Председателот Иванов е пред дипломски испит, во негови раце е палката на „Калимеро“….

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Јас, не сум правник, новинар аналитичар сум по вокација, но законот за амнестија што вчера се донесе премногу е контрадикторен. Од тие причини запрашав еден пријател правник, колку е во рамките на законите, „законот за амнестија“ – се насмеја ми кажа „Тоа не е закон – политичка одлука е“! Во новогодишното Интервију на „Наша Тв“2016-2017 година јасно кажав, дека од завршувањето на изборите, кои се одржаа на 11 декември 216 година, кажав „се е во рацете на председателот Иванов“! Моите анализи и предвидувања во новогодишното интервију на „Наша Тв“ до сега се покажаа како точни. Председателот не го потпиша: „законот за двојазичноост“, „преспанскиот договор“, пред референдумот од говорницата на Обидените Нации јавно го повика македонскиот народ да го бојкотира референдумот, што и самиот го направи. Моите анализи, зборуваат дека не е исклучено „законот за амнестија“, кој вчера се донесе, како професор по правни науки, да го врати на повторно доработување или гласање. Што би се постигнало со враќање на законот? „играчите за уставни промени“ би се нашле во расчекор, би ја игубиле борбата со „времето“, особено ако потоа на истиот се стави „џепно вето“ или одоглевукување на двата просеци, во последниот ден враќање во сообранието, каде ВМРО ДПМНЕ би добило додатна можност со амандамани да го одолжи неговото донесување. Не ме изненадува ово ВМРО ДПМНЕ да го направи, бидејќи американскиот заменик државен секретар Саливан го откачи лидерот Христијан Мицковски – не се сретна со  него. Очекувам, возвраќање на ударот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, да покаже заби или да замине од лидерската позиција со подвиена опашка…

           Согледувајќи ја натална карта на Република Македонија, преставата продолжува… не е исклучено да се случи зовривање на гневот на народот или групи како „солунските атентатори“ кои можат работата да ја земат во свои раце…. Тогаш  србската поговорка ќе тропне на порти „коме обојци, коме опанци“….

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20