ВРЕМЕТО ЗАЛАДУВА,

ЗАБАВАТЕ СЕ СО ПРИЈАЕТЕЛИТЕ –

ГЛЕДАЈТЕ СИ НА ЧАЈ!

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

БебеНа ѕидовите на чашата – финансиски тешкотии. До дршката – неочекувани почести. На дното – неуспех во љубовта.

БокалНаскоро ќе дојде време да се веселите и да се оддадете на радоста. Избегнувајте ги излишните работи и не се оддавајте на сопствените слабости. Ве очекува пријатна средба со пријатели.

Брод Ве очекува некое патешествие. Ако бродот се наоѓа околу дршката на чашата – патувањето што Ве очекува ќе биде корисно и за Вашата работа и за Вашето семејство; ако се наоѓа на крајот од чашата, многу бргу ќе заминете на тоа патување.

Детелина Какви проблеми и да имате, с# ќе се заврши успешно за Вас.

ЕкипажВашата тајна може да биде разоткриена.

ЕленБидете спокојни, не влегувајте во спорови .

ЖенаСимбол на желбите. Надеж и страст.

Желад Успех, без разлика на потешкотиите. Ако јасно се познава – успех; ако е заматен – треба да вложите напори за да ја постигнете целт

а.

ЗамокНеочекувано наследство. Нешто многу пријатно ќе Ви се случи.

Зграда Вашите постигнати цели ќе Ве натераат да си ги промените погледите; неопходна е промена на средината.

ЗмејЛош симбол. Противник ќе се исправи пред Вас.

ЗнамеБидете внимателни, зашто некој може да Ве нападне. Дејствувајте претпазливо.

ЅвездаСреќен знак. Симболизира среќа, здравје и богатство. Ќе Ви се исполнат сите желби и надежи.

Иницијали – Означуваат луѓе со тие иницијали;  ако се наоѓаат блиску до дршката на чашата, се однесуваат на луѓе блиски или важни на лицето на коешто му се гата. Било која буква од азбуката може да се однесува на личност којашто ја знаете или набргу ќе ја запознаете.

Кајчеако е со едра – извршете го тоа што сте го планирале; ако е големо – страв од патување или промена на плановите.

КамаОпасност од загуба.

КамбанаДобри вести. Многу камбаниВажен настан. Можна е и свадба.

КаминПоканете гости, дружете се повеќе.

Капка чај Останата во чашата или на тацната значи солзи или огорчување за човекот на кој му се гата.

Кафез (голем) – Во основа значи свадба. Но, исто така и проблеми коишто силно влијаат врз Вас. Почекајте, времето ќе ги стави сите работи на свое место.

Кафез (мал, за птици) – Внимавајте колку се посветувате на своите преокупации, добро размислете пред да дадете ветување.

КвадратДобар знак, заштита од грешки и опасности коишто можат да се избегнат или да се намалат.

Клуч – Вие сте среќен човек . Пред Вас се отворени сите врати и патишта, како во личниот живот, така и во работата. Сите проблеми се разрешуваат.

Книгазатворена – не донесувајте одлуки брзо; отворена – продолжете онака како што сте планирале.

КозаНепријатни вести од некој што е на пат. Не бидете упорни и трудете се да ги избегнувате споровите.

КокошкаЌе добиете пари. Добрата интуиција и финансиските работи ќе Ви донесат успех.

КометаНе грижете се за нешто што можеби воопшто нема да се случи. Опуштете се.

Компас Заминувате на пат. Најдете си нова занимација.

КотваЗнак за успех. На високо – знак за љубов и постојаност; на страна – повеќе Ве интересира работата, отколку сексот и љубовните дружења; на дното – секој потфат ќе биде успешен. Ако не е јасно оцртана – повремени непријатности поврзани со љубениот/та.

Кошницаполна – изненадување или вест дека се родило дете; празна – ќе загубите малку пари.

КреветПотсвесен стремеж да се отпуштите и да се одморите. Сонот ќе ви помогне да заборавите на непријатностите.

КрстЌе бидете приморани да преземете нешто од суштинска важност. На дното на чашата – некои од Вашите блиски ги очекуваат големи непријатности; блиску до врвот – непријатностите набрзо ќе завршат; крст во квадрат – за брзо време ќе имате можност да се пресметате со непријателите

Круг Пари. Колку е поголем кругот, толку повеќе пари. Може да значи и успех после многу неуспешни обиди и голем труд.

КрунаУспехот ќе дојде после многу постигнувања и признанија.

