КЛЕТВА

Се лажат оние што мислат
дека можам да бидам бугарин
србин и грк.
Мајка ми
ме задои со млего од Пирин планина
во Вардар прв пат ме избања
со Егејски песни ме успиваше.

Плачеше
молеше
и ме колнеше –
– расни синко
порасни
на мајка донеси бела волна
за внукот да истакаем еден единствен
бел повој –
за тебе немав!

п.с. од Од мојата 2 книга песни “ГРЕВОВИ ПОД РИДОТ’ излезена 1997 Господова

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20