НА РЕФЕРЕНДУМОТ ПОРАЗ ДОЖИвЕА БЕЈЛИ,
А ФАКТУРАТА ЌЕ ТРЕБА ДА ЈА ПЛАТИ ЗАЕВ –
ИВАНОВ ГИ РАЗГОЛИ ИНДЕРЕКТНО!
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Во многу мои текстови, предупредував, дека е склучен штетен, но што је најтрагично, договор што во пракса е неприменлив. Како што кажав, на склучување на непприменлив договор, моите анализи зборуваат „дека кумуваше“ министерот за надворешни работи на соседна Грција г-дин Никос Коѕијас (кој моите анализи зборуват, дека е човек на председателот на Русија г-дин Владимир Путин), со помош на нашиотѕ министер г-дин Никола Димтров, кој имаше задача да го убеди премиерот г-дин Зоран Заев, дека договорот е одличен, да го прифати. Без разлика што такви договори не може да потпишува владата, уште помалку министеер за надворешни работи, по Уставот на Република Македонија, се случи и на место каде во македонската историја е со црни букви запишано! Јас, не знам кој му го прави протоколот на премиерот г-дин Зоран Заев и во владата, да земале од ВМРО ДПМНЕ, немаше така да им удира нож во грб! Да појдеме од трубачите во тунелот, од чистење со метла по стазата пред странскиот дипломат, по која треба да помине, па до самото склучување на договорот, кога премиерот г-дин Зоран Заев на премиерот на Република Грција, му подарува вртовска – а тој не носи вртовски. Повеќе од трагикомично – на социјалните мрежи и во дел од странскиот пречат, потпишувањето на преспанскиот договор го нарекоа „преспанска свадба“ бидејќи вакви дарови, како дел од облека се даруваат само на свадби и слични прослави. Во старт се гледаше, дека „преспанскиот договор“ е самонуштувачки за македонскиот народ, дека ќе доживее дебакл. Тоа веднаш го кажав. Многу подобро ќе беше во референдумското прашање само тој да останеше, а усно или преку реклами да се објаснува, како и во дебатни емисии, отколку во референдумското прашање што се поставија ЕУ и НАТО. Како што е познао за влез во НАТО Сообранието на Република Македонија донесе мнозинска одлука, ако не се лажам во 1993 година, а за влез во било кои од овие две организации треба посебни референдуми, по званичната покана од истите. Со вметнување на овие две организации ЕУ и НАТО во референдумското прашање, се намали кај народот поддршката за овие две организации, што и самиот председател г-дин Ѓоре Ивановц ја кажа. Доаѓањето на странски функционери и дипломати, па и самото јавување на преседателот на САД г-дин Доналд Трамп, барајќи од нашиот председател за поддршка на самоуништувачки референдуум – делуваше контрапродиктивно.
Јас, како новинар аналитичар, познавајќи ја моменталната геополитичка ситуација во светот, во вакви услови сум против влегување во овие две организации, како и во било кои организации, од таков тип. Моето мислење ќе го аргументирам со следниве аргументи. Во моментот ЕУ и САД, што значи НАТО се наоѓаат во една голема економска и воена криза. Доволно е на гугол да внесете најзадолжени земји, веднаш ќе ви излезат : 1. САД, 2. Велика Британија, 3. Германија, 4. франција, 5. Јапонија, 6. Луксембург, 7. Италија… Ќе забележите, дека Хрватска и Словенија, по влегвањето во ЕУ и НАТО влегоа во должнички кризи. Хрватска која е само дупло поголема од нас, минатата година покажа долг од 79 миларди долари, а Словенија која е иста по големина како нас 60 миларди долари. Кога освен ова задолженост, ќе се земе и падот на стандардот во Геррманија, Велика Британија, Шведска, каде е преполовен, а доноците и давачките зголемени. Од другата страна ја имате Кина и Русија, каде Кина е економска сила број еден во светот, ја поседува и Чикашката берза на САД, по што САД беше приморана својата берза да ја спојува со Британската берза. На воено поле Русија е воена сила број еден. Тоа го потврди еден од генералите на САД, кој изјави „Во моментот НАТО, заедно со САД не можат да војуваат со Русија – која е посилна од нас“! Тука треба да се земе во предвид, покрај еконмскиот, воениот сојуз помеѓу Кина и Русија, што преставува најсилен воен сојуз во Историјата, во човечки и технички борбен потенцијал. Русија е единствен земја која имаше сопствена вселенска станица, која ја изгради меѓународната вселенска станица, на која се патува со руски ракети, а во секоја смена обавезно во персоналот има еден русин. За да ви биде појасно, САД за да се одлепи од земјата купува руски ракетни мотори. Русија пред десетина години соаздаде космички сили, како и сателити „убици“. Создавање на космички сили деновиве најави и пресеателот на САД г-дин Доналд Трамп, за таа цел направија купородажен договор со Русија, без разлика што им „воведоа санкции“ во вредност од 4,5 милијарди долари. Ово не значи, дека САД ќе добијат најновата руска космичка програма, ќе добиојат надмината програма и средства.
