Молчењето е злато, но со чие злато е платен атентатот?…..
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Во изминатиот текст кажав дека веднаш по атентатот бев повикан во полицијската станица „БЕКО“ на информативен разговор, со цел „да се обидам да ги препознаам атентаторите“. Тоа беше, толку трагикомично во тој момент, што и денес по 23 години ќе се поднасмејам. За да не остане тајна, со цел да помогнам во истрагата, во 3-тиот број на моето списание „Хороскоп“ (на 5-ти јили 1995 година излезе првиот број,како тромесечник,понатаму излегуваше како месечно издание 18 години) на насловната страна имаше наслов „Атентатот го предвидов – извршителите ги видов“. На крајот од текстот најавив за наредниот број наслов „КОЈ ЈА ПОДМЕТНА БОМБАТА“. Наредниот број излезе на 20-ти ноември 1995 година, значи по трагикомичниот информативент разговор во „ БЕКО“, каде јасно укажав дека атентатот е направен со „амин на на МВР“, поточно деека е потпомогнато од структурите на МВР. Од тие причини во 4-ти број на списанието „Хороскоп“ на насловна страна имаше „БОМБАТА ЈА ПОДМЕТНАА“, внатре во текстот фотографија со тогашниот министе за внатрешни работи Љубомир Фрчковски со стиснати усни. Под фотографијата имаше текст, поточно мое јавно прашање „Молчењето е злато – но со чие злато е платен атентатот? Деновиве, поточно на промоцијата на книгата на Стојан Андов, која ја промивираше Љубомир Гајдов, како организатор на атентатот го посочи тогашниот премиер Бранко Црвенковски и министерот за внатрешни работи Љубомир Фрчковски.
Моето тврдење дека структури на МВР стојат како логистика на атентатот, се должеше на визијата или парапсхилошкото истражување кое го објавив во „Македонско Сонце“ бр 37 од 03. 03. 1995 година, во интервијуто каде најавив дека престои атентат на преседеателот Киро Глигоров. Трагикомично е, што никој не ме повика во полиција, имаше само потсмев на ова мое предвидување, каде освен атентатот на покојниот председател, најавив 4-ри години однапред заминивањето на рускиот председател Борис Елцин од власт без избори.
Но, да се вратам на што ги темелев моте тврдења дека структури од МВР стојеа како логистика на атентатот на Киро Глигоров. Во мојата визија или парапсхилошко исттражување, за настаните што следуват во Македонија во визија видов како група луѓе облечени во исти одела одеа по пат, во исто време слушав глас од универзумот „Одат да го убијат Глигоров“. Тука се прекина визијата, не ја видов смртта или убиството, што се покажа дека се работеше за неуспешен атентат. Познато е дека покојниот председате Киро Глигоров го преживеа атентатот. Луѓето што одеа по патот во исти одела, не и униформи ми збореше дека режисери или логоистика стои цивилна институција, но не војна.
Но, што стои зад сега промивираната книга на Стојан Андов, каде промоторот Љубомир Гајдов ги посочи поранешниот преседател и премиер од СДСМ Бранко Црвенковски, како и поранешниот министер на СДСМ за внатрешни работи Љубомир Фрчковски, дека стојат зад атентатот на Киро Глигоров. Моите анализи зборуват дека книгта е многу поано напишана, бидејќи авторот на книгата Стојан Андов, во тоа време беше предедател на парламентот, значи имал многу безбедносни информации околу атентатот, но не било време да ги каже. Веројатно се плашел да не помине како председателот Киро Глигоров. Но, зошто во овој момент се промовира ова книга, особено ова информација се изнесува по 23-ри години со голем публицитет. Се работи за внатре партијска војна во СДСМ. Потсетете се на состанок во „Воденица“ од една страна лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицквски и Антанијо Милошевски, од друга страна министерката за одбрана на СДСМ Радмила Шеќеринска со Кочо Анѓушев и Жирновски. Како новинар аналитичар добро ми е познато дека потпреседателката на владата и СДСМ, како министер за одбрана Радмила Шериниска е кадар на поранешниот преседател на СДСМ Бранко Црвенковски. По лошото водење на партијата, како и на владата почнува уривање на „проектот Зоран Заев“ за да се спаси партијата и избегне граѓанската војна. Познатоо е дека по бегството во асил на поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, професорот Љубомир Фрчковски, јавно го обвини премиерот Зоран Заев, побара негова одговорност, како и одговорност на сегашниот министер на МВР Оливер Спасовски за „заминувањето – киднипирањето“ на Никола Груевски. Дворската игра во СДСМ започна, со ручекот во „Воденица“, како одговор на ручекот во „Воденица“ се случи посочувањето прст кон Бранко Црвенковски и Љубомир фрчковски како организатори на атентатот на покојниот преседател Киро Глигоров. Ово беа орвите две епизоди, со нетрпение очекувам третта епизода, без разлика што моите анализи ја наслутиваат, ќе биде интерсна. Крајот ќе заврши со ликвидација на премиерот Зоран Заев, визиите за негова ликвидација, ме следат повеќе од една година. Но, дали тоа ќе биде со логистика повторно„на институција“ или гнев на народот ил ифактура од работодавците останува да се види. Ме плаши визија каде видов како во куп мртви лежат, меѓу нив поранешниот председател на Македонија и СДСМ Бранко Црвенковски. Ово зборува за можност, дека престои граѓанска војна, со можен етнички конфликти. Но, не е исклучена крвава пресметка во СДСМ, како и гневот на народот по самоукинувачкиот „преспоански договор“ како и насилното самоукинување на македонскит народ и на Република Македонија!
Споделете