Лош почеток на преседателската кандидатура на Влатко Ѓорчев: Италија ставила вето во ЕУ, да се издаде соопштение дека Хуан Гваида го признаваат за председател на Венецуела…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Мора да признам, само што го вклучив компјутерот, добив известување од српски портал за нивен нов текст. Кога го прочитав текстот, кога ја видов информација, како новинар долго се мислев како да ја пласирам, да не предизвикам длабока депресија кај Влатко Ѓорчев, кој ја најави неговата кандидатура за преседател на Република Македонија. Зошто бев во многу непријатна ситуација? Се мислев како да ја пласирам информацијата, а де не предизвикам душевни тегоби кај председателскиот кандидат Влатко Ѓорчев. За се е крива Италија! Српскиот портал https://rs.sputniknews.com/evropa/201902041118738375-Italija-gvaido-/ излезе со наслов : „ИТАЛИЈА СТАВИЛА ВЕТО ЗА ПРИЗНАВАЊЕНА ЕУ ГВАИДа ЗА ПРЕДСЕДАТЕЛ НА ВЕНЕЦУЕЛА“. Веднаш ми текна, председателскиот кандидат Влатко Ѓорчев, познат како добар „телохранител“, веќе го призна Хуан Гваида за председател на Венецуела.
Порталот во текстот вели: „Италија ја блокираше изјавата на ЕУ за признавањето на претседателот на Венецуела, Хуан Гвида, како актуелен претседател на државата, изјавија дипломатски извори во Брисел. “Италија на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, кој се одржа од 31 јануари до 1 февруари во Букурешт, стави вето на изјавата на ЕУ, која требаше да да прочита шефот на европската дипломатија Федерика Могерини и во која се вели дека Еу Гваида ќе се признае, ако не се организираат претседателските избори”, вели соговорникот на агенцијата.
Се надевам дека ветето на Италија нема многу да влијае на председателската кандидатура на познатиот „телохранител“ Влатко Ѓорчев – во спротивно ќе треба да појде до Венецуела да го реши проблемот, Николас Мадуро да го симне од председателската функција…..
Споделете