АСТРОЛОГИЈА НА ИНДИЈАНЦИТЕ
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
21-ви декември-20-ти јануари
Месечина на обновувањето на Земјата
Амајлија-минерал: “Кварц” (планински кристал)
Родените под овој знак, ја имаат внатрешната ладнина на кварцот, којашто ги прави студени, резервирани и со не многу љубв кон нивните блиски. Тие треба да се обидат да бидат по малку поупорни, кога станува збор за заемни односи.
Амајлија-растение:”Бреза”
Индијанците ја искористиле кората на брезата и врз неа ги запишувале важните нешта, коишто ги предавале од поколение на поколение. Па, јасно е да се заклучи, дека, родените под овој знак се длабоко поврзани со традиционалните и семејните обичаи.
Амајлија животно”Снежна гуска”
Како што Снежните гуски емигрираат секоја година , така и родените под тој знак, чувствуваат потреба да го пуштат својот дух да лета слободно. Како свој амајлија, тие го сакаат друштвото на многу луѓе и им е извонредно тешко да се измолкнат сами од состојбата на дестабилизацијата. Како родители, бараат многу од децата и се знае, дека им наложуваат строга дисциплина.
Снежната гуска, се разбира добро со Бобарот, Кафеавата мечка, Пумата и Змијата.
21-ви јануар-20-ти фебруар
Месечина на прочистувањето
Амајлија-минерал: “Сребро”
Како и среброто, така и родените под овој знак им се многу скапи на оние коишто ги опкружуваат, затоа што родените под овој знак прекрасни пријатели се. Чувствуваат силни емоции, макар што понекогаш им е тешко да ги изразат своите најдлабоки чувства. Го претпочитаат интелектуалното пред сентименталното.
Амајлија – растение: “Трепетлика”
Кога дува ветар, лисјата на трепетликата ѕвонат. Имено, таа хармонија ги дарила родените во овој хороскопски знак со еластична, подвижна натура и со длабока чувствителност во односите со другите.
Амајлија животно: “Видра”
Видрата го поминува времето во јадење, спиење, препекување на Сонцето и играње. Аналогно на тоа и родените во овој знак се весели ги сакаат игрите со зборови и со идеи. Многу ретко се оптимистични. Тие се големи мечтатели , родители, коишто многу ги сакаат своите деца и многу се грижат за нив. Видрата се разбира е најдобра со Еленот, Гавранот, Соколот, Лосот, и Есетрата.
21-ви февруари – 20-ти март
Месечина на големите ветрови
Амајлија-минерал:”Тиркиз”
Како каменот, што ги карактеризира, родените во овој хороскопски знак, тие имаат потреба од луѓе, коишто ќе ги разбираат и следат, во разоткривањето на својата вредност. Затоа треба да се среќаваат со личности, коишто можат да им повлијаат уште повеќе, зашто нивниот карактер се променува под такво влијание.
Амајлија растение :”Живне”
Корените од живнето, коишто одат длабоко во земјата, треба да ги натераат родените во тој хороскопски знак да се замислат: потребни се солидни основи, за да се издигнеш високо во небото.
Амајлија животно:”Пума”
Пумата дозволува во територијата да £ навлезат, само луѓе, во коишто, таа има доверба. Родените во тој хороскопски знак имаат склоност да ги премолчат своите длабоки чувства. Често пати се артисти со таинствен, но и со тревожен акцент. Тие се многу чувствителни и лесно ранливи. Пумата најдобро се разбира со Зелениот колвач, Змијата, Дабарот, Снежната гуска и Кафеавата мечка.
21-ви март-20-ти април
Месечина на дрвата
Амајлија минерал: “Опал”
Опалот се поврзува со топлината и со оганот. Родените под тој знак ги сакаат положбите, коишто бараат голема умствена и физичка енергија. Но, како што тој камен се покрива со мов и лесно се крие , тие ризикуваат и да се сретнат со луѓе, коишто не се интересираат и не работат за својата причина.
Амајлија –растение:”Лавовски заб”
Индијанските доктори го користат за прочистување на организмот. Аналогно на тоа, родените во овој хороскопски знак имаат чисти срца и ги презираат манипулациите и нејасните ситуации. Прават с¡ што е можно, за да ги исчистат и изјаснат ситуациите, коишто им се предложуваат.
Амајлија- животно: “Сокол”
Соколот е роден ловец. Точно, како своја амајлија, родените под овој знак, секогаш бараат нови области за проучување. Тие имаат склоност наизменично да ги подредуваат моментите на бурна веселба со моментите на тишина и спокојство. Тие се родители ентузијасти, но понекогаш им недостасува трпение.
Соколот се разбира најдобро со Лосот, Есетрата, Еленот, Видрата и Гавранот.
