АСТРОГЕНЕТИКА :ПЛАНЕТИТЕ – ТЕНКА НИТКА ДО ПРЕТЦИТЕ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Во наталната карта прецизно се гледа, на пример, дали баба ви била добра домаќинка, а дедо ви алкохоличар. Аспектите се наследуваат, но и во најлошиот хороскоп секогаш постои нешто добро, што го пронаоѓаме кај оние кои ги среќаваме секогаш кога ни се најпотребни, а често и кај светците кои не чуваат од злите сили.
Пред дваесеттина години научниците им се потсмеваа на астролозите, говорејќи дека сите наследни особини се запишани во гените и ќелиите на ДНК и дека планетите и ѕвездите на можат да влијаат на човекот. Астролошката литература од запад зборуваше за особините на знаковите, на планетите и на полињата, но без подлабокода ја согледа вселаната, т.е. макрокосмосот и човекот како микрокосмос, при чие раѓање се запишани сите планетарни влијанија. Со самото тоа и генетски.
Веќе кон средината на 80-тите, се забележуваше дека децата ги наследуваат хороскопите на своите родители и дека случајности не постојат. Ќе го земеме за пример хороскопот на една брачна двојка, во која жената е родена под знакот на Бик, со посдзнакот во Рак и со Месечина во Рибите, додека нејзиниот маж е роден во знакот на Јарец. Нејзината ќерка ја има идентичната комбинација на мајчините знаци. Бик, подзнак Рак со Месечина во Риби, но затоа во својот хороскоп има пет аспекти од татко и (а посебно тригон на Сонцето и Месечината) кој & дава виталност, волја и сила токму како што има нејзиниот татко. Полемиката на тамата “астрологија како псевдо наука и генетиката” траеја до почетокот на 90-тите, а тогаш астрологот Горан Милекиќ направи револуција во европската и светската астрологија поврзувајќи го генетското наследство со влијанието на планетите, но и со знаковите на Зодијакот. Резултатите и на други астролози неверојатно се совпаѓаат со неговите, со тоа што Горан Милекиќ има отидено многу подалеку, па во наталниот хороскоп ја определува целата генеза, до трето и четврто колено нананзад.
СИМБОЛИТЕ НА НАЈБЛИСКИТЕ
Секако се прашувате: Како да се поврзе влијанието на планетите и ѕвездите со нашите претци? За почеток, Сонцето и Месечината како Машки и женски принцип секогаш го определуваат таткото и мајката. Слично дејствуваат Марс и Венера со таа разлика што Марс го претставува таткото таткото во младоста, Венара Мајката, исто така во младоста и пред стапување во брак. По венчавањето и раѓањето на детето, родителите престануваме да ги гледаме како Марс и Венара, туку како Сонце и Месечина, односно како татко и мајка.
Сатурн секогаш го претставува дедото во аспект со Сонцето по таткова линија, а со Месечината – по мајчина линија. На сличен начин Сатурн во Рак го претставува таткото на мајката, а Сатурн во Лав татковиот татко. Аспектите помеѓу Месечината и Нептун ја означуваат бабата, но неа често ја претставува и Марс во знакот на Бик, Скорпија, Јарец или Риби. Плутон секогаш е поврзан со прадедовците и прабабите. Сонцето и Сатурн во аспектот со Плутопн зборуваат за прадедото по таткова линија, додека Месечината во аспектот со Плутон говори за прадедото по мајчина линија. Варијации секако ги има безброј, бидејќи и астролошката симболика е бескрајна, па затоа е потребно големо знаење и искуство, за човек во сето тоа да се снајде.
И полињата во хороскопот се од големо значење за определување на генетиката. Во машкиот хороскоп, четвртото поле секогаш ја претставува мајката, а десеттото – таткото, додека во женскиот хороскоп најчесто е обратен случај. Но, што ако во хороскопот на некоја девојка четвртото поле почнува со во знакот на Рак, а десеттото во Јарец? Ракот е мајчински знак, со него владее Месечината, па во тој случај четвртото поле ќе ја претставува мајката, а десеттото во знакот на Јарец – таткото.
Асцендентот и десцендентот (врвот на првото и седмото поле) во женскиот хороскоп го претставува дедото и бабата, т.е. првото поле дедото, а седмото бабата, додека во машкиот хороскоп ситуацијата е обратна. Така, на пример, во машкиот хороскоп, ако Месечината во Бик во прво поле, се наоѓа во опозиција со Нептун во Скорпија во седмо поле, имаме јасна слика на пожртвувана баба, одлична домаќинка која најдобро готвела во селото и била столб на семејството (што е с# сродно на домаќинскиот знак на Бик и егзалтира на Месечината), додека дедото бил пијаница, па рано умрел од претерана употреба на алкохол, што одговара симболично на Нептун.
