Животинскиот магнетизам на доктор Месмер
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Магнетизам или животински магметизам се нарекува својството, кон коешто тежнеат сите живо организми, постојано да произведуваат електромагнетни бранови. Интензивноста им зависи од нивната биолошка природа. Магнетизам се нарекуваат наместа и оние електромагнетни бранови, коишто треба да бидат хармонизирани и приведени во биолошкиот систем во мирна состојба. Во наше време, кога станува збор за магнетизам, обично се мисли на хипнотизаторите(магнетизаторите) доктори и екстрасенси, кои немаат медицинско образование.
Според некои источници “животинскиот магнетизам” официјално бил “откриен” од доктор Месмер во текот на 18 – от век, но уште многу пред тоа, уште древните учени ја користеле, таа туѓа власт над живите суштества.
Според Месмер редица учени луѓе се обидуваат да го објаснат овој феномен, но ниту едно сериозно истражуваење не можело да го омекне негативниот однос кон магнетизмот на претставниците од официјалната медицина.
Зошто тоа е така? Францускиот научник доктор Ив Рокар се обидел да ја обвистини идејата за постоењето на магнетните кристали својствени за магнетната сила. Магнетизаторите располагале со кристали во пазувите или во друг дел од телото. Имаат ли кристалите способност да лекуваат со помош на магнетизмот? Не. Магнетизмот се јавува, само од магнетната сила, а постоењето на кристали не гарантира за оздравување, за што е неопходен субјективен фактор.
Така на пример за Иван Дионис, само “духовното сознание” на одреден феномен има одредено значење. Во својата книга “Духовен магнетизам” тој ја брани тезата, дека рацете на докторот се јавуваат, како инструмент на вишата сила, којашто доаѓа од космосот. Тој пишува: “Пред мене се појавуваат призраци, прелетуваат некакви фигури, а јас чувствувам прилив на туѓи бранови, излачување, што нема ништо заедничко со излачувањето на електромагнетните бранови, родени од силните емоции на страсно привлечниот човек, или сликар. Таа необуздана сила, мистична по својот карактер јас ја нарекувам духовен магнетизам. Таа сила може да ја вдехне толпата, да провоцира транс, да потисне физичка болка, да пренесе одредена индивидуа во светот на апсолутната среќа.
За многу лекари “магнетизмот” се јавува со самиот пристап кон болниот, од интуицијата при определувањето на неговото заболување, од прогнозата. Кај некои лекари тоа е дарба, а кај други се раѓа после одреден тренинг. Сите луѓе во одреден степен тежнеат кон магнетизам. Тоа е многу сложена појава, којашто се јавува на одредени начини.
Тајната на методата на лечење –
на недостижниот и загадочен доктор Месмер
Во текот на втората половина на 18 – от век во Франција и високото општество се пројавил необичен интерес кон се што е страно, необично, кон новите методи на лечење и кон магнетизмот. Во текот на 1779 година доктор Франц Антон Месмер го публикувал својот прв труд “Мемоари од откривањето на животинскиот магнетизам”, кадешто на 27 места ја изложил својата доктрина. Набрзо на оваа книга ќе се повикаат сите следбеници на Месмер.
Во текот на 1776 година Месмер добива диплома за доктор по медицина ( во тоа време бил доктор по филозофија). Во Виена тој отвара кабинет по медицина, откажувајќи се во својата практика од сите видови на традиционален медицински обид. Од 1772 година тој започниува да го применува својот магнетичен метод врз пациентите.
Месмер предагал, дека постои некакво универзално течење, коешто е во заемно дејство со небесните тела и живите организми. Взаемното дејство на привлечните и на одбивните сили на таа струја (течење), според Месмер има особено дејство врз човекот и постепено проникнува во неговиот нервен систем.
Тој предлагал, дека сите болести на човекот произлегуваат од непраливлното распресдделување на потоците на тоа” течение”, насочени кон различни органи на човекот. Месмер сметал, дека врските на човекот со вселената се остваруваат на истиот принцип како взаемното дејство на магнетот и привлечените предмети од него. Таа сила на привлекување тој ја нарекувал “минерален магнетизам”. Месмер ги лекувал своите пациенти со магнети направени од неговите соработници од обсерваториумот во Виена и постигнувал блескави резултати. Речиси тој забележал, дека постигнувал ефекти на лекување и кога ги притискал болните места на своите пациенти со голи раце. Тогаш тој се откажува од магнетите и преминува од “минерален” кон “животински магнетизам”. Оној магнетизам, којшто според него суштествува во царството на животните.
За првпат слична таква експериментална терапија Месмер приложил на еден пациент Остерлаулд, активен член на баварската академија на науките и го излекувал од парализа и од потполно слепило. После тоа докторите од Виена свикале конзилиум и се одбиле да ја потврдат вистинитоста на оздравувањето. Тоа била првата конфронтација на Месмер со претставниците на официјалната медицина.
