ФАТЕН Е РУСКИОТ АГЕНТ,
ОТКРИЕНА Е ПРИЧИНАТА,
ЗА ДЕБАКЛОТ НА РЕФЕРЕНДУМ –
АПАСИЕВ ЗБОРУВА РУСКИ!
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Гледајќи ги постовите на неколку портали, кои излегоа со наслови „НАПАДОТ ВРЗ АПАСИЕВ СПРОВЕДЕН – РЕЗУЛТАТИ КАТОСТРАФАЛНИ ЗА НАПАЃАЧИТЕ“! Кога го прочитав текстот, од два портала, видов дека скоро сите се со иста содржина, но ме фати страв – јас на Југословенскиот Институт за новинарсво во Белград полагав руски и француски, но дека бев ОПШТИ СМЕР, јазиците беа само колоквиумски, не беа задолжителни, бидејќи бев во групата аналитичари! Мора да признам, ме фати страв, да не ме обвинат како руски аналитичар, го читам и разбирам рускиот, но пишувањето го подзабравив. Сепак, се утешив, кога ја видов дипломата, ми текна, дека во дипломата пишува општи смер, како насока аналитичар, не ги пишува страните јазици. Се надевам, дека колуквимските резултати од испитите на аналтичарите не ги чуваат за страни јазици.
Да се пошегуваме малку, но мора признам, се насмејав слатко, кога единствен грев на професорот по правни науки г-дин Димитар Апасиев, кој правниот факултет го завршил со чиста дестка, единствен грев што му нашле, во предметите пронашле, дека полагал руски. Тука го нашле одговорот, зошто е лидер на ЛЕВИЦА, затоа ги поднесе и преставките за укинување на распишаниот референдум и повика на бојкот. Се надевам, дека ќе се истражи и неговиот дом, не е исклучено да се најде и црвен телефон – директно поврзан со преседател на Руската федерација г-дин Владимир Путин!
Размислувам, да ли да појдам до Белград, да проверам, да ли ги чуваат колквимските резултати од полагање на странски јазици, ако може да се уништат – ЌЕ МЕ ОБВИНАТ – ДЕКА СУМ РУСКИ НОВИНАР АНАЛИТИЧАР!
Споделете