Професорката Тања Каракамишева јавно, индеректно повикува на бојкот на председателските избори, за да не се даде лигимитет на промената на името…..

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Порталот https://balkan.mk/2019/02/25/karakamisheva-novata-vlada-ke-mora-da-go-ponishti-dogovorot-od-prespa-i-onoj-so-bugarija/?fbclid=IwAR0eYivo9Mq8rteFyflOcItI_NovPTXZbLqHIFNRddeBJB7k-D6LOLSLcIk  во својот текст го пренесе статусот на професрката Тања Каракамишева, која во статусот индеректно го повикува маакедонскиот народ на бојкот на преседателските избори:

Статус на професорката Тања Каракамишева:

“Новата ВЛАСТ ќе мора да ги ПОНИШТИ Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија.

Тоа согласно Уставот и законите во земјата не може да го стори ниту еден претседател на државата. Ниту сегашниот, ниту кој било иден. Тоа може да го стори САМО УСТАВНИОТ СУД!

Ако идниот претседател на Северџанија НЕ МОЖЕ да направи ништо освен да се помири со судбината и да констатира дека се е неуставно и спротивно на меѓународното право ама што да се прави кога немам никаква надлежност да ги поништам штетните договори следи логично прашање ЗОШТО БИ ГЛАСАЛА за НИШТО?

Зошто да дадам глас за институција која реално не може да ги промени состојбите на терен, а од друга страна со самото излегување на избори ние граѓаните го потврдуваме легитимитетот на новата Франкенштајн творба за која не дадовме наша согласност на референдумот на 30.9.2018 година?

Им требаме само да удриме народен печат на СЕВЕРЏАНИЈА ЈАСНО КАКО БЕЛ ДЕН!”

       Од статусот на професрката Тања Каракамишева, секој добар аналитичар може да извлече заклучок. Македонскиот народ треба да ги бојкотира председателските избори, да не прифаќа преседателски избори, кои не би се одржале заедно со предвремени парламетарни избори.

       Јас, лично како новинар аналитичар, гледајѓи ги кандидатите за председателски избори, потполно се согласувам со професорката. Лично, нема мојот глас да го добие ниту еден кандидат.

       Како новинар аналитичар, би сакал јавно да го прашам лидерот на ВМРО ДПМНЕ г-дин Христијан Мицковски „Чиј кандидат е професорката Гордана Силјановска Давкова?? Како што е познато на конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ беше изгласана за нивен „надпартијски кандидат – член беше на либералната партија“. Потоа лидерот на Вмро ДПМНЕ Христијан Мицковски, го пренесе жеден преку вода. Како го пренесе жеден преку вода? За еден ден, на повикот на лидерот на Вмро ДПМНЕ членовите на ВМРО ДПМНЕ се потпишаа за кандидатура на професрката Гордана Силјановска Давкова. Потписи за нејзина кандидатура, ако е председателски кандидат на ВМРО ДПМНЕ требаше да ја кандидира и да дадат потписи пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, не членовите. Втора интересна работа што професрката Гордана Силјановска Давкова својата кандидатура до државната изборна комисија ја поднесе со собраните потписи. Во случај на избор, може да се огради слободно од ВМРО ДПМНЕ како нивен кандидат, да се повика на собраните потписи од „граѓаните на ВМРО ДПМНЕ“,да каже дека победила како независен кандидат.

       Г-дине ХристијанМицковски, вклучете го дигитронот, ќе ви  даде резултат: дека ВМРО ДПМНЕ на овие избори нема председателски кандидат – професрката Гордана Силјановска Давкова со  собраните потписи е назависен кандидат, Поточно либералната патија може да се пофали дека има свој преседателски кандидат….

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20