Владата наскоро, може да го почувствува гневот на народот. Левица повикуваат на семасовен народен отпор – кон посегнатите уставни промени!

Пишува Илија Бошков – Крајнички

По повод, незаконското отворање на уставните промени, без потребното 2/3 нозинство од 81 пратеник, како и непочитување  на волјата на народот изразена на референдумот, Левица повикува на семсасовен отпор. Како новинар аналитичар, на актуелната власт и кажувам „ово не е на арно“! За разлика од мирните протести пред 27 април, овие можат да бида радикални, да бидат искра за грѓанска војна – ГНЕВОТ КАЈ НАРОДОТ МАКЕДОНСКИ Е ЗОВРИЕН, НЕМА ДА ДОЗВОЛИ САМОУКИНУВАЊЕ! МОЈ СОВЕТ Е, ДА СЕ ПРЕКИНЕ ПРОЦЕДУРАТА ЗА УСТАВНИ ПРТОМЕНИ, КАКО НЕЗАКОНСКИ ПОЧНАТА, БЕЗ 81 ПРАТЕНИК – МНОГУ ЌЕ ЗАРАБОТАТ КРИВИЧНИ ЗА УРИВАЊЕ НА УСТАВНИОТ ПОРЕДОК! НЕ Е ИСКЛУЧЕНО ДА ЛЕТААТ ГЛАВИ НА ПОЛИТИЧАРИ!

Еве ја декларацијата на левица:

ДЕКЛАРАЦИЈА НА ОТПОРОТ

Тоа што некни се случи во Собранието на Република Македонија е само драмски чин на претставата каде тиранијата на политичките елити уште еднаш се маскираше во „демократија“! Поединците од двете криминални политички здруженија на СДСМ и ДПМНЕ, кои денеска се наоѓаат во македонското Собрание, како божемни народни претставници, после неуспешниот Референдум за „Северна Македонија“, веќе не се легитимни да одлучуваат за промена на уставното име на Републиката спротивно на народната волја.

Политичката корупција не може да произведе правовалидни одлуки кои ќе го обврзуваат народот! Корумпираните пратеници, заради своите криминални досиеја, се подложни на уцени и поткупи што дополнително ја саботира нивната политичка способност да можат независно и, во согласност со волјата на народот, да носат легитимни одлуки во Собранието на РМ. Македонија е заробена држава во нивниот пеколен круг, а заткулисните антидемократски игри на двете политички орди му служат на еден ист господар – капиталот и парите.

Тие глумат спротивставеност, но кога доаѓа време за спроведување навазалните одлуки на нивните империјални господари, што народот изрично ги одбил, овие структури – преку заемна заштита и зад затворени врати – ја кројат судбината на народот, по теркот на окупаторот. Затоа, веќе немаат смисла никакви повикувања на владеење на правото и утврдените стандарди и процедури, оти оваа одметната владејачка гарнитура ги има впрегнато сите власти под своја контрола и со политичките противници се справува користејќи го апаратот на државната принуда и репресија.

Поради ова, повикуваме на масовен граѓански Отпор против сите инволвирани во оваа уставно-политичка криза и нејзино идно надминување преку ултимативно исполнување на следниве барања:

  • Безусловно суспендирање на противуставната и илегална владина иницијатива за промена на Уставот на РМ и поништување на отфрлениот т.н. „Преспански договор“;

  • Итно распуштање на парламентоти закажување на предвремени парламентарни избори;

  • Формирање преодна техничка владасо ограничен мандат единствено за спроведување фер и демократски избори.

Политичката партија Левица најавува дека во иднина се враќа на улиците и ќе ги искористи сите парламентарни и вонпарламентарни начини на политичка борба, со цел враќање на киднапираниот суверенитет на народот! Обзнануваме дека во секоја наредна фаза на гласањето на контроверзните уставни промени ќе бидат организирани масовни антивладини простести под мотото#НароднаСамоодбрана, пред законодавниот дом, во кој седат гробарите на АСНОМска Македонија!

Секојдневни радикални политички акции, во координација со сите засегнати политички чинители кои се против промена на уставното име, ќе бидат систематски преземани низ територијата на целата Република.

Ги повикуваме сите прогресивни сили да ни се приклучат кон движењето, сè до конечната победа.

Кога неправдата станува закон, Отпорот е наша должност!

Президиум на Левица

С к о п ј е,  20 октомври 2018

Ево го линкот на нивната веб страна, каде се повикува на сеемасовеннароден отпор. https://levica.mk/2018/10/21/deklaracija-za-otpor/?fbclid=IwAR0ydopYwaqroR1qsGRMOHrXxI3FAnO8LLfyESPxsiShm8dlO8PNH5IBIU8

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20