприциозни и непредвидиви, ќе ви дозволат секакви моменти, но досада никако не. Лавовите не се големи љубители на промени, но не се вбројуваат ниту во оние, кои се спротивставуваат на новостите. Но, нивниот став за тоа нагло се менува со години. Во младоста имаат линија на авантуризам, а како стареат, стануваат постатични и потромави. На промислените и претпазливи Терезии им треба повеќе време да се одлучат за нешто ново. Но, поради својот дружељубив карактер, тешко дека ќе се препуштат на животната монотонија. Ако пак сте заљубени во Скорпијата, тешко дека ќе можете и да размислувате за монотонија. Со нив ќе доживеете пекол, чистилиште и рај, но здодевност – никогаш. Иако често пасивни, Рибите се доволно интересни сами за себе, а најчесто ќе најдат нешто ( некоја фобија, на пример ) со којашто ќе се забавуваат, ако партнерот им здосади.
СТРАВ ОД ГУБИТОК НА САКАНАТА ЛИЧНОСТ
Од загубата на партнерот и на саканата личност, најмногу се плашат Рибите, Ракот, Девицата и Терезијата
РИБИ
Патат од фобија на напуштање
Стравот од губиток кај Рибите, речиси се граничи со фобија. Затоа тие се подготвен на секакви жртви на самоодрекнување, па и потполно занемарување на себе, за да ја задржат саканата личност. Бидејќи нежната и чувствителна Риба, главно се заљубува на долги патеки целосно се поистоветува со партнерот. Ако оставите една Риба, ќе доживеете драматика на класична грчка трагедија, зачинета со потоци на солзи и срцепарачки закани, што обично влијаат спротивно.
РАК
Вложува натчовечки напори
Од паничниот страв да не биде оставен, емотивниот Рак ќе трпи и натчовечки напори, како би го одржал своето љубовно гнездо. Ретко, кога ќе ви предложи прекин на врска, а неиздржлива му е и самата помисла, дека партнерот би можел да направи такво нешто. Но, ако тоа се случи, со месеци, па дури и години нема да излегува од депресија, отфрлајќи го секој совет, а неговата и онака кревка самоувереност ќе се сруши, како кула од карти.
ТЕРЕЗИЈА
Секогаш подготвува резерва
Иако тоа отворено не го покажува, Терезијата многу страда од стравот, дека партнерот ќе ја напушти. Затоа секогаш ќе се погрижи да има барем уште еден “играч” којшто без размислување ќе долета, ако не дај боже, се случи “она најлошото”. “Другите” на почетокот ќе имаат улога на тешител на натажената Терезија, но набрзо сè ќе заврши со среќна љубовна приказна. Секако, со новата резервна варијанта.
ДЕВИЦА
Недостаток на самодоверба
Колку и да изгледаат на прв поглед ладни и самоуверени, сериозен проблем на сите Девици е токму недостатокот на самодоверба. Затоа, често страдаат од стравот, дека ќе бидат напуштени, и постојано бараат да им се докажува љубовта. Со оглед на таквото параноично однесување, со што целосно ја исцрпуваат саканата личност, нивниот страв од загуба изгледа дека е оправдан.
Останатите знаци:
Не се оптоваруваат премногу
Овенот нема претерано да се оповарува со размислувањата за прекин, бидејќи нема време за такви глупости. Несклон кон сентименталности и осврт кон минатото, ако му се случи такво нешто, ќе го преболи размерно и брзо. Ниту Близнаците нема да кршат глава со тоа, бидејќи животот е прекраток, а промените пожелни, дури и ако станува збор за партнерот. Можноста партнерот да го напушти Лавот е целосно туѓа и никогаш не му паѓа на памет. Бидејќи не е “готово кога е готово туку, кога ТОЈ ќе каже дека е готово.” Спротивно на Лавот, песимистичката Скорпија тешко ќе го смета таквото нешто за можно, но подобро е тоа да остане само во теорија, бидејќи инаку би можеле да станете сведок ( а и жртва ) на сите облици на деструкција и автодеструкција. Бидејќи за ништо на светот не би ја жртвувал сопствената слобода, бесмислено е да се зборува за стравот на Срелецот од раскин. Бидејќи колку и да сака, нема да му биде тешко да се вклопи во нови животни околности. Ќе биде уверен, дека некако ќе се снајде. А обично се снаоѓа и подобро од она, што се надевал. Иако чувствителната и хумана Водолија е лесно да се потресе, веста за прекинот кај неа ќе предизвика само краткотраен хаос. И таа, како и Стрелецот, ќе продолжи понатаму, како ништо да не се случило. Затоа што, најпосле, никој не е незаменлив. Сатурновата природа му наметнала на Јарецот довоно издржливост, па иако длабоко во себе страда, мирно ќе ја поднесе секоја загуба, не допуштајќи таа да влијае на неговите работни способности. Кога се животните удари во прашање, Биковите не се некои јунаци, а особено ако станува збор за загуба на саканата личност. Но, освен емотивниот стрес, којшто без сомнежи ќе го доживеат, со тоа ќе биде повредена и гордоста. Тоа им се врежува во помнење за цел живот.
Споделете