Ангелов: Доистоинство на парламетарните избори освои 9 000 гласови, генерале за вас не гласале ни вашите роднини……

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Г-дине Стојанче Ангелов, ВЕ почитував до вашата реклама за референдумот, кога го повикувате македонскиот народ да излезе и да гласа за самоукинување како народ, за самоукинување на сопствената држава. Од секого можев тоа да го  очекувам, но не и од вас, кој застанавте на браникот на Македонија во 2001 година. Да ми дозволуваше здравјето ќе бев во редовите на бранителите, но имав помал мозочен удар на 13-ти декември 2000 година, бев во болничка постела. Во тој момент не ме нервираше и загрижуваше здраствената состојба, се јадев што не можев да и помогнам на мојата земја Македонија, на мојот македонски народ. Здравјето да ми дозволеше, ќе можев да помогнам, бидејќи во ЈНА бев дел од специјалните единици, дел од комндата за РВ и ПВО на Југославија, радио релееен служител на Бањица, во Белград.

Конфлликтот со плицијата на 2-ри август 1990 година во манастирот Св. Прохор Пчински јас, заедно со Диме Шакар голем патриот од Струга го предводевме. Не ме исплашијаа полицајците со пендраци, не останав должен, со летвата од 16-то крако знаме што го носев, ѕвездата од Куклеш, што подоцна беше државно знаме, колку што можев ги возвраќав ударите на полицајците. Горд сте на вашиот чин генеал, не навлегувам да ли заслужено сте го добиле или не, не сум ви бил сооборец, за да ве оценувам. Но, како новинар аналитичар, познато ми е, пред да се стане генерал, пред тоа треба да се поминат многу чинови… Самиот факт дека министерот Бошковски ви го доделил, по вокација правник, донесен од Доста Димовска (која постојано бараше од мене совети) како угостител во Хрватска, познат како „слаткар“ и татарчето Љуб(п)чо Георгиевски со книжевност, не гледам колку се релеватни да ви доделуваат чинови.

На крајот би сакал да се осврнам на вашето гласачко тело, „достоинство“ освојило 9 000 гласови, срамота е да се фалите со такви резултати. Соберете ги роднините што ги имаат членовите на доистоинство, ќе видете дека сите ваши роднини не гласале за вас. На, ово не ви се смејам, лично имав такво искуство во  1998 година на парламетарни избори, кога учествував, освојив цели 101 глас во Кочани. Во очи братучед ми кажа „Братучед да си преставник на ВМРО ДПМНЕ или СДСМ ќе гласав за тебе, вака не сакам залудно да го фрлам мојот глас. Г-дине Стојанчо Ангелов, од 1990 година, од првите парламетарниизбори, почна двополиризацијата на македонското гласачко тело. Само во 1990 година на Тодор Петров како независен пратеник му успеа да влезе во пасрламентот (можеби имало и друг, но не ми е познато).

           ГЕНАРЕЛЕ СТОЈАНЧО АНГЕЛОВ, НИТУ СВЕТО НАТО, НИТУ СВЕТО ЕУ – НЕ СЕ ДОСТОЈНИ ЈАС КАКО МАКЕДОНЕЦ ДА СЕ САМО УКИНАМ, ДА ГЛАСАМ ПРОТИВ МОЈАТА ТАТКОВИНА МАКЕДОНИЈА – ДА ГЛАСАМ ЗАПРОМЕНА  НА МОЕТО ВЕКОВНО БИБЛИЈСКО ИМЕ! ГРОБОВИТЕ НА МОИТЕ ПРЕТЦИ НЕ МИ ДОЗВОЛВААТ ДА ГИ ПРЕКРСТУВАМ!

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20