Да не ме раберете погрешно, дека сум анти европски орентирам, ќе го аргументирам мојот став, зошто сум против влез на Македонија во ЕУ и НАТО! Со влегвање во ЕУ и НАТО Македонија ќе доживеа уште поголема должничка и демографска криза, која најдобро ја почуствува Грција, Бугарија, Хрватска, Романија, каде скоро по една третина од населениото изгубија, а влегоа во должнички кризи, одкако влегоа во овие сојузи. Да не се лажеме, со членството во ЕУ и НАТО, ниту ќе дојдат странски инвестиции, ниту Македонија ќе го зголеми стандарот, напротив ќе влеземе во поголем економски колапс. Ако го следевте интервијуто, поточно гостивањето на хрватскиот пратеник г-дин Иван Пернар на „ТВ АЛФА“, кој јасно кажа, оно што го зборува неколку години. Хрватска како членка на ЕУ мора годишно да уплаќа во европскте фондови, значи за членство во ЕУ 500 милиони евра, значи ни би требало мешто над 200 милиони евра. Исто така, се плаѓа за членство во НАТО 2 пости од БДП. Во ваква економска ситуација, Македонија ќе треба да се задолжува над 400 милони годишно за ленство во овие две организации – тука позицијата и опозицијата, значи ВМРО ДПМНЕ И СДСМ, јавно ги прашувам да ли македонската економија тоа може да го издржи. Што се однесува до инвестициите, ќе мора да ги укинеме и екомските зони, што зборува дека скоро 50 000 луѓе би останале на улица. Ќе мора да го ограничиме производството на градинарските култури, особено на виното и тутунот. Граѓаните што имаат лозови насади не ќе смеат да си печат ракија и за домашни услови.
кога е во прашање земјоделието, премиерот г-дин Зоран Заев, каде и неговите роднини имаат бизнис во земјоделито, сам си удри нож во грб – протерувајќи руски дипломат „во знак на солидарност со Велика Британија“. На социјалните мрежи излезе информации, оранжерите и фирмите на заеви 3-ри месеци не им дале плата на работниците, кои штрајкуваат. Тоа е последица на протерување на рускиот дипломат, немаше извоз во Русија, беше сведен на минимум.
Зошто не сум за членство во НАТО. Тука не е причината воената надмоќ на воениот сојуз на Кина и Русија, во прашање друга причина, напната ситуација меѓу овие два сојуза, каде Македонија би била само колетерална штета. Од тие причини, се трагикомичните изјавите на амбасадорот на САД г-дин Џес Бејли и други западни дипломати, како што е г-дин Хан, дека референдумот бил успешен, а ДИК јасно кажа „РЕФЕРЕНДУМОТ Е НЕУСПЕШЕН!“ Не е исклучено, САД да тргнат во пчајничка акција, на дестабилизација на Македонија и Србија, со единствена цел – да се блокираат рускиот гасовод и кинеската пруга, кои треба да поминуваат низ Македонија и Србија.
На крајот од текстот, би сакал да се обратам лично на г-дин Јанко Бачев, лидеот на Единствена Македонија, поточно на неговите непромислени ветувања. „Првато кога ќе дојдеме на власт ќе го прекинеме стратешкото партнерство со САД и ќе склучиме стратешко парттнерство со Русија“. Да се разбереме, јас не го подржувам стратешко партнерство со САД, кога ќе се потсетам на 2001 година, кога во нивна режија дојде до до етнички конфликт во Македонија, кога во климитизирани автобуси се извлекуваа американски и британскииндтруктури од арачиново. Но, нагло прекинување или еднострано, ќе донесе дестабилизација или граѓанска војна во Македонија, која САД би ја предизвикале. Македонија може да склучи договор и со Русија за стратешко воено партнерство, како што има со САд и Турција. Но еднострано раскинување скапо би не чинели, како и влегвање во било кој воен сојуз во моментот – би биле легтимна цел, на спротивната страна. Неговот ветување, дека веднаш ќе го повлече признавањето на Косово, кое веќе го призна мината влада е непромислен потег. Тоа би предизвикакало етнички судир и екомски би се одразило врз Македонија и Косово, па и Албанија. Повлекување на признаваењето, може да се направи само во случај на влегувљање на терористички групи од Косово, или како во 2001 косовскиот заштитен корпус.
Во моментот, не е паметно влегуваљње на Македонија во било кој економски или воен сојуз, само неутралноста и соработака со сите сојузи, економски или воени, можат да ја заштитат Македонија. Со една речиница „да не влегиваме меѓу двајца кога си ги мерат – ќе излеземе колетерална штета“! Кај мене, во моето родно село Зрновци, кое си го сакам и горд сум на него, има поговорка „Кога коњите се клоцат – магарињата одеваат“ – не би сакал да сум магаре, ниту јас, ниту мокедонските граѓани, а најмалку мојот македонски народ!
на крајот, ви предлагам да го ислушнете говорот на председателот на Република Македонија г-динЃоре Иванов, за реферерендумот, кој во некои точки од мојот текст се се совпаѓа. Свесен сум, дека неговото залагање за евроатланските интеграции е добр глума во мометот – да сум на негово место истото би го правел, изнесувајќи ги предходните аргументи. Не е време на било кого да се спротиставеме, а факт е, дека Македонија никогаш нема да го смени името, ниту пак некогаш ќе биде членка на ЕУ и НАТО! Затоа велам, послушајте го говорот на председателот внимастелно – ќе забелижите, одличен е политички играч – гол играч!
https://www.facebook.com/macedonianpresident/videos/347679989311488/
Споделете