САД наскоро ќе добие клоца од Европа, најновото германско истражување покажало дека САД преставуваат поголема оипасност за безбедноста на Европа од Русија….

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Илија Бошков – Крајнички

Српскиот портал https://rs.sputniknews.com/evropa/201902121118827687-istrazivanje-nemci-ruska-pretnja/ излезе со наслов „Тотален пресврт: На германиците повеќе не е закана Русија, го покажало новото истражување“. Порталот во текстот вели:

            Новото истражување спроведено меѓу германските граѓани покажа дека САД претставуваат многу поголема закана за европската безбедност отколку Русија, пишува германскиот весник “Cajt”, цитирајќи анкета на Фондацијата Фридрих Еберт. Резултатите од ова истражување ќе бидат презентирани во средината на февруари на годишната безбедносна конференција во Минхен.

           Покрај тоа, половина од испитаниците (50%) гледаат на проширувањето на НАТО како причина за влошување на безбедноста во Европа, а 41% од Германците ја сметаат заканата за ширење на Европската унија. Во меѓувреме, повеќе од половина од испитаниците (54 проценти) веруваат дека Европа мора да инвестира повеќе во безбедноста. Исто така, се наведува дека анкетите биле спроведени во неколку други европски земји, а резултатите покажале дека повеќето српски граѓани (85 проценти), Украина (74 проценти) и Полска (67 проценти) сметаат дека нивните земји не добиваат соодветно признавање на меѓународната сцена.

Да се потсетиме, претходно, социолошкиот институт “Форса” спроведе истражување за ставот на граѓаните на Германија кон изградбата на гасоводот Северна тек 2. Според резултатите, само 13 отсто од испитаниците се спротивставија на спроведувањето на проектот, додека 73 отсто сметаат дека изградбата на гасовод е правилна одлука.

Според резултатите од анкетата, секој друг учесник во анкетата (50 проценти) проценува дека САД се главната закана за европските земји, додека 33 отсто од Германците ја виделе најголемата закана во Русија.

Грерманската анкета зборува дека влијанието на САД, која се наоѓа во економски и воен колапс, губејќи ја лидерска улога на светската политичка сцена, го губат влијанието и во Европа, европскте граѓани ја сметаат за поголема закана за безбедноста на Европа отколку Русија. На секој новинар аналитичар му е познато дека САД го изгуби приматот на воено поле од Русија, а на економско поле од Кина. Познато е дека многу земји членки на НАТО САД и Велика Британија не ги следаа во нивното „воведување на демократија“ во арапскиот свет….

ГЕРМАНСКАТА АНКЕТА УКАЖУВА НА БРЗ РАСПАД НА НАТО И ЕВРОПСКАТА УНИЈА…..

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20