Да ли Рама ги брои последните денови на власт? Тирана е под полицијска опсада, пратениците влегле во сообранието еден час порано, да не се сретнат со демонстрантите…

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува. Илија Бошков – Крајнички

Во соседна Албанија ситуацијата, особено во Тирана, ситуацијата не се смирува. Полицијата се обидува да ја превземе контролата, Тирана буквално е под  полицијска опсада. Пратениците на закажаната седница во парламентот дошле еден час порано, за да не се сретнат, поточно да не судрат со демонтрантите. За денес опозијата има закажано масовни протети.

           Медиумите јавуваат дека на граѓаните не им е дозволено слободно да се движат низ Тирана. Силни полицијски сили го блокирале влезот помеѓу уметничата галерија и министерството за внатрешни работи. Граѓаните се леитимираат, а на медиумите не им се дозволува да влезат во парламентот, особено да се сретнат со пратениците на владеачката социјалистичка партија.

           Да се потсетиме на изјавата на преседателот на Европскиот парламент Антонијо Тијани, кој даде изјава дека во Албанија е во тек граѓанска војна, дека Европската Унија и НАТО треба да реагираат. По досегашните мирни реакции на Европската Уија, на САД и НАТО, моите анализи зборуваат дека премиерот на соседна Албанија Еди Рама „татко на Тиранската платформа“ САД и Европската Унија го пуштиле низ вода, дека ги борои последните премиерски денови.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20