ПРОМЕНА НА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА –

ЗАПАДОТ ПОСТОЈАНО ГО ПРАВИ СО ВЕКОВИ!

ПО ПРОПАСТА НА „ВИЗАНТИЈА“,

ПРВ ПАТ ЈА НЕРЕКУВА ГЕРМАНСКИ ЧАУЧНИК,

ДРЖАВА СО ИМЕ ВИЗАНТИЈА,

НИКОГАШ НЕ ПОСТОЕЛА –

ТОА Е ВТОРОТО МАКЕДОНСКО ЦАРСТВО!

 

Подготвил: Илија Бошков – Крајнички

 

Драги пријатели, внимателно прочитајте го текстот, хронолшки е дадено, од кога Западот се обидува да го смени името Македоија!

Прв пат името Македонија е променето во 16 век, поточно 1557 година, кога по нарачка на (Англија, Франција, Германија), од страна на германскиот историчар-библиотекар Херонимус Волф (13 август 1516 – 8 октомври 1580) е измислен популарниот термин “Византија” или “Византиска империја”, кој се базира на името на живеалиштето-населба Визант на чиишто остатоци 330 година била изградена метрополата Константинопол “Град на Костадин”, и го воведува системот на византиска историографија, кој станал стандард во делата на средновековната историја, во замена на името Македонија-Македонска империја. Ниту царот Костадин Велики, ниту неговите наследници за време на 11,5 вековното постоење и нивно владеење од 306 до 1453 година, никогаш империјата не ја нарекувале и не го користеле терминот “Византиска империја”, туку само Македонија-Македонска империја.

Херонимус Волф бил под влијание на лутеранското учење и протестантизмот. Најпознат е по воведувањето на систем на византиска историографија, кој станал стандард во делата на средновековната историја. До неговото време, односно дела, не била направена никаква разлика меѓу античките и средновековните дела. Од својата работа во 1557 година го објавил своето дело под наслов “Корпус историја Византине”. Влијанието на неговата работа на долг рок било масовно-големо, бидејќи ќе ги постави темелите за претстојните средновековни истории. Неговото упатување на “Византија” оттогаш се шири преку западноевропските научници и постепено го заменува името Македонија, како што го употребуваат до ден денес со Источно римско царство со терминот византиски, за да се означи средновековната литература како грчка од Источното римско царство. Оваа замена ја одразува расправата меѓу истокот и западот над титулата на царот на Рим (Западот) над титулата на царот на Констанинопол, односно Македонија.

Во почетокот на 17 век, кралот Луј ЏИВ од Франција поттикнал собирање на сите “византиски” дела и повикал неколку реномирани научници од целиот свет да учествуваат во проектот за популаризирање на терминот “Византиска империја”, каде како основа се користи и надградува делото на Херонимус Волф “Корпус историја Византине”. Резултатот на проектот бил огромен, напишани се 34 тома “Корпус историја Византине”, кое издание уште повеќе го популаризира терминот “Византиска империја” и го воспоставува во историски студии, што се користи и ден денес (термин што никогаш не се користел од Македонската империја, поточно Второто Македонско царство што го создал Костадин, за време на вековите на неговото постоење од 306 година до 1453 кога Костадинопол паднал под Османлиска царство кое ќе трае до Балканските војни 1912/13 година.

Од постоењето на Македонското царство на Филип ИИ (Таткото) и Александар ИИИ (Синот) Македонски, кое паѓа под Римско владение од 146 година пред Христа, и на просторите на Македонскиот полуостров (денешен Балкан) опстојувало-владеело некаде до 220-235 година по Христа, поточно на македонските простори завршува со владеењето на династијата Севери (Септиум Север кој владеел од 193-211 и синовите Каракала и Гета како заеднички владари 211-217 година) и Александар Север од 218-235 чија смрт означува пропаст на династијата Севери и период на криза, позната како криза на третиот век, во која Римското царство дошло на раб на пропаст, и повеќе административно не владее и не постои на просторот на македонскиот полуостров, денешен Балкан и пошироко.

