Заев. „Мицковски да заземе став!“(видео) Во право е, Мицковски е недефериниран играч, игра од голман до центрафор, а голови паѓаат….

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Гледам сите портали го пренесоа одговорот на премиерот  Зоран Заев на прашањето на пратеникот Влатко Ѓорчев „Кога ќе прифати дуел со Христијан Мицковски?“ Но, недостасува анализа на одговорот на премиерот, зошто бесно, неконтролирано одговори на прашањето. Јас, го разбирам неговиот бес кон лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, кој „го издрибла“ пред референдумот, жеден го пренесе преку вода. Неговото барање лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски да зазеземе „конечно став“ е барање од пред изборите, кога лидерот на ВМРО ДПМНЕ немаше став и за референдумот. Не повика ниту да се излезе и гласа против, ниту на бојкот, а активистите на ВМРО ДПМНЕ работеа на терен, референдумот доживеа дебакл. Пратеникот Амди Бајрам ово би го коментирал „Мицковски со пета му даде гол на Заев на референдумот“. По слабата посетеност на последниот протесен митинг на ВМРО ДПМНЕ, лидерот Христиојански Мицковски повторно тргна со активистите низ внатрешноста на Македонија, а премиерот го очекуваше митинзи да прави во Скопје – тоа се вика недифиниран играч,не знаеш што игра, а ти дава голови. Бесот во одговорот на премиерот Зоран Заев се должи на тоа што ја губи поддршката и во самата партрија за „неговата мисија“, Затоа вели „моите поддржувачите станаа најголеми критичари по ово прашање, тие немат одговорност, се работи за Македонија“ – фудбалки кажано во „Воденица“ Мицковски ги подмити главните играчи на премиерот Зоран Заев: Шеринска и Аѓушев – со обичен ручек (не се забележаа куферчиња).

           Ветувањето на премиерот, дека ќе ја постави Елизабета Канчевска за јавен обвинител, се должи на тоа што како министер за култура, инаку со филозофски факултет, напамет ги знаее „дриблинзите“ тендерските дупки на ВМРО ДПМНЕ, преку проектот „Скопје 2014“.

           Премиерот Зоран Заев испрати предупредување до членството на ВМРО ДПМНЕ, дека нивниот лидер „ја уништува партијата што нема став, а тоа недобро и за Македонија, да пропадне партијата“. Како што вели не зазимањето став на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски ја загрозува неговата, како и нашата иднина. Тука се согласувам со премиерот Зоран Заев, за референдумот го „издрибла него и калето“, продолжи со истите дриблинзи. Тоа ќе ја забрза неговата ликвадација од работодавците, особено сега, кога самиот увиде дека ја нема повеќе и поддршка за неговата мисија – подржувачите се свртеа притив него!

           Се се должи, на непредвидливата игра на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски. Не знаеш да ли игра одбрана или напад, а дава голови – во политиката тоа е „ПОЛИТИЧАР БЕЗ СТАВ“!

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20