ОЧИТЕ ЗБОРУВААТ

ПОГЛЕДОТ ОТКРИВА

 Пишува: Илија Бошков- Крајнички

“Човековите очи се прозорец низ кој јасно се гледаат мислите во главата”, рекол Виктор Иго. Што с# откриваат очите за карактерот на својот сопственик? Зошто луѓето се плашат од “очи што урочуваат” и како се штитат од нив? Во што е тајната на египетскиот талисман уџат (око)? Како да научиме да ги дешифрираме погледите на луѓето со кои се сретнуваме?

Душата има очи… единствено со нив се согледува вистината”, напишал Платон. “Душата има две очи, едното го гледа времето, другото е свртено кон вечноста”, рекол Силесијус. Окото е симбол на сезнаење, на моќта на интуитивното гледање, на сегледачкиот Бог… но сепак пред се сетило за вид.

Со очите се гледа, но и во нив се гледа. Дека е во прашање посебно интересен елемент од лицето напишал и познатиот антрополог Дезмонд Морис, нагласувајќи дека скоро сите луѓе прво ги набљудуваат очите. Едно минхенско друштво за истражување на рационална психологија потврдило дека : еден просечен маж на жената најнапред и погледнува во очи, па дури потоа – градите и задникот. За да им изгледаат што поголеми и поубави очите, скоро сите жени ги шминкаат, бидејќи токму тие го изразуваат степенот на заинтересираност за она што го набљудуваме, па дури и од еротска гледна точка. Колку е интересирањето поголемо, повеќе ни се допаѓа да набљудуваме, а што повеќе и поинтензивно набљудуваме – зениците се повеќе се шират. Непостоење на интересирање или претерана срамежливост прават нашите погледи на другата личност да бидат кратки и незабележливи.

Секој од нас не умее да чита од очите на другите или барем не од очите на секој човек. Од очите може да се прочита тагата, радоста, неверството…

ОЧИ ШТО УРОЧУВААТ

Во старите времиња постоеле верувања, кои што не исчезнале ниту до нашите денови, во кои спаѓаат и оние за злите очи или очи што “урочуваат”. Така на пр. шпанскиот крал Алфонсо го биел глас дека има  многу зли очи. Во 1923 год. тој имал офивијална посета на Италија. Неколку морнари од флотата која што му била испратена да го пречека биле исфрлени од палубата; во една подморница дошло до експлозија; еден стар топ се распрснал на парчиња кога фрлал граната во чест на кралот; а еден поморски офицер со кого кралот се ракувал паднал како покосен и набргу потоа починал! Интересно е тоа што еден од познатите луѓе кој што се ужасувал од очи што урочуваат бил и италијанскиот диктатор Мусолини…

Има личности со посебно продорен и чуден поглед кои делуваат многу непријатно и тешко се поднесуваат. Таквите очи често се сретнуваат кај жените и тоа постарите. Човекот под таквите погледи се чувствува непријатно и збунето, како и попречен во своето слободно делување. Во средниот век таквите жени биле прогласени за вештерки и биле јавно спалувани. Меѓутоа, денес знаеме дека се работи за т.н. медијални способности кои ги поседуваат извесни личности во поголема или помала мера. Тие можат со своето присуство или пак со погледот да делуваат на околината спречувајќи ја во работата или пак да предизвикаат поголеми непријатности или несреќни случаи…

Изразот “зло око” е многу раширен и во исламскиот свет, каде што постои и изреката дека “злото око е причина за смрт на половина човештво”. Се верува дека се посебно опасни очите на постарите жени, на кои се посебно чувствителни малите деца, родилките, младоженците итн. Злото око се смета за одговорно и за машката импотенција и женската неплодност. Инаку личноста која има зли очи на арапски се нарекува ма’иâн, а судејќи спрема преданијата и самиот Мухамед цврсто верувал во нивното постоење.

Душата има очи… единствено со нив се согледува вистината”, напишал Платон. “Душата има две очи, едното го гледа времето, другото е свртено кон вечноста”, рекол Силесијус. Окото е симбол на сезнаење, на моќта на интуитивното гледање, на сегледачкиот Бог… но сепак пред се сетило за вид.

