Филип Петровски: Внатре во ВМРО ДПМНЕ имам разузнувачка агенција… Палчевски: Зоран Заев е најголемиот предавник што го роди мајка Македонија…

Пишува Илија Бошков – Крајнички

Ноќеска изгледав две интересни видеа, едно од говорниците на митингот во неделата, второто од тв дуелот На филип Петровски и Зоран Иванов во „само  вистина“. Интересни беа говорите на Соплза Грчева и Љупчо Палевски. Слушајќи го говорот на Солза Грчева изобилуваше со патриотизам, заканувајќи се и повикувајќи го народот да ги исфрли пратенците како партали од сообранието, бидејќи никој од нив нема мандат за промена на уставното име, за самоукинувањето на македонскиот народ и македонската држава. Љупчо Палевски поранешен висок функционер на СДСМ, покажа поголем патриотизам од „квази патриоти вмровци – масионирчиња„. Јавно кажа: „Зоран Заев е најголемиот предавник што го родила мајка Македонија“. Говорот му изобилуваше со патриотизам, повикување со силен отпор да се застане, за опстанок на македонскиот народ и Македонија.

           На социјалните мрежи се појави информацијата, дека на Филип Петровски и на Јанко Бачев не им дозволиле да зборуваат на митингот, што зборува „дека се прочитани“. Следејќи ги реакциите на социјалните мрежи, кога е во  прашање Филип Петровски, на многу им и контрориав, бидеќи многу добро го познавам „голимиот масиноерски патриот Филип Петровски“ уште од кабинетот на Доста Димовска, како водач уште на студенските протести. За неговото големо „ВМРО ДПМНЕ“ во него, зборува самото напуштање на партијата, формирање на своја партија Демократска Десница. На изборите помина катастрафално, со подвиена опашка се врати во ВМРО ДПМНЕ. Додека ВМРО ДПМНЕ беше на власт, доби и директрско место на музејот на ВМРО ДПМНЕ. Кога ќе се поглднат добро неговите дебати како директор, се гледа сосема друг однос имаше во  дебатите, штитејќи ги интерисите на партијата. Се прашувам, како можеше да очекува да биде избран за лидер на ВМРО ДПМНЕ „масон – член намасонското друштво на Македонија“.

           Вистинско лице „на масионерчето“ Филип Петровски ја покажа во деебатната емисија со Зоран Иванов во емисијата „Само Вистина“. „големиот Вмровец“ Филип Петровски јавно кажа „Јас, внатре во ВМРО ДПМНЕ имам моја разузнувачка служба“! Јавно кажа, дека без помош на ВМРО ДПМНЕ ќе немаше толкава посетеност, ако не беа активисите на ВМРО ДПМНЕ, но тоа „го правеле скриено“ требало јавно да повикаат на масовен протест. Абре филпче, ако таквото работење не беше на лидрот Христијан Мицковски и  пред референдумот, неговите „протесни маршеви низ внатрешноста“ каде активистите на ВМРО ДПМНЕ работеа на терен, референдумот ќе успееше. Толку дрва и камења да фрлаш врз партијата – за кого сега одработуваш, прочитан од партијата. КАКОВ вмровец си  кога велиш „ВМРО ДПМНЕ можеби нема да постои, но ВМРО ќе постои“ . филипче масонче, које ВМРО, твоето што  го згасна Демократска Десница. Толку „валкани“ работи на ВМРО ДПМНЕ извади во емисијата, што СЈО и Катица Јанева можат слободно да те викнат како главен сведок – кој има своја разузнувачка служба во ВМРО ДПМНЕ.

           ВИ ПРЕПОРАЧУВАМ ВНИМАТЕЛНО ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ДЕБАТНАТА ЕМИСИЈА НА ФИЛИП ПЕТРВСКИ И ЗОРАН ИВАНОВ, ОСОБЕНО НА ФИЛИП ПЕТРОВСКИ МУ ПРЕПОРАЧУВАМ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕ ВНИМАТЕЛНО, ПОТОА ДА СЕ ПОГЛЕДНЕ КАКО ИСТОРИЧАР ВО  ОГЛЕДАЛОТО, ДА ВИДИ СО КОГО  ОД ИСТОРИЈАТА НА ВМРО МОЖЕ ДА СЕ СПОРЕДИ…

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20