ПРЕДСЕДАТЕЛОТ НЕ ГО ПОТПИША –
ДОГОВОРОТ ЗА ПРЕИМЕНУВАЊЕ НА ДРЖАВАТА
Пишува Илија Бошков – Крајнички
Драги пријатели, моето предведување и анализа во мојот новогодишеннаспат на „НАША ТВ“ 2016-2017 година јасно укажав, дека се во рацете на председателот. Тоа до сега се покажа како точно. Прво побара гаранции од мандатарот г-дин Зоран Заев за зачуваување на усатавниот поредок и унитарноста, за неспредување на „ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА“ – која се прекрши. Од тие причини, не го потпиша законот за двојазичност, како и доиговорот со Грција за преименување на името на државата. Договорот за преименување на државата, се плашам, дека ќе го оствари и моето тврдење во мојата анализа, каде јасно укажав „АКО СДСМ ФОРМИРА ВЛАДА СО ПОВЕЌЕ АЛБАНСКИ ПАРТИИ – ЌЕ ДОЈДЕ ДО ГРАЃАНСКА ВОЈНА! СЕ ПЛАШАМ ДЕКА ФИТИЛОТ ЗА ГРАЃАНСКА ВОЈНА – СО ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА Е ЗАПАЛЕН! Еве го одговорот на председателот на Република Македонија г-дин Ѓоре Иванов:
Почитувани,
Во извршувањето на функцијата Претседател на Република Македонија секогаш постапувам одговорно и своите права и должности ги вршам врз основа и во рамките на Уставот, законите и интересите на Република Македонија.
Затоа, врз основа на член 75 од Уставот на Република Македонија, донесов одлука да не го потпишам Указот за прогласување на Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година, и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 20 јуни 2018 година.
Одлуката ја донесов поради следните причини:
- Немам мандат да го потпишам Указот за прогласување на законот за ратификација на оваа спогодба. Еден од столбовите на мојата политика во изборната програма од 2014 година е дека „не прифаќам промена на Уставот со цел промена на уставното име. Не прифаќам идеи или предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот.” На претседателските избори 534.910 граѓани гласаа за оваа моја изборна програма и ме избраа на функцијата Претседател на Република Македонија.
- Спогодбата излегува надвор од опфатот на резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, затоа што во нив се зборува за „разлика околу името на државата„, а не за „разлики” како што зборува оваа спогодба.
- Спогодбата нема уставен основ и не е ратификувана во согласност со Уставот. Според член 118 од Уставот на Република Македонија меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок.
- Законот за ратификација на спогодбата не е во согласност со член 51, член 118 и член 119 од Уставот на Република Македонија.
- Спогодбата ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава, односно Република Грција. Според член 308 од Кривичниот законик, „Граѓанин кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор од најмалку пет години”.
Озаконувањето на оваа спогодба создава правни последици што се основа за кривично дело.
д-р Ѓорге Иванов