АСТРОЛОГИЈА И КАРМА

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Астрологијата е древна наука. Не помалку древен е и поимот карма. Тој постои во индиската филозофија најмалку 5.000 години. Кармата и судбината, за која што говори астрологијата, се тесно сврзани помеѓу себе.

Кармичката астрологија пред с# го анализира наследството од минатите инкарнации. Односот на човекот кон многу нешта во овој живот е определен од неговото искуство во тие инкарнации. Кармата е закон на природата, ист таков како што е на пример законот на гравитацијата. Од него не може да се избега – тој е неумолив. Законот за кармата ја поддржува рамнотежата која што постои во светот. Секое нарушување на рамнотежата со себе носи неизбежни последици – тоа е принципот на функционирање на овој закон. Светот живее по законите на кармата: секоја причина носи со себе соодветни последици. Човекот сам го предизвикува сето тоа она што се случува со него.

Учењето на хиндуизмот разликува три вида карма: Зрела, Скриена, Карма во зародиш. Зрелата карма веќе е готова за жетва и затоа е неизбежна. Слободата на избор постоела во минатото, изборот бил направен, останува само да си го исплатиме долгот. Една од пројавите на зрелата карма е во постапките што може да се наречат неизбежни. Од тоа произлегува дека нашите скриени мисли ја отсликуваат совршено нашата волја, и моментот на нивното исполнување е само прашање на време. Во таква ситуација човекот нема избор, изборот бил направен во минатото – кога всушност и посеал, а сега му преостанива само да ги збере плодовите.

Скриената карма е заснована на причините што непрекинато се раѓаат од нашите мисли, желби и постапки, коишто често се толку противречни што не може да се остварат едновремено. Исто така, може да има и таканаречени кармички долгови во врска со одредена нација или определна општествена група.

Скриената карма може да се пренесе од една инкарнација во друга, и долго да биде погребана, за да оживее и да донесе плодови – слично на житото кое се наоѓа во египетските саркофази – штом ќе се појават сите неопходни услови.

Третиот вид карма – карма во зародиш – покажува дека целата наша судбина се формира од нашите постапки. Не смее да се заборава дека нашите манифестации се бескрајно разнообразни. Ако го пресметаме сето она што сме го помислиле, почуствувале и направиле во текот на денот, како резултат нашата дневна карма  ќе биде и добра и лоша, поставувајќи ги настаните од денот во чашата на нашата општа карма, и ќе се покаже дека дел од нашите лоши постапки, мисли или активности ќе се неутрализираат со добрите, но таа дополнителна  тежина што ја наклонува вагата кон добро или кон лошо ќе се запази во хрониките на нашата судбина, а сето останато ќе се покаже згаснато. Ете затоа човекот што дејствува има многу поголеми шанси да додаде на тасот нешто во своја полза, има многу повеќе шанси да ја смени својата карма отколку пасивниот човек. Има случаи кога во минатото се натрупала многу лоша карма, така што сите усилби на човекот да се отргне од маките и проблемите се навистина без резултат. Но, тоа така изгледа само на прв поглед. Секој напор насочен кон подобрување на лошата карма ја ослабнува силата на нејзиниот притисок. Да ги земеме за пример паричните проблеми. Кармата на одреден човек за него налага беда и лишувања, и тој прави усилби со огромен труд да печали пари, но одново и одново губи с# што добива и секогаш почнува отпочеток. Видливите неволји на тој човек може да продолжат до самата смрт, но во таа невидлива лабораторија во која што се создава нашата иднина, неговите усилби го сториле своето, ја ослабнале силата на спротивставувањето на лошата карма, и ако тој не победил во оваа инкарнација, ќе победи во иднина, и несомнено ќе стане богат. Иста е состојбата и со пороците, против кои може да се бориме неуспешно – или барем така да изгледа. Знаењето за кармата појаснува дека во таа борба главната поента не е толку во видливата победа, колку во ослабувањето на лошите сили што доаѓаат од минатото. Ете, затоа никогаш не треба беспомошно да креваме раце и да велиме: јас не можам да се изборам со моите проблеми или слабости. Неопходно е постојано да се бориме, зашто со секој нов напор насочен против лошите навики, нивната сила се поткопува и во идната инкарнација лесно ќе се справиме со нив. Треба да запомниме дека ниту една добра усилба на човека не е попуста, туку секоја гаси по едно жарче од неговиот кармички товар. Друг неправилен заклучок којшто го донесуваат луѓето што лошо го разбрале законот на кармата е изразен во мислата дека “не чини да се помага на тој што страда, оти тоа е неговата карма и тој си е виновен за неа”. Таквиот заклучок може да доведе до студенило и индиферентност, а во суштина е неточен. Точно е дека сме обиколени од зло и страдања од секаков вид, коишто се јавуваат како природен резултат на лошата карма на луѓето, но тоа не е причина да не правиме никакви напори да се спротивставуваме на тоа зло. Лошите мисли и постапки создаваат страдања, но добрите мисли и постапки го заменуваат страдањето со среќа. Нам навистина не ни е неопходно да се занимаваме со извршувањето на вишата правда. Таа ќе го спроведе својот непогрешлив суд и без нас; ние сме должни само да си го помниме долгот – да помагаме на секој што ќе се најде во нашата сфера на влијание. Веднаш штом тој човек ќе го пресретнеме на нашиот пат, а можеме да му помогнеме, таа можност е кармички долг – но не негов, туку наш. Својот тој ќе си го плати преку страдања, а ние нашиот долг ќе го платиме со тоа што ќе му помагаме. Дури и од егоистична гледна точка неопходно е да им се помага на тие што страдаат и на сиромашните, зашто пропуштајќи ја можноста да ги ублажите страдањата може да си создадете таква карма во чиј состав влегува и отсуството на помош во клучните моменти. Кармата не попречува ниту едно добро дело. Нејзините закони дозволуваат подобрување на нашата сопствена судбина, како и подобрување на судбината на нашите блиски. Кармичката астрологија се занимава и со определување на главната задача во инкарнацијата. Целата информација дадена во хороскопот е тоа што е сработено, сето тоа што човеко го натрупал при сите свои досегашни инкарнации на Земјата. Хороскопот исто така го разоткрива потенцијалот, сето мноштво на можности и разни варијанти на животи што можеме да ги преживееме.

