Кочанчани, поранешни сограѓани, претеравте со скарата, го загадивте градот! (видео)
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Мора да признаам, актуелниот градоначалник на Кочани Николчо Илиев ме изненади со неговото открите! Открил, дека причинаа за загадуваето во Кочани било палењето на скари. Почна совеста да ме грижи! Без разлика што сум новинар по вокација, што бев поранешен дописник на многу списаниа од поранешна Југославија и новинарска агенција, имав и сопствен медијум од 1995 до 2013 година, во Кочани редовно вработен бев во угостителство. Хонарен дописник бев (не бев подобен) – немаше новинарска работа во тоа време (на СФРЈ), во Кочани за замене. Како вработен во угостителство сум работел како конабар, на шанк, на рецепција, но и во кујна. Што зборува, работејќи во кујна и самосталните угостетелски објекти на фирмата, сум се наполнил со гревови палеќи ја скарата – сограѓаните сум ги труел.
СЕ НАДЕВАМ ПОРАНЕШНИТЕ СОГРАЃАНИ КОЧАНЧАНИ, ЌЕ МОЖАТ ДА МИ ПРОСТАТ!
Споделете