Со очите се гледа, но и во нив се гледа. Дека е во прашање посебно интересен елемент од лицето напишал и познатиот антрополог Дезмонд Морис, нагласувајќи дека скоро сите луѓе прво ги набљудуваат очите. Едно минхенско друштво за истражување на рационална психологија потврдило дека : еден просечен маж на жената најнапред и погледнува во очи, па дури потоа – градите и задникот. За да им изгледаат што поголеми и поубави очите, скоро сите жени ги шминкаат, бидејќи токму тие го изразуваат степенот на заинтересираност за она што го набљудуваме, па дури и од еротска гледна точка. Колку е интересирањето поголемо, повеќе ни се допаѓа да набљудуваме, а што повеќе и поинтензивно набљудуваме – зениците се повеќе се шират. Непостоење на интересирање или претерана срамежливост прават нашите погледи на другата личност да бидат кратки и незабележливи.

Секој од нас не умее да чита од очите на другите или барем не од очите на секој човек. Од очите може да се прочита тагата, радоста, неверството…

ОЧИ ШТО УРОЧУВААТ

Во старите времиња постоеле верувања, кои што не исчезнале ниту до нашите денови, во кои спаѓаат и оние за злите очи или очи што “урочуваат”. Така на пр. шпанскиот крал Алфонсо го биел глас дека има  многу зли очи. Во 1923 год. тој имал офивијална посета на Италија. Неколку морнари од флотата која што му била испратена да го пречека биле исфрлени од палубата; во една подморница дошло до експлозија; еден стар топ се распрснал на парчиња кога фрлал граната во чест на кралот; а еден поморски офицер со кого кралот се ракувал паднал како покосен и набргу потоа починал! Интересно е тоа што еден од познатите луѓе кој што се ужасувал од очи што урочуваат бил и италијанскиот диктатор Мусолини…

Има личности со посебно продорен и чуден поглед кои делуваат многу непријатно и тешко се поднесуваат. Таквите очи често се сретнуваат кај жените и тоа постарите. Човекот под таквите погледи се чувствува непријатно и збунето, како и попречен во своето слободно делување. Во средниот век таквите жени биле прогласени за вештерки и биле јавно спалувани. Меѓутоа, денес знаеме дека се работи за т.н. медијални способности кои ги поседуваат извесни личности во поголема или помала мера. Тие можат со своето присуство или пак со погледот да делуваат на околината спречувајќи ја во работата или пак да предизвикаат поголеми непријатности или несреќни случаи…

Изразот “зло око” е многу раширен и во исламскиот свет, каде што постои и изреката дека “злото око е причина за смрт на половина човештво”. Се верува дека се посебно опасни очите на постарите жени, на кои се посебно чувствителни малите деца, родилките, младоженците итн. Злото око се смета за одговорно и за машката импотенција и женската неплодност. Инаку личноста која има зли очи на арапски се нарекува ма’иâн, а судејќи спрема преданијата и самиот Мухамед цврсто верувал во нивното пос

тоење

.

Хипокефал – симбол на божјото око, старите Египќани го ставале под главата на мумијата за да го следи дух на мртвиот на мрачното патување во долниот свет.

ШТО СÉ ПИШУВА ВО ОЧИТЕ?

“Човековите очи се прозорец низ кој јасно се гледаат мислите во главата”, рекол Виктор Иго. На иста “бранова должина” биле и старите физиогномисти кои верувале дека очите го откриваат карактерот на човекот. Според нив, очите со црна боја зборуваат за истрајност и љубов кон животот, за храброста и енергичноста на нивниот сопственик. Тоа се очи на уметник, но и на визионер.

За сините очи велат дека, спротивно на раширеното верување, не се безопасни. Оние кои ги имаат се луѓе од акција, но и страствени и интуитивни личности. Повеќе астронаути од НАСА се токму – синооки. Темносините очи откриваат склоност кон поголеми идеи; голуб-синото страственост и љубомора; а сините и многу јасни очи – слабост и недоволна енергичност.

Кафените очи укажуваат на карактер свртен кон разумот и мудроста, но зад таа практичност често се кријат нежно срце и жив дух. Сивите очи покажуваат мешавина од интелигенција и реализам, сентименталност и ефикасност, интуиција и љубопитност. Се работи за урамнотежени личности, додека светлосивите очи укажуваат на нежност.

Зелените очи покажуваат постојаност и смелост, жолтеникавите– укажуваат на малициозност и реализам (во старите книги се вели дури дека и тие очи се “очи убијци”), и оние “безбојните кои зборуваат за загадочна природа.

Др. Ли Тао објавил обемна книга во која ја објаснува старата кинеска мудрост за читање на лицето, илустрирајќи со бројни современи примери дека таа и денес е многу употреблива. Како што тврди авторот личноста најдобро се чита по бојата на очите. При тоа, црните очи укажуваат на голема страст која може да биде скриена, но сепак ќе излезе на виделина. Сините очи откриваат љубовник кој с# ќе даде за својата врска. Избегнувајте темнокафени очи ако не сакате кавги бидејќи тие се знак дека нивниот сопственик е склон кон изливи на гнев. Зеленоокиот љубовник би можел да вложи премногу енергија во сензуалниот дел од односите, додека очите со боја на лешник укажуваат на личност која се посветила на барањето искрен партнер.