Еве неколку интересни примери

Повреден влезен месечински јазол на Нептун зборува за негативно религиозно искуство, човекот во минатиот живот можеби настрадал од црквата или од некоја друга религиозна институција. Кога го анализираме хороскопот можеме да видиме дека многу атеисти и многу од критичарите на црквата во свое време пострадале од неа. Таков аспект откриваме кај Ленин. Како што е добро познато, тој ги мразел црковните лица. А во претходниот свој живот, тој бил мачен од Инквизицијата.

Преку астролошки методи можеме да ги видиме претходните инкарнации. Можеме да определиме кога последен пат некој човек, каде се случило тоа – и со што се занимавал. Ако влезниот јазол е повреден од Месечината, тогаш човекот загинал во несреќен случај, ако е повреден од Марс – можеби го убиле, ако е од Уран – можеби бил многу смел или пак сам ставил крај на својот живот. Во хороскопот на Хитлер влезниот јазол е повреден од Уран. Има основа да претпоставиме дека во претходниот живот, како и во тој што ние го познаваме, Хитлер се самоубил.

Еве пример и за позитивна карма: влезниот јазол е во хармоничен аспект со Сонцето – значи човекот имал висока општествена положба. Можеби бил крал или некаков друг висок управител. А тој што во животот бил управител, тоа ќе биде и во следниот.

Кармичката меморија ги поучуба како да управуваат и да владеат на најефективен начин. И тие луѓе многу бргу се искачуваат по социјалните скалила – стануваат високи раководители, претседатели. Претседателите во минатите животи биле кралеви, императори. Тој што бил никој и ништо во минатиот живот, и во овој ќе биде никој и ништо – тој ќе треба да изврви долг пат за да добие кармичко искуство. Можно е напредување, не е исклучено ниту моментално израснување. На пример, на уметникот, за да биде генијален, не му биле доволни само една или две инкарнации, туку многу повеќе за да го развие своето мајсторство.

Според бројката на знаци во зодијакот, постојат 12 кармички задачи. Тие се определуваат според Месечинскиот јазол во знаците на зодијакот. За секоја нова инкарнација јазелот се преместува во следниот знак, но во обратна насока. Се менува и кармичката задача, што изискува и промена на дејствијата. Така ние минуваме низ сите своите задачи.

Хороскопот се толкува во зависност од кармата, од социјалните услови, од нивото на култура. А она што се однесува на слободната волја е како човеко може правилно да ја искористи својата слободна волја, ако нема претстава за сопствената иднина. Тоа е исто како во ноќ да возиме со изгаснати фарови.

Астрологот, како некој рефлектор, го осветлува патот на човекот. И токму во тоа осветлено пространство на животот човек може да ја примени својата слободна волја. Донесувањето на едно решение е исто така до некаде предодредено, и астрологот може да го види. Космосот, влијаејќи на астралното тело, предизвикува во човекот одредени желби, намери, интереси, склоности, состојба на вљубеност. Астрологијата може да претскаже дури и кога човек ќе започне некој “љубовен роман”, и колку длабок ќе биде тој. Претставете си ја следнава ситуација: астрологот на семеен човек му претскажува љубов во иднина. Тој човек е претходно подготвен и ситуацијата не го затекнува. И тогаш се појавува можноста за избор: Човекот сфаќа дека тоа е програма за она што е можно, и дека не е задолжително да си го уништи семејството за да создава ново. И тој сам донесува решение. Астрологот може да го предвиди и решението што човекот ќе го донесе. Ако например има три астролошки сигнали за развод, тоа значи дека е многу веројатно човекот да се разведе. Астрологијата го предупредува човекот за можните опасности, болести, несреќни случаи. Таа говори и за поволните можности за кои треба да се подготвиме и да ги искористиме максимално. Може да има многу такви ситуации, но поради неподготвеност ние не ги искористуваме правилно. На пример, писателот ќе знае кога ќе има најповолни услови за творење и за големи постигања на тој план. Се разбира, тој може да работи и постојано, но реализацијата на неговото творештво ќе биде максимална ако постојат определени космички предуслови, Знаејќи го тоа, тој во посочениот период може да постигне добар резултат со помалку нервоза и, се разбира, за пократок временски период. Често се случува човек откако ќе добие прогноза од астрологот да чека пасивно таа сама од себе да се случи.

Се разбира, с# зависи  од нивото на развој на конкретниот човек. И поради тоа што астрологијата завлегува во животот на човекот, тој с# повеќе ќе осознава дека има некаков програмиран дел од судбината, но и можност да се издигне и да се ослободи од неа.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20