21-ви април -20-ти мај
Месечина на завршувањето на жабите
Амајлија-минерал:”Хризолка”
Тој камен е прозрачен, како стакло, напротив, што личи на земја. Затоа може да се каже, дека родените под тој хороскопски знак се луѓе почетници, коишто на околината £ предаваат чувство за чистина, како тие на стаклото и спокојство, како тоа на земјата.
Амајлија- растение: “Див крем”
Тој е основна храна за Индијанците. Родените под тој хороскопски знак се чувствителни кон с¡ што е убаво и добро. Имаат способност да поткрепуваат луѓе и проекти во коишто веруваат.
Амајлија: животно- “Бобар”
Постојани, методични и пронаоѓачки, Бобарите сакаат мир, сигурност и се реализираат во работата. Малку се претпазливи, т.е. бобаритр не сакаат да ги товарат другите со своие проблеми. Бракот го сметаат за нешто многу сериозно, очекуваат партнерот, којшто го избрале да им биде засекогаш. Добри родители се, но жените често пати прават грешки и се оттуѓуваат од партнерот, така што ја порефрлаат целата своја љубов кон своите деца.
Бобарот се разбира добро со : Снежната гуска, Кафеавата мечка, Пумата, Зелениот колвач и Змијата.
21-ви мај – 20-ти јуни
Месечина на засадување на пченката
Амајлија: “Минерал Ахат”
Како каменот, што ги карактеризира родените под тој хороскопски знак, тие имаат природна дарба на доктори и можат да имаат голем талент речиси во секоја област. Сакаат да го разубават своето живеалиште и местото, што ги опкружува и често пати можат да изработат прекрасни нешта, дури и од најобични материјали.
Амајлија расрение: “Бела ајдучка трева”
Индијанците го искористуваат тоа растение, како тонизирачко средство. Родените во тој хороскопски знак се силни и знаат да бидат добри пријатели, при услов да не им досадувате многу. Навистина се зборлести и сакаат да влегуваат во контакт со секој.
Амајлија животно:”Елен”
Елените се чувствителни и интуитивни, секогаш се во плен на сопствените чувства, имаат потреба да биддат опкружени со убавина. Не се задоволуваат со една сентиментална врска и ризикуваат никогаш да не заземат едно единствено решение.
Еленот, најдобро се разбира со Гавранот, Видрата, Соколот, Есетрата, и Лососот.
21-ви јуни – 20-ти јули
Месечина на Сонцето
Амајлија минерал: “Карнеол”
Тој знак се поврзува со крвта и родените во тој хороскопски знак му оддаваат значење на с¡ што доаѓа од срцето. Како овој камен, што сорджи разни материи, така и припадниците на овој хороскопски знак имаат различни идеи и чувства.
Амајлија растение – “Дива роза (шипка)”
Шипката , чиишто цветови го исполнуваат со арома воздухот во текот на пролетта, им дава големо значење на родените во овој хороскопски знак на необична привлечност и таа привлечност им наметнува на тие со коишто се блиски овие луѓе, чувството за убавина и расположение во душата.
Амајлија – животно: “Зелен колвач”
Родените под тој хороскопски знак, постојано имаат потреба да се извинуваат и да стекнуваат нови пријателства .Обожаваат да си направат удобно гнездо , но му се радуваат, единствено, ако тоа гнездо го поделат со луѓето, коишто ги сакаат. Како и Зелениот ковач и родените во овој хороскопски знак, умеат да бидат добри со своите деца, но понекогаш им е тешко да си дозволат нивните деца да го напуштат домашното гнездо (семејството, каде што се родени).
Зелениот ковач се разбира најдобро со Снежната гуска, Бобарот, Пумата и Змијата.
21-ви јули-20-ти август
Месечина на зрелите плодови
Амајлија – Минерал:”Гранит”
Гранатот симболизира сила, силни и лути емоции. Родените под тој хороскопски знак, знаат многу да сакаат, великодушни се. Нивната голема чувствителност ги поттикнува да прават и да кажуваат нешта, коишто проникнуваат длабоко во срцата на нивните пријатели и непријатели.
Амајлија растение: “Малина”
Луѓето, коишто се родени во овој хороскопски знак на прв поглед, можат да изгледаат агресивни, но бодликавата маска е само начин да си го зачуваат своето нежно срце. Други, напротив тие предаваат екстравагантна и топла слика и ги покажуваат своите боцки само на втор план.
Амајлија животно:”Есетра”
Симболот на внатрешната сила на таа амајлија ги дарува родените под тој хороскопски знак со енергија, радост и со особено задоволство., Тие своите чувства ги испразнуваат врз другите. Понекогаш се дразнат од границите, што им ги одредуваат родителите во која област да се реализираат, особено што се однесува до социјалната и професионалната изјава.
Есетрите најдобро се разбираат со:Соколот , Еленот, Видрата, Гавранот и со Лосот.
