Српскиот портал се подсмева со Хан: За ваква изјава треба да се има талент “Македонија напредуваше во владеењето на правото“…
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Српскиот портал http://webtribune.rs/za-ovu-izjavu-treba-imati-poseban-talenat-han-makedonija-napredovala-u-oblasti-vladavine-prava/ излезе со наслов „За ваква изјава треба да се има талент – ХАН: Македонија напредуваше во владеењето на правото“. порталот понатаму вели. „комесароѕ за проширување на ЕУ истакна дека владеењето на правото е еден од клучните критеријуми за влез во ЕУ, дека Македонија после години на назадување направи напредок во оваа област.
“Силното владеење на правото е еден од основните критериуми за пристапување во ЕУ. По неколкугодишната регресија, Македонија постигна напредок во таа област, вклучително и кривичното право “, напиша Хан на Твитер.
Како што рече, сите земји-членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан треба да го поддржат овој процес.
“Ова е прашање на европски кредибилитет”, рече Хан.
Како што истакна македонската агенција МИА, ова е прво обраќање на Хан во врска со Македонија откако поранешниот македонски премиер Никола Груевски ја напушти земјата.
Споделете