Северна Кореја изврши проба но ново ултрамодерно оружје! Ким го издрибла „чичко Сем“, на Трамп му удри шлаканица…
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Светските медијуми, поточно Си-ен-ен пренесува информација: Северна Кореја го тестираше “неодамна развиеното ултра-модерно” оружје. Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-Ун, присуствуваше на тестовите. Тестовите се спроведуваат во контекст на неуспешните преговори за нуклеарно разоружување со САД, и затоа тие може да се сметаат за предизвик. “Многу малку е познато за самото оружје, дали е ново, но тестовите во секој случај укажуваат на тоа дека Пјонгјанг е подготвен да се врати на повеќе милитаристички односи со Вашингтон, ако преговорите продолжат да одат лошо. “Ким постепено се движи кон поагресивен став во преговорите со САД и тој сигнализира дека нема да отстапи и едноставно може да се врати на својата претходна пракса ако САД не го сменат својот пристап”, вели висок истражувач во Институтот за меѓународни студии Middlebury Монтереј Џош Полак, јавува си-ен-ен.
Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА ги објави тестовите во петокот наутро, без да ги наведе деталите за локацијата на настанот и самиот оружје, со исклучок на тоа дека е “тактички”, а неговиот развој им беше доверен на научниците “лично” од таткото и претходникот Ким Јонг-ун.
Како што претходно беше јавено, во четвртокот, на 15 ноември, американскиот потпретседател Мајкл Пенс на почетокот од следната година најави состанок меѓу Ким Јонг-Ун и американскиот претседател Доналд Трамп, во кој Трамп треба да го добие севернокорејскиот лидер “да го одржи своето ветување”.
Моите анали зборуваат, дека Северна Кореја и нивниот лидер Ким, се џокерот во ракав на Кина во трговската војна со САД и во евентуалниот воен конфликт. Пред две години укажав, дека на Северна Кореја во развивањево ултра-моедерното оружје, особено нуклеарниот арсенсал е потпомогнат од кинески научници, не е исклучено и од руски. Добро е познато, дека 1945 година СССР ја ослободи Северна Кореја од јапонската агресија, која беше од 1902. Од тие причини Северна Кореја е комунистичка, аво Јужна капиталистичка, бидејќи таму влегоа воените сили на САД и Велика Британија. Во Јужна Кореја има многу воени бази на САД. Исѕо така познато е дека во Корејската војна од 1950-1983 САД ја срамни со земја од бомбардирање Северна Кореја, од тогаш Северна Кореја изгради многу атомски засолништа, пробите ги врши под земја, како што беше случајот и со пробата на хидрогенската бомба, која сруши планијна. Северна Кореја пробите ги прави под земја, за да не може да измери и вистинската јачина на бомбите. Корејскиот народ мечтаее за обединување на КОРЕЕЈСКИОТ ПОЛУОСТРОВ, НА СЕВЕРНА И ЈУЖНА КОРЕЈА!
Споделете