Астролошки совети кога одите да барате работа, за деновите во седмицата.

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Понеделник – Во тој, во секој однос тежок, ден, може да сметате на успех кај работодавецот ако изгледате: рамнодушни, спокојни, ако не правите нагли движења, ако разговарате со тивок глас, ако сте облечени во светли алишта. Многу важно е: да покажете дека умеете да се разбирате со луѓето и дека имате истенчена внатрешна суштина и организираност.

          Сето тоа е битно бидејќи заштитничка на понеделник е Месечината, а таа е планета на нежноста и спокојството. Освен тоа, Месечината одговара за домот, за семејството, за воспитанието и насочува кон милосрдност.           Затоа во понеделник не треба да ги дразните луѓето што се наоѓаат во Вашата околина и Вашиот шеф со впечатливи, шарени алишта и со висок и дрзок глас. Најдобро би било да одберете облека во бледи тонови.

          Понеделник е најуспешен за работа со деца, за директори и училишта, медицински и добротворни здруженија. Најдобро би поминале ако барате работа како воспитувач, онаму каде што се работи со луѓе, а исто така и во домаќинствата.

Вторник овој ден е штитеник на планетата Марс. Се смета дека Марс заштитува с# што е јасно, точно, определено и силно. Затоа би требало да се облечете повпечатливо, и пожелно е во боите да преовладува црвената боја. И одете само ако сте уверени во себе, зашто во тој ден е голема веројатноста уште истиот ден да Ве примат на работа, но многу можно е и да Ве одбијат не кажувајќи Ви ги причините.

За да не бидете отфрлени, во вторник објаснувајте брзо, кратко, без задржување. Покажете дека сте деловен човек и дека сте спремни да вникнете во суштината на работата.

Бидејќи на овој ден заштитник му е Марс, кој е олицетворение на воинственото начело, во тој ден најлесно се успева со оние работи што имаат врска со војската. Ќе им тргне и на оние што сакаат да почнат да работат во фирма каде што има инструменти што сечат или режат. А лесно ќе поминат и оние кои што ќе отидат во новосоздадена фирма.

                 Среда

Заштитник на овој ден е Меркур, кој е позитивно настроен кон младите и кон оние луѓе кои јасно ги изразуваат своите мисли и кои се облечени во младешки стил. Затоа, тој ден облечете се во кошула, во џинс, во патики, зборувајте многу – пожелно е да употребувате сложени фрази, за да изгледате како многу интелигентен човек. Погрижете се да изгледате колку што е можно помладешки.

Меркур е бог на трговијата, и во среда најлесно успеваат да си најдат работа оние што ја бараат во трговијата (трговски агенти, продавачи). И едно предупредување: во овој ден многу луѓе стануваат жртва на финансиски збрки и измами.

                   Четврток

          Заштитник на овој ден е планетата Јупитер. Таа е благонаклона кон образованието, патувањата, посебно во други земји. Ако зборувате странски јазици, имате високо образование, мечтаете за кариера поврзана со странство, или воошто за перспективна работа, тогаш работа барајте во четврток. Во овој ден треба да бидете скромно, непретенциозно облечени, но важно е на работодавецот да му ги покажете своите знаења и намери, да успеете да ја откриете својата внатрешна содржина. Покажете дека сте готови на постојано самообразование, на долга соработка, на успешно и амбициозно вршење на своите обврски, во што ќе немате конкуренти.

                      Петок

          Планета – заштитничка на овој ден е Венера, која што е наклонета на жените и убавината. Имено, поради тоа жените што обрнуваат внимание на својата надворешност, на облеката, знаат убаво да зборуваат, можат со сигурност да сметаат на нова работа.  Не пропуштајте ја својата шанса! Но и мажите што се добро облечени и имаат красноречивост имаат шанса да добијат вработување.

Денот на Венера е поволен за почнување со нова работа во цвеќарница или во бутици. Успешен е и за луѓето кои што творат, и за оние што имаат добар вкус.

                         Сабота

          Тој ден се наоѓа под влијание на планетата Сатурн, која важи за планета – ограничувач, која е одговорна за законите и за недвижните имоти. За да сметате на успех, треба за време на разговорот да сте облечени строго, во класичен стил, без никакви украси. Во зборувањето треба да бидете воздржани, како и да не правите никакви излишни движења: влегување, излегување, седнување, станување… Не прифаќајте ја понудата со чај или за кафе – ќе бидете избришани засекогаш.

Во овој ден, ако се придржувате кон овие препораки, имате шанса да добиете работа која што е раководна или се однесува на недвижни имоти.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20