21-ви август -20-ти септември
Месечина на прибирањето на реколтата
Амајлија минерал : “Аметист”
Аметистот е со пурпурна или со вилетова боја и се сметета за симбол на праведноста . Како своја амајлија родените во овој хороскопски знак, ја имаат способноста да ги преценуваат луѓето и нештата и имаат способност да бидат пријатели и бесценети сопружници. Тие ја имаат власта да се чуваат себеси и да ги чуваат другите од било какви опасности, што можат да ги демнат.
Амајлија растение: “Виолетка”
Како и својата боја, родените под овој хороскопски знак, создаваат впечаток за студеност, којашто многу често крие напротив длабоки и многу нежни чувства. Нивната изјава, ни најмалку не е експанзивна, туку навистина е ретка и повторно ги прави поцврсти.
Амајлија – животно Кафеава мечка
Луѓето, коишто се родени во овој хороскопски знак, се луѓе, коишто владеат, мудри се и надарени со организаторско чувство . Имаат потреба од извесно време, што им е потребно за да го восприемат новото од која и да е област.
Кафеавата мечка најдобро се согласува со Бобарот, Снежната гуска, Зелениот колвач, Змијата и со Пумата.
21 септември – 20 октомври
Месечина на полетот на птиците
Амајлија – минерал: “Дисапор”
Тој камен има својство да ја прима сончевата светлина, а потоа да ја одразува. На припадниците на овој хороскопски знак им придва мил карактер и суштинска заинтересираност за среќата од другите луѓе. Но, припадниците на овој хороскопски знак можат да западнат во депресија, ако не успеат да ја пронајдат смислата и целта на својат живот.
Амајлија –растение: “Тис”
Тоа растение уште се нарекува “кадифени листови” или “волнена покривка”. Родените во тој хороскопски знак, можат да бидат денес бодликави всушност, како волна а утре меки, како кадифе.
Амајлија –животно:”Гавран”
Гавраните претпочитаат да се обединуваат во групи, за да имаат поголема сигурност. Постигнуваат стабилност на своите чувства и во професијата, само кога ќе успеат да направат куќа, којашто им одговара на нивниот статус. Тие се многу посакувани родители.
Гавранот најдобро се согласува со Видрата, Еленот, Соколот, Есетрата и со Лососот.
21-ви октомври-20-ти ноември
Месечина на студот
Амајлија минерал: “Малахит”
Тој камен изгледа нешто слично на свила и стакло. Слично на својата амајлија, родените во овој хороскопски знак се еластични и во состојба се да направат с¡, за да ја променат својата положба во насока во којашто сакаат да влезат, било во позитивна, било тоа да е во негативна насока.
Амајлија –растение :”Магарешки трн”
Како своја амајлија, родените во овој хороскопски знак, понекогаш испуштаат великодушна можност, само затоа што го вадат осилото и го забодуваат во секој , во којшто ќе ги засегне. По природа се многу добри, макар, што сите не успеваат да им се доближат доволно на другите , за да можат да ги оценат.
Амајлија –животно:”Змија”
Змијата е почитувана, заради способноста си ја смени кожата. Во животот на родените во овој хороскопски знак се наложуваат промени, коишто тие треба да ги направат. Најчесто тоа се промени на идеи и чувства, како што змијата, треба да се раздели од старата кожа, за да може да влезе во новата. Многу се загрижени за личниот живот, можат да ги предадат уздите во рацете на своите деца и пред тие да ги достигнат возраста и годините, за да ги разберат.
Змијата се разбира најдобро со Пумата, Зелениот колвач, Снежната гуска , Кафеавата мечка и со Бобарот.
21-ви ноември-20-ти декември
Месечина на вечните снегови
Амајлија –минерал :”Обсидиан”
Тоа е камен тврд, и остар, како брич. Родените под овој хороскопски знак, можат да бидат, многу остри, кога некои луѓе ќе ги излажат. Многу е тешко да им се влијае и затоа тие најчесто ги следат целите, коишто сметаат дека им се најкорисни.
Амајлија –растение :”Бор”
Како дрвото бор , така и родените во овој хороскопски знак, знаат да бидат и нежни и тврди истовремено. Таа сила им дозволува да ги водат другите по патот, што нив многу им се допаѓа. Сакаат да раководат, да добиваат и не се уморуваат да се борат, за тоа што им се чини несправедливо.
Амајлија – животно “Лос”
Надарени со проникнувачки дух, тие со леснотија го асимилираат с¡то она, што го гледаат и слушаат. Независно од тоа, што тие многу сакаат, пројавуваат подцртана склоност да бидат резервирани и молчеливи по однос на сопствените длабоки чувства. Мајката Лос знае да ги препушти уздите во рацете на своите деца заедно со текот на нивното растење.
Лосот најдобро се разбира со Соколот , Есетрата, Видрата, Гавранот и со Еленот.
Споделете