Во 306 година започнува новосоздаденото Божјото, Второто Македонско царство од Костадин Велики кој рисјанството-христијанството го воведува како државна религија (симбол на тоа е двоглавиот орел кој го означува еднинството на државата и црквата) и за цело време на постоење на тоа царство се до падот на Костадинопол-Цариград во 1453 година, владееле македонски династии (последен бил Костадин ЏИ Палеолог), а после тоа на македонските простори завладува Османлиското царство, кога и Христијанството-Православието паѓа под Отоманска власт, се до Балканските војни 1912/13 година, кога за затворање на македонското прашање, односно непостоење на Македонија, е одржан Букурешкиот договор . Други царства на овие простори не се познати, не постоеле.

За време на Отоманската империја некаде во 1800 година, Русија настојува на јонските острови да создади православна Јонска држава.

Јонската Република не е прифатена од Англија и Франција, плашејќи се од Русија и нејзиниот православен карактер, како и сличноста и традицијата на народот кој живеел на овие простори. За таа цел Англија со помош на мисионерите од Римокатоличката црква отпочнала востание кај месноста наречена Месолонги (1822-1828) предводено од Лорд Бајрон, кое кулминира во создавање на грчка држава (Грција (Гриц), Елада) во 1832 година, на македонски територии, за прв пат во историјата, чие постоење е под доминација на Англија.

          За новата држава Грција потребно било да се напиши историја. За таа цел бил ангажиран германскиот историчар-библиотекар Јохан Дројзен (6 јули 1808-19 јуни 1884), кој во 1833 година со својата работа Историја на Александар Велики веќе бил во прво рангираните историчари на своето време. Тој го создал терминот  “хеленизам, “хеленистички, за да се осврне на периодот меѓу освојувањата на Александар и појавата на Римската империја, за да ја означи епохата-времето меѓу Александар и Клеопатра, како грчка. Ново и ревидирано издание на целата работа била објавена во 1885 година и преведено на француски јазик.  Дројзен бил еден од првите историчари што верувале дека  трите века по Александар не треба да се сватат како период на опаѓање, и верувал дека настапиле случувања без кои христијанството не би било можно.

Фанариотското движењето за создавање независна држава Грција, како и превземање на влијанието врз Цариград со помош на Русија, Франција и Англија, номинално успеало, но секогаш под контрола на Отоманскиот султан со согласност на Англија и Франција, која состојба продолжува и е присутна до денес.

Ваквото фанариотско влијание од Цариград (како инструмент на Англија и Франција) по пат на притисок и наметнатиот латински религиозен карактер во Православието на овие простори придонесе до промена на Православниот “Византиско”-Македонски дух на Балканот. Вака наметнатиот латински карактер преку Цариград продолжува да има влијание и кај другите Православни цркви, до ден денес.

Руската поддршка на ова фанариотско движење успева номинално (привидно) преку православието, да создаде Јонска Република (Адмирал Ушаков), чие постоење беше кратко затоа што беше угушена од Англија (Лорд Мајтланд, Лорд Бајрон – Месолонги) и Франција (Филхелинес-Филхелинистичко движење), кои фактички ја превземаат доминацијата врз истото.

Со ваквиот развој на настаните Англија и Франција успеале да го минимизираат Руското влијание при создавањето на денешна Грција, како и влијанието врз Цариград, со што Русија како православна држава, беше и е манипулирана до денес.

Од времето на фанариотското превземање на Цариградската Патријаршија до денес, така-наречениот Вселенски Патријарх е секогаш Грк (Латин) и секогаш поставен од Англија и Франција.

Значи, како архитекти на фанариотското движење и создавањето на грчката држава Англија и Франција успеаја по пат на лукавство (измама), да ги присвојат и Македонските (“Византиските”) симболи, кои симболи ги користат и Русите, како и Србите, Црногорците и Шиптарите (Албанците), препорачани од Франција и Англија, прикажувајќи ги како нивни.

Во 1877 година, Русија успеа во руско-турските војни да ја победи Отоманската империја, по трети пат во 19-ти век, чија војска дојде до Цариград, столицата на македонската религија рисјанството, односно Православието.