Независно од официјалното непризнавање од потсмевањата и нападите, Месмер продолжува да лекува тешки заболувања како хемиплегија (еднострана парализа), офталмија (воспаление на очите) и друго. Постепено Месмер станува почитуван и уважен. Особено неговиот углед пораснал по излекувањето на баронот Хорх, којшто го излекувал од спазми, болесет од која дотогаш не успеал да го излекува ниеден доктор.
Но независно од успесите на Месмер во текот на 1775 година Академијата на медицинските науки во Берлин публикува писмо во коешто класифицираб дека станува збор за “терапетски магнетизам”, појавен од Месмер, како шарлатанство и мистификација. Се наложува Месмер да ја напушти Виена. Во текот на 1778 година тој се населува во Париз, а во текот на следната година ги публикува своите “Мемоари за животински магнетизам”. Книгата имала особен успех кај претставниците на повисокото париско општество, што било отворено кон новите и необичните нешта. Воодушевен од блескавиот прием на книгата, Месмер го возобновува приемот на пациенти и на консултациите.
Експериментирајќи со својствата на магнетот, коишто го претставуваат магнетот, како обично поарче железо, Месмер решава, дека и животинскиот магнетизам може да се искористи на сличен начин. Тој мечтае за таа цел да ја искористи водата и го пронаоѓа својот така наречен сад на Месмер. Пациентите ги распоредувал околу садот. Магнетите заедно со смеса од железни струготини, истолчено стакло и со сулфур биле потопени во сад со вода. Сите тие компоменти взаемно дејствувале помеѓу себе со помошта на металните струготини. Нешто слично на контактни антени управувани по сопствено наоѓање, односно насочени кон болните делови на телото, коишто на тој начин образувале затворена верига (како во сите тајни општества). Преку своите раце пациентите се изложувале на взаемното дејство на потоците од електромагнетните бранови.
При слични сеанси требало да се запазат одредени услови: темна или полутемна соба, а учесниците требало да молчат и да седат неподвижно. Само Месмер можел да се движи полагајќи ги своите раце на болното место на пациентите, допирајќи ги со метална прачка. Месмер практикувал “колкетивен магнетизам” доверувајќи го ваквото дејство на нова метода на десет пациенти истовремено. Тој исто така спроведувал експерименти по индивидуален магнетизам, што пак дозволувало да се лекуваат пациенти во домашни услови. Понекогаш тој спроведувал лекување со помош на масажа, а понекогаш го употребувал својот апарат “садот на Месмер”.
Во текот на 1783-4 година, методот на лечење на Месмер станал особено модерен во Париз. Но пријателите и завидливците се стремеле на секаков начин да ги дискриминираат постигнувањата на Месмер. Факултетот по медицина на париската Академија на науките и уметностите ги забранувба сеансите на Месмер. Но Месмер имал и доста приврзаници. Општественото мнение било на негова страна, па поради тоа избил огромен скандал. Тогаш Францускиот крал Луј 14 – ти издал декрет за основање на две авторитетни комисии за изучување на месмеризмот. Во едната влегувале членови на медцинското општество, а во другата научници од Академинјата на науките. Заклучокот на двете уважени комисии гласел: “Универзален магнетски поток не суштествува”. Во една од точките на рефератот било потцртано, дека месмеризмот е штетен и опасен за општествениот морал од сексуални причини. Можно е овој заклучок да бил произлезен, поради практиката во месмеризмот рацете да се ставаат на определени делови од телото.
И така на Месмер му било забрането да го практикува магнетизмотм независно од многубројните сведоштва за неговите успеси. Месмер го напушта Париз и оди во Констанца, каде што тивко и мирно ќе живее се до смрта во 1815 година. Месмер имал многу ученици, но најдобриот од нив бил Пјупсегјур, којшто го продолжил и го развил учењето на Месмер. Во текот на 1784 година Пјупсегјур открил, дека неговите пациенти заспиваат уште, кога тој ќе ги стави рацете на определените места. Тој исто така го открил и феноменот на вештачкиот сомнамбулизам, којшто го нарекол “спазматичен сон”.
Во текот на 1843 година, англискиот хирург доктор Џејмс Бред, сакајќи да заврши со класичниот месмеризам, го заменил поимот сомнамбулизам со поимот хипноза. Подоцна прочуениот професор Шарко, одличен специјалист по неврохирургија ја користи хипнозата во своите терапетски сеанси, постигнувајќи одлични резултати. Месмеризмот толку силно отфрлан и дискредитиран од официјалната медицина, всушност се повеќе и се почесто се користи од страна на медицината во денешно време. Доволно е да се земе за пример, само взаемното дејство на магнетните и биолошките бранови, проучувано на Универзитетот “Ново Мексико” во Нов Ирак.
Споделете