Да ли денес некој во Букурешт ќе испуши Турски тутун? Не е исклучено Унгарскиот да му комнкурира – Македонската и грчката влада да продолжат домашниот качак да си го пушат…..

ХОРОСКОП КРАЈНЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Денес во Букурешт, треба да започне прекинатата театарска престава од 2008 година, кога на гостинот статист не му дсозволија да се приклучи на сцената со останаите актери. Како новинар аналитичар, кој над 30 години ја следи и анализира како домашната, така и глобаслната сцена, во моментот се обидувам да го анализирам денешниот состонако на НАТО алијансатра во Букурешт. Денешниот состанок на НАТО алијансата, премногу е симптоматичен, освен што е во истиот „театар“ во Букрешт, мириса на исто сценарио. За разлика од статистот Македонија во 2008 година, која очекува да се приклучи на сцената со останатите актери, Грција како постојан актер ќе биде само статист, предходниот нејзин текст, можно е Турција, па и Унгарија да го кажат. Кога моите анализи за денешниот состанокна НАТО во Букурешт, ќе ги поврзам со состанокот на НАТО во 2008 година, на кој присуствуваше и самиот председател на САД помладиот Џорџ Буш, кој во предвечерието најави покана на Македонија зџа влез во НАТО, но утредента се вративме со „свирче“ во устата. Моите анализи зборуваат дека денес не исклучено освен „свирче“ да ни подари Турција некој „качак“ за по пат кога ќе се прави „пуш пауза“! Зошто веламТурција? Турција е една од можните земји, денес што може да стави вето на поканата за членство. Во последно време односот на Турција и САД не се најдобри, особено по неуспешниот воен удар, за да се симне преседателот Реџеп Тајп Ердоган од власт. Втора причина е турско – грчките односи кои се напнати, пред воен конфликт. Третта причина е рускиот гасовод и кинеската пруга. Турција од САД беше изиграна со наоружување на курдите во Сирија од страна на САД. Турција еконмски е зависна од Русија. Најголемиот дел на нивната градежна индустрија работи во Русија, а туристичката сезона најмногу им зависи од руските туристи. Ставот на Русија за Македонија е многу јасен: Македонија да во ЕУ, но не во НАТО!

           Тука треба да се напомене и добрата воена соработка помеѓу председателот на Турција Реџп Таијп Ердоган и рускиот председател Владимир Владимирович Путин. Секој добар аналитичар знаее, Турција купи ракетни системи s-400 од Русија, по која слободно ќе може да излезе од НАТО алијансата и да го започне воениот конфликт со Грција, воено расчистување со проблемите околу Кипар и другиостров и островите на кои претендира Турција.

           Тука не треба да се заборави, изјавата на председателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган „За нас Македонија секогаш ќе биде Република Македонија – без разлика на преспанскиот договор“!

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20