франција пред граѓанска војна: Предвидувањата тропнаа на врата, „жолтите елеци“ на Макрон му ја запржуваат чорбата…..
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Насилните протести во Франција не стивнуваат, без разлика што владата ги замрзна покачувањата на цените и акцизите на горивата. Во минатите текстови јасно кажав, а тоа го пренесоа и светските медиуми, дека насилните протести на „жолтите елеци“ не се поради акцизите и цените на нафтените деривати, туку создавање на Европски воени сили. Но, создавањето на Европски воени сили е само една од висинските причини. Вистинската причина е распаѓање на Европската Унија во режија на Велика Британија и САД. Најавата на франција и Германија за создавање на Европски воен сојуз, кој би бил пандам на НАТО, автоматски глобалната улога на САД и Велика Британија повеќе нема да е главна улога. Со распад на Европската Унија Велика Британија ќе го избегне плаќањето кон фондовите на Европската Унија (Сад е најзодолжена земја а Велика Британија е втора најзодолжена земја на светот) со брегзитот, САД ќе нема пречки за поголем извоз во Европа, полесно ќе се договара со секоја држава посебно. Но, исто така, добро е познато дека помеѓу франција и Велика Британија Историјата памети 100 годишна војна меѓу овие две земји, како и втората светска војна помеѓу Велика Британија и Германија, кога преку нивниот агент Хитлер се обидоа да го освојат СССР – Германија беше жртвено јагне, маша на Велика Британија.
Кога започна „бегалската криза“ јасно укажав дека „бегалска криза“ е ИНВАЗИЈА НА ЕВРОПА, која треба да предизвика граѓанско верски војни во Франција и Германија.
Се прашувам „жолтите елеци“ во франција да ли е каписла за граѓанско верската војна ВО Франзија или само одржување преваспитување на францускиот председател Емануел Макрон, кој наскоро заминува од власт. Самата информација дека за утрешниот протест на „жолтите елеци“ се подготвени големи полицијски сили,се претпоставува дека се подготвува државен удар – „жолтите елеци“ ќе тргнат да го освојуваат Париз. Францускиот премиер Едуард Филип даде изјава дека 89.000 припадници на безбедносните сили ќе бидат распоредени низ целата земја во саботата, за кога се добиени информации за нови протести на “Жолтите елеци”.
Споделете