Да ли Турција се подготвува за војна со Грција, а за одбрана од САД? САД е во паника: Турција купува 4-ри девизии од рускиот ракетен систем С-400…..

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Деновиве турскиот председател Тајип Реџеп Ердоган им удри неколку шлаканици на САД. САД влезе во конфликт со втората најголема воена сила во НАТО (по број на војници) поради договорот што во 2017 година Турција го направи за купување на рускиот ракетен систем С-400. Во меѓувреме САД вршеше силен притисок да се откаже купопродажбата со Русија за ракетниот систем С-400. За замена го нудеше нивниот ракетен систем „патриот“. На тоа турскиот председател  ја побарал и техологијата, како и заедничко производство. На тоа од САД му рекле „клучот ќе биде кај нас“. Турскиот председател Тајип Реџеп Ердоган им одговори „Така не ќе може“! Тука треба да се напомене дека преварата која САД ја подготвуваше за Турција им ја откри Русија, поточно министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Да се потсетиме и за време на обидот за воен удар руските контраразнувачки служби му го спасија животот на турскиот председател Тајип Реџеп Ердоган, во спротивно увионот ќе му беше срушен.

Медиумите во САД и Велика Британија пишуваат дека се разнишани столбовите на НАТО, со купорпдажниот договор на Турција со Руската Федерација, за ракетниот систем С-400. Од таа причина склучениот договор за испорака на американските авиони Ф-35 САД ја запре испораката, од страв дека турските пилоти ќе и ги откријат тајните на Русија, но Турција веќе има добиено од овие авиони.

           Турскиот председател Тајип Реџеп Ердоган кажа „Неморално е да се раскинува договорот за ракетниот систем С-400 со Русија. Првата девизија од С-400 стасува во Јули, во октомври планираме да ги лоцираме сите 4-ри ракетни дивизии С-400. Во празговори сме со Руската Федерација и за нивниот најнов ракетен систем С-500“.

           Тука треба да се напомене дека деновиве се одржува и заедничка воена вежба на руската и турската морнарица во Црното Море.

           Во многу мои текстови и анализи уште пред неколку години кажав, дека Турција прва ќе го напушти НАТО, по што престои распад на НАТО. Ово го потврдува и одбивањето на Германската и француската морнарица да учествуваат заедно со морнарицата на САД во близината на Крим.

           Во далечната 1995 година во интервијуото, во списанието „Македонско Сонце“ во бр 37 од 03.03.1995 година, каде го предвидов атентатот на покојниот председател Киро Глигоров, јасно укажав дека војниот конфликт на Балканот ќе започне со војна меѓу Турција и Грција, ќе дојде до распад на Грција. Купувањето на ракетните системи С-400 и евентуално С-500 на Турција им требат за евентуален обид на САД да не можат да се вмешат во конфликтот, да застанат на страна Грција. Не е исклучено конфликтната ситуација помеѓу САД и Турција годинава да се зголемува, што ќе доведе до затворањење на американската база „Инџирлик“ во Турција.

           Не е исклучено првата шлаканица годинава, што Турција ќе им удри на Грција и САД да биде не ратифукување на „Преспанскот договор“. Можно е и Унгарија да не го ратифукува по напнатата ситуација што во моментот ја имаат со ЕУ и САД околу емигрантската политика на Унгарија, кој одбива да ги прими емигранитите, како и поради рускиот гасовод „Јужен тек“ и кинеската пруга „патот на свилата“. На двата проекти крајна цел е Будимпешта, што за унгарската економија многу ќе значи.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20