Ученикот падна на испит пред професорката (видео), му одржа лекцци од испуштените часови, на кои не присуствал….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Чепкајќи по интернет ноќеска налетав на гостувањето на професорката Гордана Силјановска Давкова во емисијата „360 степени“ на „Асалт телевизија“. Внимателно и аналитички ја погледнав емисијата, особено дека новинарот (кој е по вакација правник – значи хаусмојтор во новинарството) Васко Попетровски бил студент на председателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова. По интервијуто што се водеше професинален новинар и аналитичар веднаш ќе забележи дека водителот не ја познава новинарската азбука – како реков ваквите новинари ги нарекувам „хаус мајстори“ во новбинарството или приучени (Миленко Неделчковски, Мирка Велиновска, не е исклучен и Васко Ефтов). Зошто велам дека новинарот што го водеше интервијото Васко Попетревски не ја познава новинарската азбука. Основно правило е новинарот да постави птрашање, ако не е задоволен со одговорот да постави потпрашање. Не дозволива е дебата со гостинот или изведување заклучок и коментари – тоа се остава на гледачот. За ово го опомена и самиот гостин професорката Гордана Силјановска Давкова. Од правна гледна точка го прагази, индеректно му даде на знаење дека не бил на сите нејзини часови. Но, да го оставам новинарот Васко Поптровски на страна.
Внимателно го анализирав кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова. Интересна беше нејзината изјава дека буквално од ВМРО ДПМНЕ и понудиле да се пријави на конвенцијата, што зборува дека самата конвенција за избор на преседателски кандидат била фарса. Втора работа јавно се огради од партијска политика и програма на ВМРО ДПМНЕ како Народна Христијанска Партија. Во емисијата се спомна дека била министер без ресор во владата на Бранко Црвенковски, а за тоа време дека нејзџиниот сопруг добил дозвола за отварање на Фришопви, за дозволите бил задолжен, како што разбрав Љубомир Фрчковски.
Многу симптоматично ми падна една работа. Кога ќе отворете викепендија пишува дека е родена во Охрид. Но, од новинарски извори дознав дека потекнува од Кичево. Но, многу ме зачуди кога кажа во емисијата дека нејзиниот дедо и прадедо се дојдени од егејскиот дел на Македонија. Само за пример: поранешниот премиер Никола Груевски исто има егејско, но влашко отекло. Сегашниот премиер Зоран Заев има егејско влашко потекло – дојдени се од Кукуш. Прредседателот на државата Ѓоре Иванов исто има егејско потекло, по мајка влашко. Добро е познато дека многумина што се дојдени од егејскиот дел на Македонија по балканските војни или по граѓанска војна во Грција, во 1948 година не се етнички македонци власи се, а се преставуваат како македонци, со македонски имиња и презимиња. Немам ништо против власите или влашката заедница. Но, не можам да почитувам личност, кој не си ги почитува претците и корените, јазикот. Личност кој за кариера подготвен е да си ги згази корените. Јас, лично луѓето никогаш не сум ги делел по етничка, религијска или партијска основа. Секогаш ги делам на луѓе и не луѓе. Но, не почитувам личност која сама не се почитува и не ги почитува своите корени – која се срами од себе и од своите претци. За мене секој кој е лојален на државата, кој го почитува нејзиниот суверинетет не ми пречи да е на висока функција. Но, за жал влашката заедница не покажа лојалност во Македонија, како што во Албанија се поголеми албанци од албанците, во Грција поголеми грци од грците.
Сепак, кога се во прашање власите во Македонија, мора да напоменам, поранешниот премиер Никола Груевски, кој е чист етнички влав, покажа патриотиџзам и поголемМакедонец излезе од многу етнички македонци. Не го смени уставно име, ги испочитува и изгради антички македонски споменици.
Но, исто така, мора да признам, до него имав 5 преставки, 2 беа за прием, поради мојата тешка состојба во која се наоѓав, но не ми прими. Но, тоа не ми пречи да кажам дека беше лојален граѓанинин на Република Македонија и добар економист. Никогаш не мешам баби со жаби – црното е црно за мене, белото е бело.
Споделете