Извештај на ЦИА, кој бил вистинскиот ТИТО, да ли постојеа двајца, вистинскиот немал10 прсти….

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Чепкајќи по интернет, поточно по јутут, налетав на интересен документарец за Јосип Броз ТИТО, кого лично го имам видено неколкупати, додека раснев во Ужице, тогашно Титово Ужице, каде завршив осмогодишно учичиште. Тито во тоа време по неколкупати годишно доаѓаше на Златибор, поточно на Партизанске воде, каде имаше вила. Тоа ми овозможи лично да го видам, но не остави впечаток кај мене, затоа како дел од историјската секција, требаше да влезам на средбата пинирите историчари со Тито, но одглумив болки во стомакот и не влегов. Како дете ги чувствував негативните енергии, чувствата беа посилни од мене, не ми дозволија да влезам и да му пружам рака со останатите деца.

Фоткава што ви ја постирам со видеото,на неа сум јас во трето оделение(стојам) во Титово Ужице, во Основното Училиште „Душан Јерковиќ“ командант наработничкиот батаљон што изгина на Кадињача, бранејќи ја остапницатана ТИТО и партизаните од  слободно Ужице 1941 година. Директорка на училиштето беше Милена Пенезиќ Крцун, сестра на Слободан Пенезиќ Крцун. Учителката на фотка е Косана Видоевиќ.

           Видеото што ви го постирам е документарец, каде агент на ЦИА тврди дека ТИТО што го знавме не бил вистинскиот ТИТО – вреди да се погледне документарецот….

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20