ОТКРИВАЊЕ НА ТИВКИОТ УБИЕЦ
И аспектите се од исклучително значење. Така, коњукцијата на Сонцето и Сатурн секогаш зборува за таткото и дедото и за нивниот антагонизам, бидејќи Сатурн полека, но сигурно го убива Сонцето, исто како што дедото тивко и незабележливо кај таткото ја убивал волјата за живот, сметајќи го за неспособен и омаловажувајќи го, што ќе се одрази на неговата самодоверба во животот. Во ваквата констелација, доколку таткото (т.е синот) на време не се осамостои, најчесто умира од срце или од некоја друга хронична болест, а дотогаш живее во страв од авторитети на работа, бидејќи с# што таткото му наметнал како должност и одговорност, а што во суштина било тиранија, подоцна се проектирало на односите со другите авторитети. Комплетниот однос на таткото и дедото го гледаме во хороскопот на човекот чиј татко умрел од срце во средни години, додека дедото живеел речиси 90.
Во друг случај имаме женски хороскоп со коњукција помеѓу Месечината и Сатурн во знак на Скорпија. Месечината во Скорпија секогаш ја претставува бабата (но и мајката поради Месечината), Сатурн – дедото, а коњукцијата – нивниот меѓусебен однос. Бабата умрела поради внатрешно крварење, кои не биле силни, но затоа биле зачестени. Тие настанале како последица на тепање, бидејќи маж & долго ја малтретирал, а за тоа во селото малку кој знаел. Овде не се работи за класична тиранија и за свирепо убиство, туку за долготрајно понижување, невидливо за останатиот свет. Било само прашање на време до кога бабата ќе издржи, бидејќи Месечината во Скорпија дава исклучителна издржливост и способност за регенерација. Но, Сатурн, сепак е Сатурн, па убива полека и сигурно, што с# се гледа во навидум смиреното и достоинствено држење на дедото за кого само неколку луѓе од селото велат дека имал по малку суров и насилнички израз на лицето, додека останатите тоа не го забележувале.
Овој генетски запис се пренесува и на ДНК на младата девојка како и на нејзиното енергетско поле, кое е нарушено низ проклетството предизвикано со дедовата суровост и со трпењето на бабата, со која таа несвесно се поистоветува во случај ако се омажи за постар маж. Целата симболика одговара на седмото поле – полето на брак, па таа лесно може да ја преземе улогата на баба & во едно модерно и суптилно време и да стане жртва на маж кој е психо-убиец.
ДА СЕ ВРЗЕШ ЗА НАЈДОБРОТО
Аспектите се наследуваат, а целиот хороскоп зборува за генетското наследства, не само за таткото, мајката, бабите и дедовците и за далечните претци, туку за доброто и за злото, за светците кои преку славите на нашите претци н# штитат, како и за генетското проклетсво кое во никој случај не смееме да го поврземе со црната магија. Благословот може да го ублажи проклетството, но никој не може да го симне бидејќи тоа е исто како со гумичка да го избишеш Сатурн и Плутон од нечиј хороскоп, да ја испеглаш лошата линија на нечија дланка, или да ја промениш ќелијата на ДНК.
Но и во најлошиот хороскоп, секогаш постои добро кое може да н# спаси низ симболиката на планетите и на знаците низ ликовите кои ќе ги сретнеме во животот, тогаш кога ни се најпотребни, а често и низ светците кои н# чуваат нас, нашата куќа и семејство од зли сили, доколку ги почитуваме и славиме вистински, а не само формално.
Генетското наследство кое е запишано во нашиот хороскоп е толку јако што некој би помислил дека с# е целосно однапред предодредено, дека е бесмислено што и да се прави, дека “од судбината не може да се побегне”. Изгледа дека е така, но не е, бидејќи ако се врземе за симболиката на добрата планета, за силниот аспект и за полето на животот кое може да ни донесе успех, ќе почнеме полека да излегуваме од тунелот, прифаќајќи го животот таков каков што е, во најпозитивната смисла на зборовите. Товарот на обврките и на одговорностите никој не може да ги избегне, но ако некој се занимава со работа за која е роден, живее со личност која ја сака, без разлика дали тоа е маж, пријател или брат, во местото со кое лично е во најголема хармонија и ако пронајде духовен мир – ќе биде задоволен со својот живот. Апсолутни среќни нема на овој свет, но да извлечеш максимум од својот хороскоп значи да успееш во животот.
Исто така, многу е важно да не се врзеш за најлошата планета во хороскопот, за најлошиот аспект и планетарна констелација која може да н# доведе до пропаст. Тука астрологијата на човекот му дава слободен избор, а од неговата сила, волјата и уште повеќе, желбата и позитивниот начин на размислување ќе зависи дали ќе живее во хармонија со космосот, наоѓајќи го мирот во себеси, или постојано ќе биде растргнат на работ на нервен слом.
Споделете