Куп (нешто натрупано) Зборува за тоа дека е време добро да размислите, да размислите за советите што Ви ги даваат. Во никој случај не бидете претерано самоуверени, покажете барем малку здрав разум.

Кутијазатворена – нешто Ве тревожи; отворена – Вашата нестабилна положба за многу брзо време ќе заврши, ќе се врати способноста за комуницирање, само потсетете се на тоа дека треба да се однесувате пријателски кон луѓето што Ве опкружуваат.

Куче Имате верен пријател. На дното – Ваш пријател има потреба од помош. Глава на куче – многу Ве ценат како пријател.

Ламбаако се наоѓа отстрана – неочекувана поткрепа во тешко време; на дното – некој важен настан ќе се одложи и Вие ќе бидете разочарани; на крај – среќен настан; до дршката – наследство. Две ламби – соединување на две фирми или на две свадби.

ЛамјаВо овој момент почнете нешто ново, променете ја својата гледна точка.

Лилија (крин) – Симбол на пријателство и постојаност. Ако се наоѓа на крајот на чашата симболизира добар брак; а на дното на чашата – спорови.

Линии (паралелни) – Ве очекува пат.

Линии (брановодни) – Нерешителност, неопределеност, како резултат на влошување на состојбата; понекогаш и парични загуби

Линии (прави, коишто не се пресекуваат) – спокојство, мир, јаснотија, резултат на смислени планови.

Лисица Лага или итроштина ќе ги разрушат односите или пријателството.

Лисјамали лисја –  надежта умира последна, не бидете очајни, почнете отпочеток. Ако се наоѓаат на дното на чашата – ќе ги отстварите Вашите цели, но не толку бргу.

Лице Нови познанства.

Лопата Вашиот тежок труд ќе биде награден со голема награда и признанија.

МажНепознат маж ќе побара да исконтактира со Вас. Ако во или околу чашата има иницијал, тоа е почетната буква на неговото име.

МагареНешто неочекувано, ако е во работата – бидете внимателни.

Маргаритка (парица, бела рада) – Ве очекуваат љубов и среќа.

МаскаДобро чувајте ги своите тајни мечти и желби. Ако до маската се наоѓаат ѕвонче или цвеќе – наскоро Ве очекува веселба.

МачкаЛош знак. Некое предавство ќе Ви донесе многу непријатности. МашинаПромена кон подобро.

Месечина Симбол на почест и слава. Ако се наоѓа некаде околу дршката – Ве очекува нов љубовен роман; на дното – патување; ако  месечината е во првата четвртина – започнете нешто ново; ако е во последната четвртина – брзо превземете ги нужните чекори;  ако е прекриена со облаци – Вашите тревоги наскоро ќе исчезнат.

МетлаСе отвораат нови перспективи, нови интереси; време е за промени.

Меч Постепени промени.

МечкаПредупредување за можни опасности. Затоа останете дома.

МостОдлуката како да ги надминете опасностите што се наоѓаат пред Вас ќе се покаже правилна.

МравкиТешкотии, тешки времиња, многу работа.

МувиНепријатни моменти на коишто не треба да обрнувате внимание.

НаковалнаЗа да си ја постигнете целта ќе треба да вложите многу напор.

НастрешницаАко сте растроени и не можете да најдете место,  најпаметно за Вас е сега да заминете на патување.

Небесни телаСите значат среќа и успех.

НожЛош знак. Внимавајте на своето здравје. Не отстварувајте деловни контакти без консултација со експерти. Може да се јават недоразбирања. Ако ножот се наоѓа на дното – против Вас може да бидат упатени  судски тужби и барања за обештетување; ако со остриот дел ножот е свртен кон дршката на чашата – привремена разделба со семејството или пак промена на работното место. Ако делумно е покриен со квадрат  – ќе Ви тргне во некоја област и ќе избегнете проблеми. Вашите односи со пријателите и со љубениот/та се подложени на искушенија и пречки.

ПерницаВремето ќе донесе промени во работата или во комуникацијата со околината.

СекираМоже да се појават потешкотии. Не се оддавајте на првичниот порив. Избегнувајте ги кавгите.

СтолНеочекувани гости. Најдете време да се отпуштите.

Тркало Ќе го добиете тоа што го сакате ако работите многу. Ако тркалото се наоѓа на крајот на чашата Ве очекува зголемување на платата или добивање дивиденди.

ЧизмаАко за патувањето ви е потребна финансиска помош, ќе ја добиете. Ако планирате некакво деловно патување – ќе Ви биде успешно.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20