Големовлашката завера против Македонија!
Превземен текст од порталот https://okno.mk/node/2071?fbclid=IwAR3IRw4P7cXvSngck7pXCz41VvO_3kc0EX5GTEOqatgsTyOgenhQya45-f8
Големовлашката завера против Македонија!
28.08.2009 17:31
Став
Вуна
Големовлашката завера против Македонија!
извадоци од дневникот на еден просечен Влаф
14.09.2009: Есенска средба на маалскиот огранок на Влашкото Лоби
Денес сме собрани “Кај Јоле”, легендарната влашка кафана, на неформална средба. Не се присутни некои побитни Власи, повеќето се сеуште на одмор. Тие што дојдовме, поднесовме извештаи кој каде бил на летување, кој колку пари украл, кој колку данок затаил, и нормално кој каде лобирал.
Се почувствував како за греота кога сите почнаа да се фалат, зашто мене фирмава скоро да ми банкротира поради кризата. Затоа морав да се зајмам кај Штерјо преку летото. И сега, што да им кажам на другите? Бев само на две недели во Грција. А пак таму, што да лобирам, лобирано е, излобирано…
Барем на средбата имаше бесплатно јадење и пиење за сите.
15.09.2009: Навидум обичен ден
Годишнина од легендарниот петнаесетти септември. Од 2002 навака, ние Власите на секој петнаесетти септември си велиме со другарите “ти мулц ањ”. Тоа беше денот кога Бранко не’ врати на власт. Не дека не сме биле на власт порано, ама овојпат беше многу симболично, зашто за време на тој мандат го имавме и првиот влашки премиер Хари Костов. Нашата партија СДСМ убедливо ги доби изборите и конечно можевме да се вратиме да се изживуваме со државните пари. Освен тоа, фотелјите се многу меки…
Ние од секогаш сме ти биле во симбиоза со власта. Етимолошки зборот “Власи” потекнува од власт. Во фотелја пливаме како риба во вода.
А најдоброто е што кога си на власт можеш да пишуваш фактури и за џеб да не се фаќаш!
16.09.2009: Еден ден молк
Умрел Даскалот. Син му му побарал на заем двеста евра, и на Даскалот толку му требало – го мавнала капка на место. Но, и тој син му бил наивен, требал да знае дека не му се бараат на Влаф пари. Затоа отиде сега стариот. А имаше 105 години. Влаф и пол. Сите Власи, негови деца сме. Не го споменувавме баш често, ама секогаш се сеќававме на неговите мудри мисли: “Оди кај што се парите!”, “Не е срамно да се краде кога немаш, а ни кога имаш!”, “Влаф за Влаф, Македонија за пари!” и “Кога е гага, и солта е блага!”.
Се собравме сите денес во Крушево, на неговиот погреб. Се знае, за арно или за лошо, ние си се држиме заедно. На закопот сите ќутат, а и на закуската не се зборува многу. Тажно е, и никому не му се лобира. Само се шпекулира дека Штерјо задкулисно преговарал со некои Грци попладнето. Зафатен човек.
Ако ништо друго, бар имаше бесплатна храна. Иако малку посна.
17.09.2009: Годишна средба на Влашкото Лоби
Денес облеков одело и се упатив кон Александар Палас, влашкиот хотел. Штерјо не’ пречека во лобито. Тука се: Хари, Зиковци, Цацко од К-15, Таки, Шутурковци, Макрадули, Вранишковски, Панде, Нико, Димо, Ташку, Пети, Перо, Чача, Киту, Вуди, Чак, Џармуш, Стоктон, Еминем, некој директор на некоја фармација, некој од ДБК, од Владата два-тројца, некои попови, еден бискуп, некој фудбалер, некои шефови на обезбедување, Галичани, адвокати, лекари, цариници, металци, некој од Харе Кришна, невладин сектор, судии, вештаци, глумци, па делегација од Грција, од Србија, од Бугарија, од дијаспората, од Сорос, од Албанија (Фатос Нано Влаот специјален гостин), Калиопи пее химна, а сите веќе собрани, Питу Гули од гроб да можевме да го станеме, ќе го донесевме. И некое дете има овде, го викаат Вуна, на Вангеловци бил. Сеуште е дете, ама сите ги познава; со Штерјо дури е на “ти” е, а Макрадули го зафркава за тоа како бил прикажан на “Еднооки”. Ќе го биде, лојален е.
