Бојата на косата го открива карактерот!
Пишува. Илија Бошков – Крајнички
Зависноста на карактерот од бојата на косата се смета за суеверие, иако често може да се чуе дека блондинките се наивни и не се одликуваат со интелигенција, бринетите се агресивни проклетии, а црвенокосите можат да Ве урочат. Ништо чудно, зашто бојата на косата и карактерот се тесно поврзани со нашето восприемање на луѓето.
Понекогаш, шокирајќи ги другите, некои луѓе носат боја на косата која воопшто не им прилега. Но ако имаат потреба да ги обојат косите во виолетово, зелено, сино… тоа значи дека нешто таинствено се крие во таа боја, нешто што им недостига во животот во определен момент…
Да се обидеме да дознаеме за што говори бојата на косата.
ЗЛАТНА ИЛИ СВЕТЛА КОСА
Златната коса отсекогаш била предмет на обожување и поклонение, боговите биле сликани со златни кадрици. Таа боја отсекогаш била симбол на сонцето и на убавината. Жените во Стариот Рим се обидувале да ја сменат бојата на косата со ставање ореови лушпи и лисја од дрва во неа, а старогрчките убавици минувале долги часови на силните зраци на сонцето, за да им изгорат косите и да им станат посветли.
Блондинките биле величани, посакувани и барани. Нивната основна одлика им е повредливоста. Тие поседуваат зголемена ранливост и висока емоционална воспремчивост; тие посилно ги чувствуваат вибрациите на околниот свет отколку луѓето со друга боја на косата. Блондинките се способни да сакаат предадено и безусловно, препуштајќи му се целосно на тој што го сакаат. Често им е својствена невозвратената љубов. Тие можат да живеат за интересите на саканата личност, откажувајќи се од с#. Раскинувањето на врската за тие луѓе е трагедија, крах, катастрофа, после која тешко се соземаат. И колку посветла е нивната коса, толку посилно се пројавуваат нивните квалитети.
Обично и мажите и жените од овој тип носат долги коси. Тоа го дополнува нивниот романичен израз. Но русокосите луѓе кои се кратко пострижани, особено жените, се агресивни и опасни. Кусата светла коса е показател на заблуди и активни дејства. Во љубовта таквата дама е крајно опасна: потстрижаните русокоси се разгалени, лесно вљубливи и и лесно може да паднат во конфузија. Тие лесно се идентификуваат со оној кого го сакаат, но при тоа се способни да се одмаздуваат за навредата. За мажите тоа е вамп-жена, а за жените опасна соперничка.
Ако човекот (независно маж или жена) ја обои косата во светла боја, му недостига префинетост, елеганиција и желба целосно да се предаде на процесот.
ЦРВЕНА КОСА
Црвенокосите отсекогаш ги сметале за чудни – различни од останатите. Црвенокосите во минатото честопати биле обвинувани дека се вештерки, и тоа е своевидно признание дека црвената боја на косата е одлика на луѓето надарени со неверојатно силна енергија.
На тие луѓе не им е лесно во животот. Им недостига мир, цврстина и важност. Тие никогаш не можат целосно да му се предадат на кој и да е: за тоа е неопходно време, а време нема. Црвенокосите се барани насекаде, се стремат да успеат да направат с# и истовремено, но најчесто завршуваат со целосно согорување и умор. Откако ќе си ги повратат силите, повторно тргнуваат во бој.
Во љубовта црвенокосите пламтат, горат и согоруваат во пламенот на страста. Тие можат да горат долго, но кога ќе согорат – крај. Невозможно е повторно да ги возобноват односите, зашто црвенкосите зад себе ги “уриваат сите мостови”. Ако црвените коси се доги, нивниот сопственик “пламти” без разурнувања, неговата страст е креативна, намерите се позитивни. Тој е настроен кон барањето нешто ново во разумни граници. А онаа личност која е кусо потстрижана, особено ако е жена, е приврзаник на крајности. Нејзината страст ќе го изгори секој што ќе & се доближи, а најмногу ќе согори таа самата.
Ако човек ја обои својата коса во црвено, тоа е знак дека се стреми да стане поактивен и поагресивен. Сака да ја испита бездната на фаталните страсти. Колку посилна е црвената боја, толку посилно се пројавуваат тие квалитети.
ТЕМНА ИЛИ ЦРНА КОСА
Црната коса е привилегија на шаманките. Тие удираат во дајрињата, повикуваат духови и умеат да го разберат јазикот на животните. Кога ќе се каже дека косата е црна како крило на гавран, се има предвид дека прародителот на тие луѓе е црниот гавран – моќна птица во магиите на различни традиции. Суеверијата ги нарекуваат црнокосите луѓе недобронамерни, но со добро здравје.
Темнокосите луѓе се мисловни и интелигентни. Кај нив поприсутна е здравата смисла и расудувањето, тие се лишени од неразумноста на црвенокосите и импозантноста на златокосите. Подготвени се да работат за да се изборат за место под сонцето и често се надарени со големи амбиции. Гледаат трезвено на животот и постигнуваат многу. Можеби токму затоа “расудувачката” боја на косата е многу присутна. Колку потемна е косата, толку посилно се изразени особеностите на црната коса.
Во секој однос тие луѓе го бараат разумниот момент. Тие се вљубуваат само во перспективни партнери, може да ги поддржат љубовните односи зашто им е потребен статус во општеството. Во исто време тие се предадени, совесни и способни за долготрајни и спокојни чувства.
Долгокосите бринети и бринетки можат да имаат голема амбиција да ја искористат привлечност за постигање на свои цели. Додека тој или таа “не ве запознаат поодблизу” нема да Ве примат на работа.
Кусо пострижаните бринети и бринетки речиси не се опасни – тие се најпријатните од темнокосите луѓе. Тие активно се движат кон својата цел, работат и си имаат свое семејство, не живеат во широчина, често ја собираат косата и ја обојуваат во друга боја за да го сменат својот имиџ.
НЕОПРЕДЕЛЕНА БОЈА
Кај оние луѓе кај кои не може да се определи дали бојата на косата им е руса, пепелава, костенлива… карактеристиките им се пројавуваат многу меко и се дополнуваат една со друга. Таквиот човек не е наклонет кон компромиси, многу е пластичен психолошки и е господар на својата судбина. Над него немаат моќ суеверијата, тој не верува во пророштва и минува низ животот потпирајќи се само врз своето мислење.
Споделете