ТЕСТ: Имате ли среќа во животот?
Подготвил: Илија Бошков – Крајнички
Сигурно некогаш сте се запрашале зошто на некои луѓе с# што ќе замислат им се отстварува и секогаш си ја постигнуваат целта, додека пак други жнеат неуспеси до крајот на животот? Што да се стори за да Ви се насмее среќата и за да можете да постигнете барем половина од она по коешто мечтаете?
Доколку често си задавате прашања од овој вид, можеби овој тест ќе Ви ги даде вистинските одговори.
-
Во непознато друштво некој, погодувајќи колку сте стари, кажува помала возраст. Како ќе реагирате:
а) Ќе го прифатите тоа како комплимент;
б) Ќе си помислите дека можеби точната возраст ја знаел, а намерно не ја кажал;
в) Ќе се пошегувате дека сте доволно умна за својата возраст;
г) Нема да обрнете внимание на тоа.
-
Во какви редици најрадо застанувате:
а) Таму каде што има ведри луѓе со коишто ќе може да се запознаете;
б) Воопшто не застанувате во редици, па затоа одите на друго место каде што ќе може да испазарувате побрзо;
в) Постојано налетувате на редици во кои стоката што се продава ќе се потроши токму пред Вие да дојдете на ред;
г) Онаму каде што на касата има сонлива касиерка.
-
Кога дома ѕвони телефонот, и Вие ја кревате слушалката, првата работа што ќе ја кажете е:
а) Слушам;
б) Ало;
в) Здраво;
г) Да.
-
На што помислувате кога ќе го чуете зборот „спорт”:
а) Здравје, крепкост;
б) Набиеници и повреди;
в) Тешки тренинзи;
г) Победи, награди.
-
Што ќе направите за да се спасите од агресивен обожавател:
а) По којзнае кој пат ќе го одбиете;
б) Ќе измислите некое оправдание што не можете да му одвоите време;
в) Ќе му предложите да излезете во некоја друга прилика – но не затоа што тоа го планирате, туку за да го „откачите”;
г) Агресивно ќе му се заканите да Ве остави на мир.
-
Како се однесувате ако на Вашата пријателка не & се допадне некое ново парче од Вашата гардероба:
а) Нема да обрнете внимание, важно е Вам да Ви се бендисува;
б) Ќе се изнервирате;
в) Ќе си речете дека таа само Ви завидува;
г) Ќе почнете да ја убедувате дека наскоро сите ќе почнат да одат облечени како Вас.
-
Кога јадете намачкана кришка леб, и таа Ви паѓа, тогаш паѓа:
а) Со намачканото горе;
б) Секогаш ја држам цврсто и никогаш не ми паѓа;
в) Со намачканото доле;
г) Не ми е гајле како паѓа.
-
Би сакале да личите на:
а) Барбра Стрејсенд;
б) Настасија Кински;
в: Деми Мур;
г) Мерилин Монро.
-
Се обидувате да уфрлите топче хартија во корпата за отпадоци. Каков е резултатот:
а) Колку и да се обидувам, не успевам да погодам;
б) Еднаш од десет пати ќе погодам;
в) Успевам уште од првиот пат;
г) Нема ни да се обидам, знам дека нема да успеам.
Сега видете колку бода носи секој Ваш одговор, па соберете ги за да видите во која група припаѓате и што би требало да правите во иднина:
Бодирање на одговорите:
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
8 |
9 |
|
а) |
1 |
4 |
2 |
3 |
3 |
3 |
4 |
3 |
2 |
б) |
3 |
3 |
1 |
1 |
4 |
1 |
3 |
1 |
3 |
в) |
4 |
1 |
4 |
2 |
2 |
2 |
1 |
4 |
4 |
г) |
3 |
2 |
3 |
4 |
1 |
4 |
2 |
2 |
1 |
Резултати на тестот:
Од 36 до 30 бода: Слободно може да се каже дека с# во животот Ви врви релаксирано, и во с# успевате од прв пат. Но, не смеете да заборавите дека сепак с# зависи од Вас. Сепак, верувајте во успехот и настојувајте да останете весели и релаксирани во секоја ситуација, па дури и во оние посебно тешките.
Од 29 до 20 бода: Благодарение на својата упорност и на трудољубивоста честопати сте успешни, и покрај тоа што понекогаш има малку непријатни периоди на неуспех. Но, понекогаш целата работа пропаѓа поради Вашата претерана самоувереност и тврдоглавост. Обидете се да бидете подипломатични и ќе видите дека работите одеднаш ќе почнат полесно да Ви одат од рака.
Од 19 до 13 бода: Претерано сте се отпуштиле, а и некако работите ги водите во неправилна насока. Застанете и подразмислете зошто постапувате како што не треба. Со овој ритам не можете да се ориентирате и да увидите правилно што се случува околу Вас. Обидете се да си ја смените тактиката – и тоа целосно!
Под 12 бода: Претерано сте агресивни и нетрпеливи, и навистина не треба да им завидувате на оние на коишто им оди подобро отколку на Вас. Преиспитајте си ги од корен позициите на коишто сте сега и обидете се да разберете што се случува со Вас и околу Вас – и, впрочем, зошто работите стојат вака! Немојте да очајувате ако нешто не Ви оди во животот. Подобро само насмевнете се, извлечете поука и обидете се да почнете отпочеток. Наскоро ќе Ви тргне.
Споделете