ТАЈНАТА НА ПОГЛЕДОТ

Др. Ли Тао во својата книга не се задржува само на тоа. Тој понатаму пишува дека личностите со големи очи често се воинствени и со раскошна природа која може да ја согори енергијата. Во нив често се кријат романтичари и сонувачи.

Малите очи пак, укажуваат на личност која што би можела да биде неверна во љубовта, токму заради потреба од нови искуства.

Французинката Жан-Елиз Алазар објавила книга за немиот говор на лицето, нагласувајќи дека колку се очите подлабоко всадени – толку личноста која што е нивен сопственик е недоверлива спрема надворешниот свет. Крупните и широко отворени очи изразувале полна приемчивост на духот, интелектуална љубопитност и остроумност, иако нивните сопственици понекогаш се склони и кон предвидување. Ако при тоа и очните јаболчници се малку исфрлени, тогаш во прашање е личност за која првиот впечаток е одлучувачки, без многу простор за размислување и анализа.

Вовлечени и затворени очи се знак за интелигентна личност со голема моќ за расудување, која сака за секоја работа добро да размисли, што понекогаш може да премине и во ситничавост. Ситни и кратки очи, откриваат личност која се плаши од стварноста и од какви било “експериментирања”, па ниту светот околу себе често не сака да го види во полно светло или да се приврзе на новите идеи.

Разделени очи можат да бидат знак работите да се набљудуваат од прилична дистанца и без чувство за детали; “збунетите” очи укажуваат на изразена моќ на концентрација, точност и нагласено чувство за реалност. Меѓутоа, тие често откриваат и личност со ограничен интелектуален простор насочени во една насока!

Др. Клаус Шварц, психолог, тврди дека и насоката на погледот при разговор открива многу. Еве конкретни примери:

  • Поглед надолу: – телесни и сексуални интереси во прв план.

  • Поглед нагоре: љубезно, добронамерно суштество кое фантазира.

  • Директен поглед: практичен реалист.

  • Погледот лута наоколу: расеан, нервозен, често и закочен човек.

ИНФОРМАЦИИ ОД ОКОТО

И ајурведа, стар индиски систем на медицината кој се применува повеќе од пет илјади години, препорачува секојдневно набљудување на очите, како фин индикатор на здравствената состојба.

Ајурведа учи дека впечатливите очи сигнализираат нарушување на тироидната жлезда, бледата рожница на анемија, а жолтата на чувствителен црн дроб. Мала  ресичка на окото укажува на слабост на екстремитетите, а ако постои бел прстен околу неа тоа е знак дека премногу се земаат сол и шеќер. Во средно доба ова може да биде и сигнал за стрес. Ако белиот прстен и изразено впечатлив и бел, тоа означува дегенерација во екстремитетите: тие ќе се кршат, а можен е и артритис. Црно-кафени точки во ресичките сигнализираат на постоење на невпиено железо во цревата…

Во последно време нагло е актуелизирана итн. ирис дијагностика, која со помош на ресичката во окото препознава разни заболувања – дури и пред да се појават нивните препознатливи симптоми, што овозможува и превентивно лечење. Др. Лариса Суканова, офталмолог, еден од претставниците на советската традиционална медицина вели:

Позади иридологијата стои вековно искуство, како и прилична научна, современа база која ја потврдуваат клинички и експериментални истражувања. Иридологијата е област во медицинските знаења која дозволува според структурата на ресичката на окото да се одреди состојбата на различни органи. По одредени знаци може да се суди за акутните и хронични процеси, собирање на штетни материи во организмот, за наследни предиспозиции за некои болести, а во извесна мера и за начинот на живот на пациентот.

При преглед на окото најнапред се констатираат структурата и составот  на јаболчниците. Густиот состав покажува виталност и добро здравје, додека разредениот сигнализира слаба и болежлива конституција. Сјајните очи се знак на добро здравје, додека матините предупредуваат на постојани болести. Кафените очи можат да бидат знак за пречки во функционирањето на органите за варење, а сините или лешник боја на лимфната конституција, склони кон запаленија и деминерализација…

Значи, очите нудат обилни информации, без оглед дали се гледа со нив… или во нив. Па, размислете малку за тоа пред да го упатите својот прв следен поглед на светот околу себе.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20