Орбан индеректно на Трамп му порача: Јас, не сум дедо мраз, да исполнувам желби, нова година помина…. Унгарија ќе води неутрална политика….

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

автор: Илија Бошков – Крајнички

Српскиото портал http://webtribune.rs/orban-odbio-naredenje-amerike/ излезе со наслов „Орбан одби наредба на Америка“. Порталот понатам,у во текстот вели: Унгарскиот премиер Виктор Орбан им рече на американските дипломати дека сака да изгради неутрална надворешна политика и да не ги исполни барањата на САД, пишува “Волстрит Журнал”.

Весникот забележува дека шефот на унгарската влада добил наредби да се спротивстави на “кинескиот сајбер-шпионажа” и да ја поддржи Украина како противтежа за Русија. Сепак, Орбан одби да ги почитува овие барања. Според него, тој сака Унгарија да биде “неутрална како Австрија”, пртенесе Спутник.

Напротив, весникот вели дека унгарскиот премиер привлекува кинески инвестиции во информативната инфраструктура на земјата, а исто така се спротивставува на преговорите помеѓу НАТО и Киев на министерско ниво. Орбан е незадоволен од ситуацијата за намалување на можноста за школување на унгарски јазик во Украина за националните малцинства.

На крајот од 2018 година, рускиот претседател Владимир Путин рече дека е постигнат значителен напредок во развојот на руско-унгарските односи и дека се постигнати нови граници на соработка. Тој, исто така, изрази надеж дека заедничката работа ќе продолжи да ги зајакнува билатералните односи во различни области.

           Кога ја видов оваа индормација, веднаш забележав Орбан по давањето азил на Никола Груевски добил вирус „Никола Груевски“! Зошто велам „вирус Никола Груевски“. Своевремено поранешниот премиер Никола Груевски одби да воведе санкции на Руската федерациуја, по што почна поитичката криза во Македонија.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20