Инаку, на годишните средби се’ е околу лобирање. Се вадат извештаи, се кројат планови, се договараат бракови, се местат натпревари и избори за мис, се договараат изборни коалиции, се кројат граници и се препродава вишокот роба, а во последно време некои припадници сакаат да си ги мерат швајцарските сметки. Од една страна, сето тоа е забавно, ама од друга многу е напорно. Како што вели Штерјо: “пошто ние све држиме у државава, за све мора и да се секираме”. На пример, само на прашањето околу шверцот со цигари заглавивме околу 5 часа. Колку за илустрација, за тие 5 часа на границата поминаа 8 шлепери. Кога дојде на ред прашањето каде ќе градиме нови згради, половина го напуштија лобито знаејќи каква жолчна дискусија ги чека. На крајот, се дискутираа и политички прашања. Како и секогаш, се зборувеше за можните стратегии за пропаѓање на Македонија.
На таа тема, никако да постигнеме консензус. Во Лобито постојат главно две тенденции: “лоповска” и “предавничка”. Првите се водат од економски аргументи; велат дека ако продолжат да крадат, па уште и ако тоа го прават со засилено темпо, Македонија за брзо време ќе банкротира. Вториве, пак, се залагаат за политичка криза и соработка со Грците, и тоа е нивнта визија за уништување на Македонија. Јас искрено, се наоѓам помеѓу двете тенденции, и единствено што ме интересира е конечно да пропадне се’ и земјава да не постои веќе. Е сега, поубаво би било ако може и ќар да се има од тоа, но и Грците не се лоша алтернатива; впрочем, традиционално ние со Грците сме многу блиски.
Сепак, за обичните Власи како мене, годишните средби главно се памтат по две работи, од кои едната е добра а другата е лоша. Добрата е што се служи бесплатно јадење и пиење. Лошата е што се збира членарина. Е не ми се даваат пари, па дури ни за каузата.
18.09.2009: Лоши вести
Многу се нервирам, почнаа на вести да кажуваат лоши работи. Велат дека се качил стандардот во време на криза. Можеби Грујо пак нешто мати, ама мене срцево ми застана. Како бе се качил стандардот? Дебакл. Толку инвестиравме во мафијата, се’ дадовме земјава да осиромаши и пак не ја бива работата. Највеќе ме нервира покачувањето на стандардот на Македонците; тоа автоматски повлекува дека нашиот стандард опаѓа. Трпај по Швајцарии, Германии, пери ги парите, и пак нема да ми стигнат ни за едно зградиче.
И капак на се’, позитивен сигнал од Меѓународната! Налет работата со Грците, еве и Бугарите ги плативме – и пак ништо. Јас лично сум вртел телефони да лобирам во Европскиот Парламент! И тоа не само јас, туку и сите други! Но, изгледа, такво време дојде, не можеме ни една опструкција да излобираме како што треба. Добиена е одлука за визна либерализација. Што ќе ми е визна либерализација?! Ние Власите веќе си имаме Шенген визи, ни ги доделуваат за да лобираме по Европа. А сега, и за “рајава” визи, не’ ставаат во истиот кош!
Некој мора да плати за ова.
18.09.2009 (вечер): Вонредна средба на Влашкото Лоби
Очигледно не ме погодиле само мене лошите вести. Уште во 10 вечер се собравме сите на тајна локација. Мислам дека беше некаде во Злокуќани. Штерјо беше црвен, напнат. Си велам, вака ако се нервира човекот, не може да лобира ко што треба. А го знаеме него дека е тенок на живци, од епизодата на “Еднооки”.
Се донесе некој акциски план. Немало друго чаре, па мора да удриме на идентитетот. Тоа им било Ахилова петица на Македонциве. Ако сме им го сотреле идентитетот, другото полесно ќе одело. Затоа, нашите ќе лобирале кај Паско Кузман да ја форсира тезата дека Словените се всушност Антички Македонци. Така ќе го закарале со тие што тврдат дека Словените се доселиле и претопиле со Античките Македонци. На крајот, кога ќе ги поделиме, до тој степен да се искараат меѓу себе, ќе им кажеме дека Александар Македонски бил Влаф и со тоа ќе ги закопаме! Затоа што ако Александар бил Влаф, автоматски бил и Грк. Има тоа идентитетот како роденденска торта да им го појадеме. Чудни се патиштата влашки.
Туку, убаво што донесоа план, ама од што беше вонреден состаноков, бесплатна храна немаше, па секој од нас мораше сам да си плати. Мислам, јас си реков дека некој треба да плати за лошите вести, ама не мислев дека тоа ќе бидам баш јас лично. Ај сц фут нана.
Слики: Terry Rodgers
Споделете