МАКЕДОНСКИТЕ ЛАВОВИ ЗРЖАА, со отворено писмо до преседателот, на премиерот индееректно му порачуваат да запрат уставните промени..

 Пишува: Илија Бошков – Крајнички

На фејсбук страницата https://www.facebook.com/RepublicMakedonija/posts/1767176183325932 до јавноста допстапно е отвореното писмо  ди преседателот Ѓоре Иванов, до актуелната власт, до партиите. Индеректно на премиерот му велат: Запрете ги уставните промени, разнибитувањето на Македонија, нема да ви дозволиме да предизвикате граѓанска војна…

Еве го во целост отвореното писмо на елитната единица „ЛАВОВИ“ – НИКОЈ НЕ ВИДЕЛ ДОБРО ШТО РАЗБУДИЛ ЛАВОВИ…


Republika Makedonija

20 март ·

Единицата „Лавови“ се огласи во јавноста по повод политичката ситуација:

  1. Го повикуваме претседателот на Р. Македонија, иако со задоцнување, да го повика амбасадорот на Р. Албанија и од него да побара јавно извинување во име на Р. Албанија за мешањето во внатрешните работи на Р. Македонија и итно отфрлање на Тиранската платформа. Во спротивно амбасадорот на Р. Албанија веднаш да биде протеран од нашата држава.

  2. Албанските партии да престанат со националистичка реторика и да се свртат кон соживот и почитување на Уставот и законите во Република Македонија и да се откажат од утопистичката идеја за Голема Албанија. Треба да знаат дека унитарноста и независноста на државата со живот ќе ја браниме.

  3. Бараме од македонските политички партии да седнат на заедничка маса и да ги прецизираат црвените линии во однос на македонските национални интереси и за правата на етничките заедници во Република Македонија. Со тоа да не дозволат фаворизирање на една етничка заедница во однос на другите.

Им порачуваме на политичарите дека ќе спречиме братоубиствена војна и поделба на државата заради политички цели и интереси.

Народот да биде сигурен и спокоен дека се горе наведено ќе биде исполнето, бидејќи секој ќе одговара пред законите и Уставот на Република Македонија.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20