Заземањето на Цариград од страна на Русија во тоа време би значело преродба на мајката на рисјанството-православието, односно Македонија, чија преродба би била под покровителство на највлијателната-најбројната православна држава Русија.

За да не се случи тоа, западноевропските сили (Англија, Франција, Германија, Австроунгарија) под итно го измислија берлинскиот конгрес како идно решение за македонското прашање, Македонскиот полуостров-Балканот, односно Македониа, каде што на маса, со пенкало во еден ден беа креирани државите Бугарија, Србија и Романија, на сметка на Македонија на чија територија беа создадени овие држави, со цел да не се дозволи продор и се спречи руското политичко, воено и религиозно влијание, како и обновување и опстојување на македонска држава-Македонија.

Берлинскиот конгрес измислен и конструиран од Англија, Франција, Германија и Австроунгарија, донесе решение наместо овие католичко-протестански држави (Англија, Франција, Германија и Австроунгарија), директно да присуствуваат на овој македонски простор, а воено да не се судрад со православна Русија, ги измислија државите Бугарија, Србија и Романија, под изговор и оправдание дека создаваат православни држави, а преку кои индиректно го инсталираа своето влијание врз Македонските простори, насочено против можното влијание и присуство на Русија за доминација на овој простор, до ден денес.

Ново создадените држави станаа и се нивни инструменти и марионети (како и властите на денешна Република Македонија) преку кои за цело време од нивното создавање до денес, дејствуваат против опстојување на македонска држава и народ, попречување на руско влијание и против Православието, со цел наметнување на католицизмот во традиционалниот православен домејн, Македониа и Русија, под диктат на Лондон.

Со истата цел, претходно од страна на Англија и Франција во 1832 година,за прв пат во историјата беше создадена државата Грција (Гриц), Елада.

Постигнувајќи ја својата цел, на сметка на поранешното претендирање на руското влијание на овие простори кога Русија за време на Отоманската империја настојува да создади православна Јонска држава, католичко-протестантските држави Англија, Франција и Германија не дозволија создавање и опстојување на оваа држава.

На Берлинскиот конгрес за прв пат се нашол и меморандум на Призренската лига со кој од големите сили се бара признавање на национален идентитет (на шиптарите Албанците) и автономија внатре во Турското царство .

Истото се случи и со православниот центар Цариград кога Отоманската империја беше конечно уништена, со помош на Англија остана под јуриздикција на Турција, иако требаше да биде дел од Балканот, односно Македониа.

Мора да се нагласи, дека треба многу да се внимава во сегашните односи со Соединетите Американски држави кои од секогаш, и денес се продолжена рака на Лондон, како и Франција како нивни традиционален партнер во борбата против православието, во поранешните векови-Македонија, а сега Русија, во борбата за ослабување на македонската религија-православието и православната црква, посебно мајката на православните цркви-македонската.

Значи, со создавањето на Грција како држава се одзема еден дел од територијата на Македонијаи и се повлијае на ослабување на османлиското царство на Македонскиот полуостров. Со Берлинскиот конгрес на територијата на Македонија се создадоа нови држави, меѓутоа во рамки на Османлиското царство остана голем дел од етничката територија на Македонија.

За да не се овозможи обновување на ново Македонско царство, нова држава Македонија се погрижија големите сили, посебно Англија, Франција, Австро-Унгарија, Германија  и на Лондонската конференција во 1913 година, ја создаваат државата Албанија, со што е одземен уште еден дел од територијата на Македонија. За да се одземат останатите делови од територијата на Македонија, ново создадените марионетски држави на Брлинскиот конгрес, под покровителство на своите ментори ги започнаа Балканските војни што кулминираа со Букурешкиот договор за поделба на Македонија и затворање на македонското прашање и постоење, односно не постоење на Македонија и Македонски народ.

