Ципрас исплашен за политичката кариера, Могерини за иднината на ЕУ, јавно се закануваат – ако не се изгласа промена на името!

 Пишува Илија Бошков – Крајнички

Трагикомични ми се заканите на премиерот на Грција г-дин Алексис Ципрас и на г-ѓа Федерика Могерини. Но, што се крие зад нивните закани, од каде толкав страв ако не поминат уставните промени  – кои за македонскиот народ и Македонија се самоукинувачки. Премиерот на Грција г-дин Алексис Ципрас успеа да склучи неприменлив договор со нашиот премиер г-дин Зоран Заев, благодарение на министерот за надворешни работи г-дин никос Коѕијас (моите анализи зборуваат дека е човек на г-дин Владимир Путин, преседател на Руската Федерација). Секој добар новинар аналтичар знае, дека г-дин Алексис Цпрас е донесен на власт во Грција, благодарение на САД, фондацијата СОРОС. Неговото владеење во изминатите години беше потпомогнато со постојани кредити и помош од ММф и од ЕУ. Но, исто така е познато, дека со влезот на Грција во ЕУ и НАТО, Грција доживеа економска, но и демографска катастрофа, многу од нејзините острови продаде, пристаништето Пиреја го купи Кина, а Солунското пристаниште Русија. Ово зборува, кога ќе се земе во предвид, дека фондовите на ЕУ се испразнети, земјите членки влезени се во големи должнички кризи. Од тие причини Велика Британија, инаку втора најзадолжена земја на светот, по САД ја напушти ЕУ. Третта најзадолжена земја е Германија, која е локомотивата на ЕУ, многу аналитичари ЕУ ја сметат за современа колнија на Германија. Самото членство во ЕУ не е бесплатно. Изјавата на Хрватскиот пратеник г-дин Иван Пернар ме стаписа, кога спомна, дека Хрватска како членка на ЕУ мора секоја година во европските фондови да уплаќа 500 милиони евра, а многу мал процент се враќаат од средствата преку проектите на фондовите на ЕУ – но, што е најтрагикомично? Тие доѓаат како кредити, нови задолжувања. Тука треба да се напомене, како што реков во мнгу мои анализи Хрватска е е најзадолжена земја од поранешните републики на СФРЈ – околу 79 милијарди долг има, а само дупло поголема е од Македонија. Не треба да се заборави, дека и членството во НАТО не е бесплатно, мора секоја година да се издвојува по два проценти од БДП. Освен, плаќањето во европските фондови, ЕУ ви ја ограничува индустријата и земјоделските производи, ви кажува колку да произведувате, што зборува ве става во позиција на робови. Но, да се вратам на стравот на премиерот на Грција г-дин Акексис Ципрас и г-ѓа федерика Могерини, на што почива нивниот страв – не е „преспанскиот договор“ и промена на името. Стравот е рускиот гасовод и кинеската пруга „патот на свилата“, на двата проекта крајна цел е Унгарија, од каде би се диструирале во Западна Европа. Познато е, дека премиерот на Грција г-дин Алексис Ципрас, како и нашиот премиер г-дин Зоран Заев, дојдени се на власт со одредена задача – од ист работодавец САД, Германија и Велика Британија. Само средствата кои беа вложени во неуспешниот референдум кажуваат се. САД, званично издвоило 10 милиони долари, Велика Британија ангажирала две маркетинг агенции за референдумот, а средствата кои ги вложила Германија сеуште се кријат – бидејќи се најголеми. Со проектите руски гасовод и кинеската пруга Германија е најмногу погодена. Ќе го изгуби приматот како единствен дистрибутер на гасот, со што ќе ги изгуби и привлегиите, ќе добие голем економски удар врз нејзиниот буџет, што може да го убрза не само распадот на ЕУ, туку и на Германија, каде најбогатата германска провинција Баварија е локомотивата на германската економија, а веќе подолго време бара отцепување и формирање на сопствена држава, која ја изгубија со формирање на Германија, како заедничка држава. Неизгласувањето на уставните промени е почеток на крајот на кариерата на премиерот на Грција г-дин Алексис Ципрас, како и на Федрика Могерини – ќе следува брз распад на Еу, па и на НАТО, со проктите руски гасовод и киниската пруга “патот на свилата“. За разлика од ЕУ, овие два проекта за Македонија ќе донесат голем економски бенефит. Самиот председател на Руската Федерација г-дин Владимир Путин, спомна бројка за самото поминување на гасоводот низ Македонија, ќе добиваме околу 200 милони долари годишно, тука ќе влезат кинески и руски инвестиции. Освен пругата „патот на свилата“, Кина има и проект „вардарска долина, каде би се споиле Морава и Вардар, по воден пат роба би се пренесувала од Солун кон Србија и Унгарија.

           Заканите на премиерот на грција, ако не успеат, поточно не се изгласат уставните промени, како и на г-ѓа Федерика Могерини, дека Македонија ќе биде блокирана за влез во ЕУ и НАТО – повеќе се од трагикомични. Со уставните промени, само сакат да купат иште некој ден живот за ЕУ и Германија – кои се пред распад.

Еве ги нивните трагикомични закани, пренесани преку Алфа телевизија!

https://www.youtube.com/watch?v=eAp4jqqjKLA

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20