Од Солун порачуваат нема да ги смениме таблите во Република Цеверна Македонија, поатаму ќе пишува Скопје…….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Управителот на областа Македонија во Грција, порано нерекувана Северна Грција, порачува дека нема да ги сменат таблите на кои пишувва “Скопје“, со табли „Република Северна Македонија“. Оваа информација ја донесува порталот https://rs.sputniknews.com/evropa/201902181118892208-severna-makedonija-table-solun/ . Порталот во текстот вели: „Управителот на Централна Македонија, грчка провинција, чиј центар е Солун, кажа дека на патиштата во тој дел од Грција нема да има промени таблчите на кои пишува Скопје.
Во интервју за грчката телевизија “Скај”, Апостолос Жизикостас, е преставник на опозициската Нова демократија, рече дека нема да го користи името Северна Македонија, бидејќи “земјата беше и секогаш ќе биде Скопје” за него.
“Не постои начин на патот кој е во наша одговорност, или во нашата област, нема да постои табла на која ќе пишува” Северна Македонија”. Да бидам јасен, се додека јас сум на чело на оваа област на знаците кои упатуваат на северниот сосед, Скопје ќе пишува”, кажа Жизикостас.
На прашањето што треба да стори ако централните власти се под притисок за ова прашање, тој рече дека тој веќе покажал дека не се “не подлегнал на таков вид притисок”.
Споделете