За македонците, што поседуваат бугарски пасош со адреси од софијски гробишта, задушница е – да испиеме една чашка ракија и за нив!
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Прилогот на „Тв алфа, за скандалот во Бугарија со издавање на пасоши, кој Бугарија ја тресе, не ме изненади многу. Познавам многу македонци, особено во источниот крај на Македонија, како и во Кочани и моето родено село Зрновци (ба кое сум горд и го почитувам), меѓу нив имам и блиски роднини (јас не поседувам, ниту некогаш сум поднел такво барање). Бугарски пасоши се вадеа 99 проценти од економска причина, за работа во странство, особено во ЕУ. Но, со добивањето на безвиснскиот режим, ово се запре, се намали, бидејќи и со македонски пасош можат да работат.
Новинарскиот видео коментар на „Тв Алфа,ме натера вечерва да се насмејам добро. Се работи за информацијата, дека многу македонци што добиле бугарски пасоши, адреси им се наведени од градските гробишта во Софија, во Бугарија. Веројатно, во адресите на овие македонци, наведена е и парцелата!
ИЗМИНАТИТЕ ДВА ДЕНА Е ЗАДУШНИЦА – ДА ИСПИЕМЕ ЕДНА ЧАШКА РАКИЈА ЗА “ВОСКРЕСНАТИТЕ МАКЕДОНЦИ“!
Еве го прилогот на „Тв Алфа“!
Споделете