ВМРО ДПМНЕ во 2015 година го јавна истото магаре од 2001 година, само Груевски го смени во главната улога Георгиевски….
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Драги пријатели на денешен ден во 2015 година го објавив овој текст на мојот профил, како и во мојата група „HОROSKOP KRAJNICKI“ во текстот јасно кажав уште тогаш „Не успеаа, да навлезат во позадината на сценариото, поточно во играта на г-дин Бранко Црвенковски – г-дин Зоран Заев е само главниот актер во тоа сценарио. Дадена му е главната ролја, ако е добро одигра, ќе остане на слобода, место него во затвор ќе заглави премиерот г-дин Никола Груевски.“
Драги пријатели, ВИ препорачувам внимателно да ја прочитате мојата анализа на деенешен ден од 2015 година, преставата уште не е завршена……
ВМРО-ДМНЕ ГО ЈАВНА ИСТОТО МАГАРЕ –
ОД 2001 ГОСПОДОВА!!!
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Мора да признам, многу режисери, на г-дин Бранко Црвенковски, можат да му симнат капа! Настаните што се случуваат на Македонската политичка сцена се копија од 2001 Господова, но со ново сценарио! Губејќи ги катастрафално изборите во 1998 Господова СДСМ, свесни дека во нормални околности, по криминалната приватизација, по аферата ТАТ, немаат шанса да се вратат на власт, се предизвика воен конфликт, по кој веднаш се формира влада „на национален спас“, на која наседна г-дин Љуб(п)чо Георгиевски. Се почна со прислушкуваните разговори, добиени од Верушевски, како и во овој случај. Формирањето на влада „ на национален спас“ беше непромислен потег, за мене „ретардиран потег“ на владата на г-дин Љуб(п)чо Георгиевски и неговата заменичка г-ца Доста Димовска. Визиите и парапсхилошките истражувања се поклопуваа со распоредот на планетите. Од тие причини во 1999 Господова (2 години пред војниот конфликт) на насловна страна, на моето списание „ХОРОСКОП“ објавив текст со предупредување „МАКЕДОНИЈА ВО ВОЈНА?“.
Но, на двоецот на ВМРО-ДПМНЕ, повеќе моите предвидувања не беа интересни, без разлика што без моја помош, многу потешко ќе дојдоа на власт, на старт ќе беа изиграни. Г-дин Бранко Црвенковски добро изигра, влезе без избори во владата. По склучување на „рамковниот договор“ и ветувањето „Од секое семејство по еден да се вработи“ ги доби изборите 2002 Господова. Двоецот на ВМРО-ДМНЕ, жедни ги пренесе преку вода. Двоецот на ВМРО-ДМНЕ ако, нечесно не постапија кон мене, (ми останаа должни како Грција за услугите – ветувајќи ми „брада и долини“ што велат србите, да им помогнам да дојдат на власт, немаше да се случи војниот конфликт, ниту рамковниот договор – власта ги заслепи.
Не знам кои и какви советници го опкружуваат премиерот г-дин Никола Груевски, бидејќи многу кадри од СДСМ помина во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, добивајќи високи партијски и државни функции. Еден од кадрите на СДСМ беше и г-дин Боцевски, сега нивниот главен политички аналитичар. Следејќи ги настаните од склучувањето на „договорот од пржино“, кој е за мене е „ретардиран потег на ВМРО-ДПМНЕ“ настаните се одвиваат во правец како 2001 и 2002. Ово ќе го образложам со факти. Настаните повторно се одвиваат во режија на г-дин Бранко Црвенковски, што мора да признам, досега успешно. Како што спомнав, се прашувам, колкава е интелектуалната способност на советниците на премиерот г-дин Никола Груевски и колку од нив му се подметнати од СДСМ? Не успеаа, да навлезат во позадината на сценариото, поточно во играта на г-дин Бранко Црвенковски – г-дин Зоран Заев е само главниот актер во тоа сценарио. Дадена му е главната ролја, ако е добро одигра, ќе остане на слобода, место него во затвор ќе заглави премиерот г-дин Никола Груевски. Но, да почнам со фактите по ред, новинарски, читајќи ги меѓу редови.
Предвремените избори кои се одржаа 2014 Господова, СДСМ беше свесен дека ќе ги изгуби катастрафално, од тие причини се побара помош од г-дин Верушевски. Прислушкуваните материјали беа обезбедени пред одржувањето на изборите, и не се во толкав број (26 0000) како што тврди опозицијата. Селектирано, малку прошарано е прислушкувано, главно прислушикивани е власта, преставниците на власта. За жал, излегувањето на г-дин Зоран Заев, 5 минути пред завршување на изборите, со изјава дека изборите нема да ги признаат без разлика кој е победник и каков ќе е резултат. Од тие причини, по подготвено сценарио, не се поднесе ниту еден приговор до ДИК. Играта што започна да се игра, не успеа да ја прочитатат ниту советниците на премиерот, ниту новинарите од позиционите медиуми, вклучувајќи ја и Македонската Телевизија. Не влегувањето во парламентот и „кумановскиот инцидент“ се дел од сценариото да се предизвика хаос во државата, меѓународната заедница да интервенира, да се формира повторно заедничка влада, овојпат „техничка влада“ на што ВМРО-ДПМНЕ повторно наседна. По мојот настап на „ТВ СИТЕЛ“ премиерот го послушаа мојот совет ги смени г-дин Сашо Мијалков и г-ѓа Гордана Јанкуловска, како и г-дин Миле Јаникиевски, кои беа најмногу спомнувани во „бомбите“, со што СДСМ ги оставија без муниција. Но, ја повтори грешката на двоецот Георгиевски-Димовска, со доаѓањето на власт, кога заборавија да се „заблагодарат“ за советите. Премиерот помисли дека сценарието заврши. Што зборува дека внимателно не го следел мојот настап. Убаво нагласив да се внимава на периодот од 2 април до 2 август. Во тој период се случи „куманово“ и „пржино“. Не доставување на целосните разговори, а кои ги нема во спомнатата бројка, е со цел да се одоговлечат изборите, „специјалниот обвинител“ да добие време да поднесе обвининенија, без разлика да ли се издржани или не, да ли судот ќе ги прифати или не, но ќе бидат главно оружје на опозоцијата, на престојните предвремени избори, ако се одржат, кои се закажани за 24 април. СДСМ е свесен дека не може да ги добие изборите, цел е ВМРО-ДМНЕ да не ги добие ТРИУМФАЛНО, да нема над 60 пратеника. Потезите што ги влече премиероот, со советите од негоите „советници“, ќе го јавне „магарето“, што го јавна г-дин Љуб(п)чо Георгиевски 2001 Господова.
Г-дине Бранко Црвенковски, уште еднаш ќе повторам, многу наши режисери можат да ви симнат капа, како и јас што ви симнувам капа на вашите сценарија!!!!
13. 12. 2015 Господова
22 и 10 минути
Скопје, Македонија
Споделете