Словенечкиот министер за надворешни работи Церар: ако Русија и Кина ја превземат доминацијата, ќе го изгубиме регионот…..

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Сојузнаци те САД, особено од католичкиот свет, каде се наоѓа и Словенија, вознемирени се од превзамањето на лидерската улога на Русија и Кина на глобалната политичка сцена. Порталот http://webtribune.rs/slovenacki-ministar-u-panici-ako-rusi-i-kinezi-preovladaju-izgubicemo-region/ го пренесувастравот на минисатерот за надворешни работи на Словенија Миро Церар, кој ги повикува САД за поголемо влијание и присуство во Европа, особено на Балканот. Порталот во својот текст вели:

Словенечкиот министер за надворешни работи, Миро Церар, ги повика САД да го зголемат своето присуство во Европа. Церар истакна дека ова е потребно, бидејќи се предвидува дека, спротивно, многу земји на Балканот и Источна Европа ќе се претворат политички и економски зависни од Пекинг и Москва. Тој ова го изјави во интервју за американската “Вашингтон пост”, посочувајќи дека ова ќе се случи ако Вашингтон не “го направи своето водство поизразено” во Европа. “Ако преовладуваат руски или кинески интереси, ние ќе го изгубиме регионот”, рече Церар во интервју за американскиот медиум. Церар беше во посета на Америка минатата недела, каде што се состана со официјални претставници таму, и во интервју за американскиот лист, тој ги повика да го зголемат своето присуство во Европа, според словенечката агенција СТА. “Не е доволно да се има добра економска соработка. Ви велам, Кинезите доаѓаат во Европа. Како премиер, петпати се сретнав со кинескиот премиер Ли Кецанг и разговарав за политичките односи и економијата “, изјави Церар за американскиот весник. Тој посочи дека Кина нуди изградба на инфраструктура брзо и по евтина цена што државата ја турка во долгови, но е премногу атрактивна за одбивање. “Па мислам дека би било многу добро ако нашите пријатели и сојузници во Соединетите Држави се повеќе присутни во регионот”, истакна тој.

извор

(Танјуг)

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20