Незадоволни од поделбата на територии и создавањето нови граници, истите тие (Англија, Франција, Австро-Унгарија, Германија) ја започнаа првата светска војна и го направија (обележаа) големиот Македонски фронт долж по линијата на денешната граница на Република Македонија со денешна Грција и долж границата со денешна Бугарија до Едрење каде донесоаинсталираа над 2.000.000. војници за да овозможат на нивното чедо Грција да присвои над 51% од македонската територија и на “демократски” начин управува со Македонија, за која Херонимус Волф во 16 и Дројзен во 19 век напишаа историја, и ја наметнаа да се изучува до ден денес.

Изморени од вековните војувања против Македонија, решаваат да ја завршат првата светска војна со капитулација на Германија на 11.11.1918 година, после која се распаѓаат четири големи царства и настануваат нови држави, нови граници, нови односи потврдени со Версајската мировна конференција (1919-1920), кои се нарекуваат версајски поредок, а е предложено и основање-формирање на Лигата на народите, денешниите Обединети нации.

Со Версајската конверенција создаден е нов систем на меѓународни односи и преуредување на Европа и светот. Меѓу другото, за да се затвори прашањето Македонија на оваа конференција, меѓу другите формирана е и нова држава наречена Кралство на србите, хрватите и словенците. Македонија повеќе да не се споменува, не постои!!! Поради голема воена, економска и финансиска истоштеност, како и голем број жртви, договорено е во наредните 40 години да престанат секакви поделби и нарушувања на договорените граници на конференцијата.

Меѓутоа, појавата на големата криза 1929, партијата на Хитлер и превземањето на власта во Германија, точно после 20 години  (не поминале 40 години како што се договориле) од Версајската конференција, започнува Втората светска војна која исто така е многу исцрпувачка и завршува со нов договор и нови граници на државите, договорот од Јалта на Крим 1945 година, каде се состанале највисоките претставници на Русија, САД и Англија. Исто така договорено е наредните 40 години да нема војни и менување на границите на државите.

И на оваа Конференција македонското прашање останува нерешено, создадена е нова држава Југославија (наводно држава на јужните словени),сметајќи на познатите методи и притисоци дека ќе се формира нова нација Југословени, при што ќе нестанат, нема да постојат нациите и народите од кои е создадена Југославија, посебно македонскиот народ, македонската нација, без разлика на внатре дадените права. За време на владеењето на системот во Југославија најмногу страдаа кадрите кои се бореа за национлните права на својот народ, што е присутно и до ден денес, под притисок на големите сили од западот (САД, Франција, Германија) на чело со Англија, посебно Македонците во Македонија, како што е и моменталната состојба во денешна Република Македонија, со цел да се збрише постоењето на Македонија и Македонски народ и Македонска Православна црква.

Договорот од Јалта ги издржа договорените 40 години на неменување на границите на државите до 1985 година. Во 1980 година Југословенскиот претседател Тито умира, кога посебно се зголемува политичката криза предизвикана, посебно од западните сили за распад на Југословенскиот политички систем и преземање на доминантна улога на НАТО и ЕУ во однос на источниот блок, со разгорување на внатрешна национална омраза меѓу народите кои ја сочинуваа Југославија, преку создавање нови национални држави со марионетски влади преку кои индиректно успеваат да доминираат на просторот на денешен Балкан, меѓу кои и во Македонија.

Со возобновување на Македонска држава со референдумот од 1991 година, повторно пред големите сили од западот му се отвори македонското прашање, постоењето на македонски народ и држава против која се борат неколку илјади години, знаејќи ја историската вистина за Македонија, македонскиот народ и Македонска православна религија, како основа на цивилизацијата, кога оние кои сакаат да ја снема (Англија, САД, Франција, Германија) не постоеле како држави, како народ. Затоа по секоја цена сакаат да ја нема, да не постои Македонија, Македонски народ и нација, ниту Македонска православна црква која е мајка на Православието уште од Александар и Аристотел, од Христа, Костадин Велики, до ден денес.

Сакаат да ја нема за да можат историјата и доблестите на Македонија и Македонскиот народ си ги припишат на себе, затоа што немаат историја, како што рече еден Македонец од Пиринска Македонија, цитирам “имаат историја колку една бочва од Родопите”.

 

 

 

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20