МЕСЕЧИНСКИ ИНТЕРЕСНИ ПЕРИОДИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Сигурно е дека сите знаат дека Месечината кружи околу Земјата и дека целата ја заобиколува во период од околу 28 дена. Секој може во календарот да ги види Месечевите фази, како и зодијачките знаци низ кои поминува, исто така може да се види дека Месечината во овој период од 4 недели поминува низ сите 12 знаци на Зодијакот. Меѓутоа, помалку е познат фактот дека секој пат кога минува од еден во друг знак, Месечината минува низ период познат под името “празен од”. Ова име е избрано поради тоа што Месечината, астролошки и фигуративно гледано, “не прави ништо” во периодот од својот последен главен аспект, па се додека не стигне во следниот знак.
Овој празен од на Месечината е период на колебливост, нерешителност, несигурност, а пред с# обилува со чудни збиднувања, нешто слично како ретроградниот период на Меркур. Со оглед на тоа, не е чудно што многу астролози овој период го нарекуваат “интересен период”, токму поради тоа што Месечината тогаш “не прави ништо” од с# она што е астролошки поврзано со неа, сите они збиднувања кои се припишуваат на влијанието на Месечината се во застој или во некој вид стагнација. Со еден збор, некои работи не се движат по вообичаениот тек се додека Месечината не стигне во следниот знак, односно да го создаде следниот аспект.
Значи, од моментот на својата последна конјункција, секстил, квадрат, триаголник, или опозиција која Месечината ја прави во одреден знак, па се додека не влезе во следниот знак, Месечината се наоѓа во “празен од”. Паралелите, контрапаралелите, полусекстилите, квинтилите, полуквадратите, или други помали аспекти во оваа калкулација не се вбројуваат. Во овој период на празен од малите аспекти одвај можат да влијаат на промената на оваа состојба на своевидна празнина.
Во периодот на празниот од на Месечината не се препорачува никакви промени, ниту склучување договори, потпишување документи, започнување нови проекти, нити тргнување на важни патувања – истите препораки кои важат и за ретроградниоит период на Меркур. Без својот личен хороскоп никој не може да биде сигурен кои одлуки би требало да ги избегне, ниту каков ефект би имале тие одлуки на вашиот живот или животот на луѓето околу вас. Сепак, можеме да ви посочиме барем некоја идеја за атмосферата која го следи периодот на празниот од на Месечината, со оглед дека тој се јавува кај секој знак, и така донекаде ги објаснува можните околности кои можат да ги следат настаните.
ОВЕН: Натпреварувачкиот дух станува уште понагласен. Сепак, не се оптоварувајте себеси со фактот дека другите се можеби посамоуверени или посредени од вас. Доволно е дека вие од ваша страна сте направиле с# што треба и бидете сигурни дека и тој ден ќе помине во најдобар ред.
БИК: Можни се помали неволји со пари или при воспоставување авторитет. Ќе ги изгубите картичката или чековите, но веројатно подоцна ќе ги најдете на место каде најмалку сте очекувале. Или токму во моментот на плаќање ќе сфатите дека ви истекла важноста на картичката. Каде да се наоѓате или било што да работите, ќе се појават мали непријатности со привремен карактер, но вашето трпение ќе биде ставено на помал тест.
БЛИЗНАЦИ: Упатствата и наредбите кои ги добивате од другите можат ним да им се чинат совршено јасни, но за вас се крајно збунувачки. Претпоставениот постојано ве прекинува во налетот на идеи, или добивате совет кој не е добредојден, од луѓе кои немаат поим со што се занимавате, напредокот се одложува, и единствено ефикасно решение е внимателно собирање на релевантни податоци и нивно повеќестрано проверување.
РАК: Семејните тајни излегуваат на виделина. Роднините едни на други си држат лекции, понижувајќи ги останатите членови на семејството. Родителите делат совети на децата или на пријателите, без оглед дали тоа некој го бара од нив или не. Домот, инаку мирен дел, станува опасно жариште на борба, после некој недобронамерен совет. Ова е воедно и неповолно време за почеток на примена на нови медицински терапии.
ЛАВ: Неверојатна количина на забава и игра. Канцеларијата се претвора во смејалница и пријатно место за разговор и забава. На несреќа, се појавува намуртениот шеф со прашање “Зар никој нема што да работи?” Неповолен момент за толкување на службените документи, купување на фирма или за отврање на нова производна линија. Лавот е владеачки знак, но сепак не смее да мисли дека ако шефот се опуштил и нему тоа му е дозволено.
ДЕВИЦА: Зголемена склоност кон критикување на с# и секого, но сепак подобро почекајте за да се уверите дали сте во право. Ако сте во ситуација нешто да разделувате, водете сметка каде што оставате, бидејќи најверојатно подоцна ќе ви се случи безуспешно да трагате по деловите. Погрешни луѓе ќе слушнат некој доверлив разговор што може да влијае многу работи да тргнат наопаку.
ТЕРЕЗИЈА: Јавното излагање од било кој вид наидува на препреки. Тоа не треба да се толкува дека луѓето не се заинтересирани за она што го работите, туку дека некој настан временски се поклопил со вашето појавување. Во воздухот лебдее некоја весела, по малку интересна атмосфера. Искреното дипломатско однесување ретко донесува резултати, кои првобитно биле очекувани.
СКОРПИЈА: С# оди наопаку, а вие како да наслушнувате работи кои се од важност за состојбата во која се наоѓате и за вашите чувства во врска со тоа. Можно е дека некој ќе го оспори вашето право на некој имот. Само трпение и с# ќе се разјасни.
СТРЕЛЕЦ: Се чувствувате непобедливо, иако тоа се коси со сите закони на логиката, бидејќи сите можни препреки се појавуваат на вашиот пат. Тоа, всушност, е привремено, но сепак вашето трпение ќе биде ставено на испит. Нетрпението и збунетоста само би го зголемиле хаосот и недоразбирњето, и затоа воздржете се!
ЈАРЕЦ: Неконтролираниот тек на настаните, кој особено фрустрирачки делува на Јарците, кои важат за авторитативен знак, на кој контролата никогаш не му бега. Немојте да се обидувате да се носите со овие променливи околности, иако имате силна желба да ги приспособите кон себе. Во обидот настанатите и околности да ги потчините на својата волја, можете да испаднете смешни. Обрнете внимание на мислењето на јавноста. Вашата дефиниција за реалност, до некаде е разнишана, бидејќи се појавиле нови и поинакви вредности.
ВОДОЛИЈА: Не успевате да се соочите и со наједноставниот проблем, ниту со оние кои го создаваат проблемот, но не ги сфаќате ни оние кои се обидуваат да најдат решение за проблемот, кој бара итно решавање. Дури и добронамерните совети и предлози се примаат со воздржаност.
РИБИ: Палавоста и веселото расположение можат да и избегаат на контролата.Во текот на веселиот разговор ја снемува папката со доверливи докумнети, а некои важни податоци погрешно се внесени. За да успеете да излезете на крај со овој “интересен период”, пред с# бидете обѕирни и ниту една ситница не ја губите од вид. Сега е лесно да заплачете, додека подоцна своето доживување ќе го прераскажувате како урнебесна анегдота.
Споделете