Предупредување пред 4-ри години, глобалната поделба кога започна, борба за влијание на големите сили на Балканот….
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Ви препорачувам да го препрочитате мојот текст, новинарската анализа, точно пред 4-ри години, објавена на мојот профил, во мојата група и на моите две страници на фејсбук. ако ме послушаа, внимателно се анализираше мојата нализа – ќе беше запрена политичката криза, како и проектот „Зоран Заев“. Во тоа време имав неколку преставки до тогашниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, од тие две беа за прием, но не ме прими…. со тоа сам си скрои судбината. Вреди да одвоите време да ја прочитате мојата анализа, точно од пред 4-години!
Илија Бошков Крајнички
19 ноември 2014 ·
Русија прати порака
Македонијо, не удирај со глава во ѕид…..
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Следејќи ги вчерашните вести, на националните медиуми, вклучувајќи ја и Телевизијата “24 часа”, сите ја преносао пораката, поточно пораките од Русија. Едната за испитување на потеклото на производите што ги извезуваме во Русија, другата за намалувањето на дозволите за пет пати, за нашите транспортери за Русија. Пораката е многу јасна, но незнам колку и како ја разбраа нашите политичари. Пред нас е глобална поделба на светот…..
Одлуката на најсилните држави на еконмско, па и воено поле, Русија, Кина…. да формираат пандам на Светката Банка, може да го доведе во прашање опстанок на Светската Банка, да донесе голема рецесија на Америка и државите од Европската Унија. Да донесе економски колапси и банкроти… Но, што зборуваат планетите за тоа?..
Пред да се префрлам на говорот на планетите, ќе се осврнам како новинар (по локација сум новинар), аналитички, што се случува на светската политичка сцена и каде се ноѓаме ние. Пораките што Русија ни ги прати денес не беа случајни. Слични пораки им прати на Црна Гора и Србија, Забрани за увоз на месо од Црна Гора, на Србија и го намали дотокот на гас. Русија на Балканот, вклучувајќи не и нас, ни кажа, дека повеќе не може да се седи на две столчиња, да се бара прием во НАТО и Европската Унија, а да се има Русија зад себе како подржувач и заштник.
Да не бидам разбран погрешно. Јас, сум за не влегување на Македонија во Европската Унија, но за НАТО треба добро да се размисли. Се прашувате зошто за НАТО да се размисли – од Историјски причини, од искуствата од минатото и скорото минато. Во НАТО членки се Бугаија, Грција, Албанија, Србија аплицира. Зар не беа ово земјите што ја распарчаа етничка Македонија и со Букрешкиот Мир ја поделија, Македонија ја поделија меѓу себе. Се прашувам било која од овие држави да посегне по наша територија како НАТО И КОЈ во НАТО ќе застане зад нас. Условот за прием во НАТО и Европската Унија е да го смениме името, идинтитетот. Со тоа сака да се стави Крај на Македонското прашање и на Македонија. Да не одам толку далеку, да се потсетиме на конфликтот што го имавме 2001 година (кој го предвидов во моето списание “ХОРОСКОП” во бр. 42 февруари 1999 година – 2 години пред да се случи). Како НАТО и Америка реагира тогаш. Американските и Британските инструктори ги обучуваа Албанците – Од Арачиново беа извлекувани со направен коридор, во автобусите. Трајковски беше како Американска испостава. Покојната Доста Димовска за време на предеседателските избори 1999 година, меѓу двата председателска круга ме побара за косултација и совет за вториот круг. Во тој разговор ја прашав “Немам ништо против Трајковски, но не ми е логично, во земја каде православното население е мнозинство, излегувате со кандидат протестант”. Нејзинот одговор беше “Крајнички ни го наметнаа”. Како што е познато Теајковски го подготви Рамовниот договор, за кој доби една од наградите за мир. По завршената работа, бидејќи многу знаеше го скинаа тие што го донесоа (црвсто сум убеден во тоа, на тоа укажуваат планетите и визиите во тој период).Се обидов да му помогнам, но тој што требаше да му го пренесе моето мислење и предопредување не ги пренесе (беше дел од неговиот кабинет, поточно како личен фотограф).
СДСМ на чело со Бранко Црвенковски и Шеќеринска го донесоа законот за Територијална поделба, за да може Рамковниот Договор да функционира во целост. За НАГРАДА САД не призна под уставното име.
Не можам да раазберам една работа. Не сме членки на НАТО, а си создадовме непријатели на светската политичка сцена. Нашите војници со војниците на НАТО учествуваа во Ирак, Авганистан, Босна. Се прашувам до кога Македонска крв ќе се лее за туѓи цели, до кога ќе бидеме јаничари. Македонија веднаш треба да ги повлече војниците од Авганистан и од Ирак, ако ги има уште таму. Треба да му се даде јасно на знаење на НАТО, дека во нивните акции ќе учествуваме во моментот кога ќе бидеме рамноправни членки на НАТО. Нашата надворешна политика треба да го замрзне барањето за пријем во НАТО и Европската Унија, под вакви услови.
Ако добро се погледне што се случува во моментот во НАТО и Европската Унија, не знам колку е паметно да се влегува во нив, особено не во НАТО. Поголем дел од земјите на Европската Унија минуваат низ финасиска криза, низ Рецесија, а истата ќе се зголеми, поради санкциите што и ги воведе Русија. Зимото е пред нас, а Европа е зависна од Руската нафта и гас. Европската Економија е зависна од Русија.
Америка се наоѓа пред банкрот, доживуваа рецесија. Се спасуваше со парите на своите непријатели, со кинески пари, со кинески акции во државните записи во САД. Со нивни кредити делеше плата на својата администрација. Со повлекувањето од Ирак и со влегувањето во Авганистан доживеа колапс на економско и воено поле. Во моментот НАТО е пакт без вистински лидер.
За разлика од НАТО и членките на Европската Унија, Русија, која сметам дека во мометот владее со светот, меѓу првите не призна под уставното име и застана зад нас. За мене многу попаметно и побезбедно е Макадонија да влезе во војниот Сојуз што го создаде Русија, во Европско Азијскиот Сојуз, каде ќе биде многу побезбедна, отколку во НАТО.
Но, што говорот планетите за сето ово. Крајот на ноември и декември ќе донесат многу турбуленции на политичкото поле, ќе се почуствуваат многу блокади и пречки. Тоа е период кога треба да се влечат внимателни потези. Тежок период не очекува и во втората половина на март и април, кога многу планети ќе транзитираат низ 12 куќа (таинствени непријатели). Тоа е период кога ќе се создаваат силни и таинствени непријатели, непријатели кои нема да бират срества. Втората половина на ноември и декември можат да донесат насилство и жртви, не е исклучен и атентат.
Г-дине Иванов (председателе), и г-дине Грујевски (премиере), Македонија се наоѓа на крстопат, НА КРСТОПАТ кој може јагнето да го однесе во прегратките на Волкот. Обидете се јагнето да го однесете во неговото стадо, каде ќе биде заштетено од пастирот.
-
11. 2014 Господова
4 часот
Скопје, Македонија
Споделете