Конгресот на САД му забрани на Трамп да го напушти НАТО…..
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Преставничкиот дом на САД усвои закон за поддршка на НАТО, кој ќе му поречи на председателот Доналд Трамп да излезе од НАТО, ако се одлучи на тој корак. За овој закон гласале 357 конгресмени, додека 22 против. Познато е дека конгресот не може официјално да му забрани предесдателот Доналд Трамп да излезе од блокот, но може да го блокира финансирањето за излегувањето. Конгресот ја користеше оваа тактика своевремено во времето кога сакаше Конгресот да му попречи на Барак Обама да го затвори затворот во Гвантанамо. Законот на Претставничкиот дом ги повика членките на НАТО да потрошат 2 проценти од БДП за одбраната. Сличен закон се разгледува и во Сенатот на САД. За да стане закон, тој мора да биде усвоен во двата дома на Конгресот и претседателот мора да го потпише. Доналд Трамп може да стави вето на овој закон, што Конгресот може да го избегне ако добие доволно гласови.
Често се критикуваше НАТО дека блокот е застарен, исто така, бараа сојузниците да плаќаат “фер удел” на воените трошоци во Алијансата, од кои три четвртини се надвор од САД. Сепак, Доналд Трамп во јавноста никогаш не изјави дека сака да излезе од овој воен блок.
Споделете