Генералот Ангелов (видео) капитулираше пред новинарот Ефтов…. Ефтов излезе посилен од кирамидата…….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Драги пријатели, не можев да се начудам гледајќи го интервијуто на генералот Сојанче Ангелов во емисија „во центар“ на колегата Васко Ефтов. Досега немам видено, новинар така со соговорникот да го избрише подот. Својот соговорник Сојанче Ангелов во толку контрадикторности го фати, со што може да конкурира за гинис. Интересен беше делот кога вели дека е воен инвалид и не можел да се тепа. Оваа негова изјава беше по тврдењето на новинарот Васко Ефтов дека бил исфрлен во Тетотово од кафиќ. Како новинар аналитичар, се прашувам ако воен инвалид можеше да биде платен војник во Ирак. Второ, многу интересн беше неговиот настап во рекламите за референдумот, кога на видео порака со глава кршеше „војниот инвалид“ керамида. Но, најинтересно му е изјавата која ја дава пред да ја скрши керамидата. Го цитира татко му „Татко ми ми викаше, сине најсилно оружје против непријателот е главата“. По се изгледа погрешно го разбрал, во главата постои дел, кој го нарекуваат мозок, значи мозокот треба да биде главно оружје во совладување на непријателот, по добро смислена тактика. Не верувам дека татко му мислел со глава да може да крши керамиди.
Како новинар аналитичар, личност сум која служеше воен рок веднаш по смртта на Јосип Брпз Тито 1980 година. Не собраа набрзина како меѓу класа „августовска“. Прво заминавме во Сомбор на пешадијска обука и обука на апарати за врска. Како еден од најдобрите во класата со неколкумина не прекомандуваа на Бањица (плвец бев) каде беше команданта на РВ и ПВО на поранешна Југославија. Бањица беше комнда за врска, каде имаше две војни пошти: на релејци (каде и јас бев) и телефонисти. Од овие причини познато ми е како старешните добиваа чинови. Зошто ово ви го кажувам – се прашувам како станал генерал?
Сојанче Ангелов во емисијата во емисијата вели дека во Арачиново бил капетан. Како што ми е познато, за да се напредува од капетан понатаму следуваат: Капетан прва класа, мајор, потполковник, полковник, па генерал. За сите овие чинови се водат вежби и се полага.
Најинтерсно е што вели тежок воен инвалид и е не може да се тепа, а беше во Ирак, на сабајле оди прво на тренинг –повеќе од трагикомично.
ВИ ПРЕДЛАГАМ ВНИМАТЕЛНО ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ИНТЕРВИЈУТО СО „ГЕНАРАЛОТ“. НАЈМАЛКУ СЕ ОЧЕКУВА КАПИТУЛАЦИЈА И ПРЕДАВСТВО НА ЗЕМЈАТА И НАРОДОТ ОД ГЕНЕРАЛ, ДА ЗАСТАНАВА ЗАД ПРЕИМЕНУВАЊЕ НА ДРЖАВАТА….
ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ, ТРЕБА дА ГО НАГРАДИ – НИКОЈ ДОСЕГА ТОЛКУ ЖЕСТОКО НЕ ГО БРАНЕЛ!!!!
Споделете