Г-дине Мицковски, со ист дриблинг не се дрибла постојано, за држење митинг, треба да сте добар говорник – со потсетник во рака не се држи говор….
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
По слабоо посетениот митинг во Скопје по отварање на уставот, ВМРО ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицковски тргнаа низ Македонија со протесни маршеви. Идејата да се тргне активно низ републиката е добро, но тоа треба да го работат активистите. Второ: одржување митинзи во овој момент е залудно трошење пари, пред референдумот во ред беше. Трето: Не дозволиво е говорникот на митнгот во едната рака да држи микрофон, во друга лист на потсетник за говорот пред собранииот народ и членство. Простете, г-дине ХристијанМицковски, како новинар аналитичар, кога го видив вашиот настап и протесен марш низ Кочани се стаписав. Со тсаков настап пред народот не се настапува, на момент изгледавте трагикомично. Не дозволиво е за три професии во своите настапи да читаат или да имаат потсетници. Тоа е правник, новинар и политичар. Кога ќе видите правник, адвокат во судот да чита одреден акон или потсетник да го брани клиентот, таков адвокат или правник не може да го убеди судијата. Истото важи и за обвинитетлот, тој мора да ги знаее напамет законите, члиеновите од законот врз кој оснувува обвинување, да биде уверлив оратор. Новинар кога ќе видете дека чита прашања на соговорникот, зборува дека истиот не е подготвен за интервију со соговорникот, освен ако не сеработи за пишан медиум, тогаш можете и о мејл да му ги пратете прашањата. Политичар кога ќе чита гоор или додека зборува од време на време погледнува во потсетникот, на таков не може да му верува оној што го слуша говорот. Политчарот мора да биде добар оратор, напамет да го научи говорот, доминатно и уверливо да делува пред оние што го држи говорот, само така се качува рејтинг.
Г-дине Христијан Мицковски, говорник во исто време никогаш не сме да ги крене двете раце стиснати, зборува за негова несигурност, се крева една рака – со која се повикува на победа.
Г-дине Христијан Мицковски, простете, но сметам дека овие протесни маршеви, особено на ваков начин ви се контрапродуктивни. Со текстот ви го постирам видеото од настапот и протесниот марш, сами да се уверете во фијаксото на протесниот марш во Кочани, како ина вашиот говор- не мислам на содржината, но како е презентиран. Содржината на вашиот говор е во ред, но потсетникот во една рака и микрофонот во друга е контрапродуктивно, трагикомично за политичар. Така не се руши влада…..
Споделете