Јанчев ги потврди моите анализи за локалните избори, со БЛАГОСЛОВ на Заев стана градоначалник на Кавадарции..

Пишува. Илија Бошков – Крајнички        

   Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, доскорешен потпреседател на ВМРО ДПМНЕ, самиот целосно се раззголи со денешната средба со премиерот Зоран Заев и Никола Тодоров, поранашен министер „за револуционери идеи во образоваието и здравството“ на ВМРО ДПМНЕ. Уште за време на локалните избори, по „приведувањето“ на Митко Јанчев на информативен разговор вополицијска станица, место да се јави на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски се јави на лидерот на СДСМ и премиерот Зоран Заев. Веднаш во моите текстови и анализи кажав, дека Кавадарци е пуштено со амин на премиерот Зоран Заев, градоначалник да стане Митко Јанчев, потпресдателот на ВМРО ДПМНЕ, со амбиции за преседател на ВМРО ДПМНЕ и премиерско место. Во моето родно село, на кое сум многу горд, село Зрновци, велиме: „Гладна кокошка просо сонува“! Неговата политичка кариера заврши во моментот кога излезе и повика да се излезе на референдумот. Истата судбина ја доживеа и министерот „за револуционерни идеи во  образованието и здраството“ Никола Тодоров. Не знам, колкаво влијание има Митко Јанчев кај пратениците на ВМРО ДПМНЕ, единствено ако не треба да биде конекција за „убедување“, но по ово јавно пиеење кафе, средба со премиерот се избламираа – сите заедно.

           Изјавата на поранешниот потпреседател на ВМРО ДПМНЕ Митко Јанчев: „Раме до раме ќе се бориме со Заев против Мицковски“, кога ја слушнав, не знаев да ли да се смеам или да плачам – одлучив да го подддржам со партизанската песна „НАС ДВА БРАТА ОБА РАТУЈЕМО“!

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20