Историјата се повторува, многу пастири ни дојдоа во септември, како предвесници на предвремени избори!
Пишува: Илилја Бошков – Крајнички
Драги пријатели, утрово од фејсбук ми стаса потсетување спомен текст што сум го постирал на 8 ноември 2015 година. Вреди внимателно да се прочита, бидеејќи посетите на западните функционери пред референдумот, можат да бидат предвесник за предвремени избори, по дебаклот на референдумот. Се повторува политичката состојба од 2015 година. Од тие причини, без да има потреба од корекции, повторно го постирам текстот, овојпат на мојата веб страна, од таму на мојот профил, двете мои страници на фејсбук, како и во мојата група, но и во други 20-ина групи, каде други ме зачлениле!
Еве го текстот во целост:
Илија Бошков Крајнички
08 ноември 2015 ·
НА МИТРОВДЕН ПАСТИРИТЕ СИ ЗАМИНУВААТ!!!
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Драги, пријатели, во неколку текстови спомнав дека сум роден на село, село кое си го сакам и почитувам – село Зрновци. Се сеќавам, како дете, во нашето село, се „цанеа“. Во моето село Зрновци, овој збор означуваше се примаа и се правеше договор со пастири за чување на стоката. Обично тоа беа млади момчиња: говедари, овчари… Преку зимо мнгумина крупната стока ја пуштаа во планината Плачковица. Момчињата се пазереа за работа од Ѓурѓовден до Митровден – до денешниот ден. Веројатно се прашувте, зошто ово го спомнувам. Овој адет од моето село, годинава се случи на политичка сцена во Македонија. Нашите лидери, не можејќи да најдат заеднички јзик, почнаа„како магариња да се клоцат“, предизвикувајќи ја меѓународната заедница, да ни прати пастири, да се смирт, да се договорат политичарите – партијските лидери. Ако помнењето уште ме служи, некаде во мај започна притисокот, а во јуни се потпиша првиот договор од „пржино“. Вчера дојде до конечен договор од двата потпишани договори во јуни, ако не се лажам и во август. Останува да се спроведе потпишаното, со што пастирите, од вчера, поточно од денес се слободни. Од време на време ќе доаѓаат да проверуваат, да ли и колку се спроведува договореното. Ово ме потсетува, на моите селани, кои во зимските месеци, ја пуштаа стоката во планината, од време на време одеа, да видат да ли се на број, да ги нахранат. Политичката криза која беше предизвикана со не признавањето на резултатите од изборите, од страна на опозицијата, поточно на СДСМ, со аферите „пуч“ и „прислушкување“. Пастирите од меѓународната заедница што го чуваа стадото „политичко“ заминуваат. Но, тие ќе продолжат да доаѓаат, да проверат, некој од стадото да не се изгуби, да не го нападнат волци или други животни: „обвинители, судии“. Но, не треба да се грижат, бар до пролетта, македонски пастири „адвокатите“ ќе вложат напори да ги сочуваат, до изборите. По изборите, кои се на пролет, кога стоката ќе се прибере од планината, ќе се види колку се отелило и ојагнило, колку за Ѓурѓовден ќе бидат принесени за колење, а колку повторно ќе продолжат да пасат. Колку и кој ќе биде на „државни јазли“. Ако помнењето добро ме служи, стоката од планината, се враќаше секое кај стопанот, враќајќи се во старите легла, послани со свежа слама, во чисти простории – до следната зима (избори). Стоката која нема да се врати, нивното место го зазимаше ново отелени или ојагнети, а во многу случаеви се носеше друга стока, на нивните места. Драги пријатели, следната година, на Ѓурговден, ќе ја преброиме стоката која ќе се врати на своите места, или ќе залута, ќе го смени леглото. Некои од стопаните, ќе ги продадат, некои ќе одат на колење. Кај нас во село на пролет се колеа: „овци, јагниња и телиња“, а зиме „свињи“, кои по ѓурѓовден се колеа. Ово зборува дека до изборите партиите ќе се ослободат од неподобните. На крајот би сакал да се заблогадарам на нашите политичари, особено на опозицијата, која ги разбуди моите спомени, за адетите од моето село!
08. 11. 2105 Господова
5 и 30 минути
Скопје, Македонија
Споделете