Трамп го моли глобалното затоплување, да го избрка наметниот гостин Сибир, им отишол на гости со над минус -50 степени….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Автор: Илија Бошков – Крајнички
Поради санкциите на САД кон Русија, Сибир замина на гости во САД, мислеќи дека санкциите и за него се однесуваат. Лошите јазици зборат, дека председателот ма Руската Федерација Владимир Владимирович Путин, не му доЗволувал прениски температури. Од овие причини Сибир заминал за САД каде „царува демократијата“ каде може да се раскомоти. Не е исклучено како другар по пат да го повел Антартик, заедно да уживаат во температури над -50 степени, што самиот Антартик не може да ги постигне.
Српскиот портал https://rs.sputniknews.com/svet/201901291118687278-sad-zima-niske-temperature/ излезе со наслов: „Во Америка и до -50 степени, Трамп го моли глобалното затоплување, каде си, ни требаш… Порталт понатаму вели:
Делови на САД до крајот на неделата ги очекуваат ниски температури, кои ќе паднат до 53 степени под нулата на Целзиусовата скала, предупредуваат метеоролозите.
Најстудено ќе биде во среда, во Чикаго ќе биде постудено од Антарктикот, според Би Би Си, додавајќи дека таква ниска температура се случува еднаш во 25 години.
има големи сненежни наноси на меѓународниот аеродром во Чикаго
© AP PHOTO / NAM Y. HUH
Сибир пристигнува во Америка
Температурите под нулата ќе влијаат на најмалку 55 милиони луѓе.
Вонредна состојба е прогласена во Висконсин, Мичиген, Илиноис, Алабама и Мисисипи, властите во Ајова ги предупредија граѓаните за време на нивниот престој на отворено, да не дишат длабоко, да не зборуваат многу. Илјадници училишта се затворени, главно во северозападниот дел на САД.
Американскиот метеоролошки институт соопшти ако се остане само 10 минути на таква такастудена температура може да доведе до сериозни смрзнатини.
По тој повод, претседателот на САД Доналд Трамп, напиша на Твитер дека “на преубавиот Среден Запад” ледените температури достигнале минус 60 степени и дека луѓето не можат да издржат таму ни неколку минути, пренесува Танјуг.
“Што не е во ред со ова глобално затоплување? Те молам, врати се брзо, ни требаш! “Напиша Трамп.
Donald J. Trump
✔@realDonaldTrump
In the beautiful Midwest, windchill temperatures are reaching minus 60 degrees, the coldest ever recorded. In coming days, expected to get even colder. People can’t last outside even for minutes. What the hell is going on with Global Waming? Please come back fast, we need you!
162 хиљ.
03:28 – 29. јан 2019.
Председателот на САД Доналд Трамп ќе треба во кабинетот да земе еден од советник од резерватите со домородното индијанско население. Само нивните врачеви имаат искуство, како неканетиот гостин од Сибир со магиски обгреди да го избркат.
Споделете