12 МАГИЧНИ ДЕНОВИ ЗА ПРОМЕНА
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Разбудувајќи се наутро на својот роденден, можеби и не претпоставувате дека дошло времето за малку магија во Вашето секојдневие. Но од овој, не премногу долг период, во голем степен зависи следната година од Вашиот живот.
Се разбира, основата на случувањата е определена порано: дом, деца, семејство, професионален живот… Но, емоционалните карактеристики на Вашиот живот и други сродни случувања во текот на целата следна година се одредуваат во наредните 12 денови, вклучувајќи го во овој период и Вашиот роденден.
Денес речиси сите имаат астролошки предзнаења, па затоа не е неопходно да Ве потсетуваме на зодијачкиот круг и неговата поделба на 12 соѕвездија, коишто соодветствуваат на поделбата на годината на 12 месеци. Сигурно веќе сте забележале дека магичните денови се совпаѓаат со бројот на месеците во годината и знаците на зодијакот.
И навистина, тие 12 денови по роденденот можат многу да ни помогнат да го програмираме својот живот. Тоа воопшто не е штетно, не влијае негативно на другите луѓе, не е суеверие, ниту пак е некаква виша наука. Тоа е Вашиот живот. Излегувајќи на улица, ние ги почитуваме правилата на уличното движење, во спротивно може да станеме жртва на несреќен случај. На ист начин, ако не ги знаеме правилата на сопствениот живот, ризикуваме да се најдеме во непријатни ситуации.
Основата на животот на човекот е положена во моментот на неговото раѓање; таа може да биде објаснета според положбата на планетите, светилата, ѕвездите, степенот под којшто тие се среќаваат. Потоа започнува нашиот живот и во него има моменти кога можеме да влијаеме на редоследот на случувањата, т.е. да си избереме пат. Еден од тие моменти е роденденот. Дванаесетте дена после роденденот соодветствуваат на дванаесетте месеци на годината, започнувајќи од денот на раѓањето. Во тие 12 дена се отсликува целата следна година. Освен тоа, тие денови во себе ја носат карактеристиката на дванаесетте знака на зодијакот, започнувајќи од Овенот па до Рибите.
Астролошки, Сонцето го покажува нашиот надворешен живот, личност и начин на самоизразување и нашата творечка сила. Така, на денот на нашето раѓање започнува новата година на нашиот надворешен живот, на нашиот контакт со надворешниот свет и влијанието на околината.
Првиот ден – првиот месец е Вашата појава како личност.
Вториот ден – вториот месец е Вашата материјална состојба.
Третиот ден – третиот месец – тоа се контактите на човекот, неговото најблиско опкружување.
Четвртиот ден – односно, како што досега објаснивме, четвртиот месец е сферата на домот, почетокот и крајот на работите.
Петиот ден е одговорен за задоволствата, реласакцијата и децата.
Шестиот ден е одговорен за заболувањата и условите за работа.
Седмиот ден се надворешниот свет, бракот, познатите непријатели.
Осмиот ден одговара за кризи и тајни дела.
Деветтиот ден се кариерата, образованието, религијата и филозофијата.
Десеттиот ден е ден на професијата, управувањето, успехот.
Единаесеттиот ден е поле на пријателите и на исполнувањето на желбите.
Дванаесеттиот ден се однесува на болници, таинствени пријатели, пречки и блокади.
Ако, на пример, сте Терезија, можни опасности за здравјето носат првиот месец (октомври), шестиот (март), осмиот (мај) и дванаесетиот (септември). Овие влијанија можат да се засилуваат и ослабнуваат, а астрологот може да направи детална анализа на сите циклуси.
Во домашни услови можат да се превземат само минимални неопходни мерки. Ништо не ни пречи во текот на 12 дена по роденденот да се придржуваме кон извесна хигиена на мислата и постапките, така што преку годината тие ќе пораснат и ќе дадат плодови коишто израснале од семето посеано во магичниот период. Ако сакате, на пример, да создадете семејството или да го зацврстите, во седмиот ден направете чекор во таа насока: поставете му прашање на саканиот, медитирајте во таа насока… Ако сакате да напреднете во професијата, задолжително концентрирајте се на неа во десеттиот ден…
Споделете